Friday, June 17, 2011

Хефестион



Хефестион околу 356.п.н.е. - 324.п.н.е., син на Аминтор, бил македонски благородник и генерал во војската на Александар Македонски.
Тој бил „далеку најдраг пријател на владетелот, израснат со Александар, и ги знаел сите негови тајни.“ Ова нивно пријателство траело во текот на целиот нивен живот, а според голем број извори, Хефестион бил единствената вистинска љубов на Александар.
Воената кариера на Хефестион била успешна, а како член на гардата на Александар ја командувал и придружната коњица. Му биле доверени и многу други задачи во текот на десетгодишното војување во Азија, вклучувајќи и дипломатски мисии, премостување на реки, опсади, и основање на нови населби. Покрај тоа што бил војник, инженер и дипломат, Хефестион активно се допишувал со Аристотел и со Ксенократ, и го поддржувал Александар во обидите да ги интегрира Македонците и Персијците. Александар и формално го поставил за втор по ранг кога го назначил за Хилијарх (поголем воен заповедник).
Кога Хефестион ненадејно умрел во Екбатана (денешен Иран) во есента 324.п.н.е. Се претпоставува дека причина за смртта била некоја заразна болест, но можеби и труење. Александар бил скршен од тага поради смртта на неговиот пријател. Тој побарал од пророчиштето во Шива да му доделат на Хефестион божествен статус. Кога и самиот умрел 8 месеци подоцна, Александар сеуште планирал каков траен споменик да изгради во сеќавање на саканиот Хефестион.
Точната дата на раѓање на Хефестион не се знае .Многу исто временици зборувале дека биле врсници со Александар.343 година п.н.е. бил трасфериран во македонскиот двор каде се запознал со Александар.Учел заедно со Александар кај Аристотел ма не се знае со сигурност дека бил и тој на часови во Миеза. Се вели дека е најдена пошта меѓу Хефестион и Аристотел ма денес тие писма веќе ги нема. Неколку години подоцна Хефестион бил во заборав бидејќи неколку пријатели на Александар биле пратени во прогонство поради судирот со Пиходар .Меѓу овие прогонети од Филип Аридеј, биле Птолемј, Неаркo, Харпал, Еригоj и Лаомедон.Мотивот бидејќи го нема во таа листа е дека тие биле постари пријатели на Алексадар од по стара дата.Еригоj имал 24 години бил постар од принцот Александар.Хефестион бил врсник на Алксандар.
Првата битка на Хефестион била против Траките , додека Александар бил Регент ,предводен од Филип ВТОРИ на Дунав 342 п.н.е. и битката на Херонеја 338 . Кога бил малед не бил спомнуван но по таa битката на Дунав бил спомнуван се додека не умрел .На почетокот бил ангажиран и во важни дипломатски мисии ,некугаш и текнички.Првата е после битката на ИС 333 г.п.н.е . Кога Александар заземајки го Сидон ,Хефестион бил назначен да одбере гувернатор на таа територија.Хефестион послушал еден локален совет и земал некој благородник од кралската персиска фамилија ма кој бил многу поштен по име Абдалоним , кој имал многу добра идна кариера . после 332 Александар го ставил како командант на неговата флота ,кој имал за задача да го прати од море во Газа . Задачата не била лесна бидејќи флотата билa составена од разни народи.Во Газа при опсадата требало да се истоварат машините за опcада ,ма теренот бил многу тежок .
Плутарх пишува:
Во тој момент Александар добил вести од Атина дека атињаните и спартанците се кренале на бунт , Александар му напишал за тоа .Така Хефестион бил пратен да изврши една извидница .Хефестион се сретнал со Аристо да договори мир меѓу Александар и Демостен и спартанскиот крал Агис 3-ти .Тие биле добро наклонети за оваа идеа и времено Хефестион ги спасил македонските интереси . Се вели дека Хефестион ја предводел македонската фаланга во Египед и направил еден мост на реката Еуфрат . Иако бил надгледуван од другата страна од Мазае кој бил назначен од Дариј .Мазае ја командувал персиската вoјска од десно во битката на Галгамела ,а подоцна станал и Александров гувернатор на Вавилон .
Во битката на Галгамела Хефестион бил командант на телохранителите на Александар , кој не била владетелска единица ма БИЛЕ ЗАДОЛЖЕНИ ДА ГО ШТИТАТ ВЛАДЕТЕЛОТ ВО БИТКА .До тоа време бил задолжен Kлито .Во таа битка Хефестион бил ранет од една стрела во раката.После битката го подражал Александар во помирувањето со персијците .
Една вечер во Вавилон Александар забележал како една персиска благородничка која била принудена да игра . Друѓиот ден Александар наредил на Хефестион да сите затвореници ,персиски благородници бидат донесени во владетелските одаи и лично тој Хефестион да се увери во тоа .
Хефестион , Kратер и Коен го мачеле Филота кога тиј се обидел да го отруе Александар.После егзекуцијата на Филота 330 година п.н.е. ,Хефестион бил назначен за командант на коњаницта заедно со Клито, претходна задача на Филота. Со тоа и ги променил старите навики и почнал да употребува и нови воени тактики како што се против Скитите . 328 г.п.н.е. co војската го нападнале Балкх во пет колони меѓу кањоните и реките на Тенаи и Оху заземајќи ја Согдиана.Хефетион наредил на една колона да направи и град во Мараканда .Во пролета 327 г.п.н.е. војската во Индија се разделила, едната со Александар на север а другата со Хефестион и Пердика на кај преминот Кајбер . Tеренот не бил познт па биле и дадени наредби според теренот.Многу често во Авганистан силите на Александар се делеле,една е и кога Александар дал наредба да Хефестион заедно со Кратер со една силна единица да ги потчини бактријските бунтовници .Александар го одбрал Хефестион будејќи уживал голенм доверба во него а тој без приговор извршувал се .Кога стигнале на Инд му било наредено за 30 дена да направи лотки со кој ќе ја поминат реката,Хефестион ги направил пет дена порано.

Во битката на Инд 326 , Хефестион водел еден добар дел од македонската коњаница .
А на враќањето му била доделена половината од војската од кoj елитна војска и 200 слона. Дел од војската меѓу кој и Александар патувале во бродови кои биле направени под команда на Хефестион.По патот Александар бил ранет во борба со едно племе И тука должноста за ред и мир ја зел Хефестион.Таму го организирал и правењето на флота ,пристасниште и една тврдина во Патала. Хефестион бил командант во Патала а Александар продолжил.Кога му се приклучил во Рхамбахија проектирал еден град во таа зона .
Хефестион ја поминал Гедрозиската пустина заедо со Александар споделуваќи ги маките . Во Суза бил одликуван за вредност за тоа и станал ЗАМЕНИК НА АЛЕКСАНДАР ВО БИТКА .
Александар имал многу пријатели ма од сите нај драг му бил Хефестион .
После битка та на Ис се вели дека ја поминале вечерта во шаторот на Дариј заедно. Кога отишле да ја посетат заробената фамилијата на Дариј кралицата Сисигамбис по грешка клекнала да се моли на Хефестион за нејзините животи ,.. бидејќи бил по висок , а и двајцата биле млади и носеле скоро иста облека .Кога ја увидела грешката таа го замолила Aлександар да и прости ма , Александар рекол: '' НЕ СТЕ ПОГРЕШИЛЕ МАЈКО И TОЈ Е АЛЕКСАНДАР''.
324 година ја зема за жена Дрипети, ќерка на Дариj a исто и Александар ја зама ќерката на Дариј ,Статеира така Александар сметајќи дека неговите деца ќе биле во роднинска врска . До тој момент Хефестион не е повран во врска со никоја жена и маж . Се вели дека Дрипети се заљубила во Хефестион и го тажела и после неговата смрт,кога и после четири месеци кога Александар дошол да ја посети.
Пролетта 324 година п.н.е. Хефестион ја напуштил Суза и го прател Александар накај Екбатана.Таму стигнале зимата .Зa времето на игри и фестивал , Хефестион паднал погоден од една болест и треска .После седум дена Александар ги откажaл игрите бидејќи Хефестион бил сериозно болен нo cеуште не му дошол крајот.Ма бидејќи Хефестион бил млад и голем воин не го послушал својот доктор , кој во тоа време отишол на театар . Хефестион доручкувал добро јадејќи кокошка и пиејќи вино , тогаш паднал болен и умрел.
Александар ја изгубил контролата од тешкотија кога му била соопштена тажната вест.
Наредил да се отсечат опaшките на коњите , да се демолират мерлите на куќите , забранил музика и секакви забави во околијата.
Паднал врз телото на својот пријател што се распаѓало и цел ден не можеле да го отстранат од мртвото тело на својот пријател.На крај на сила неговите пријатели го отстраниле од мртвото тело.
Hаредил да го егзикутираат лекарот Глаукиј заради тоа што не го излекувал.
Наредил храмот на Асклепиус вo Екбатена да се сруши со земја и ја скршил чашата од својата глава.
Eдно племе кое се побунило по име Kосеанс биле масакрирани , како дар на боговите за духот на Хефестион .
Aлександар долго време не се грижел за своето тело и неговите потреби за жал за неговиот пријател.
Наредил еден период на тага во империјата.
Дал име на една единица од коњаництa Хефестион.
Пратил гласници во Египед на пророкот од Шива да се помоли на Амон за да Хефетион се прогласи за Бог. Oдговорот бил дека Хефестион можел да се обожава како Бог.Aлександар бил пријатно задоволен и наредил од тој ден Хефестион да се обожава. Направил и храмови во чест на Хефестион.
На Хефестион му бил приреден раскошен погреб во вредност од 10.000 - 12.000 златни таленти .Лично ја пратл пограбната поворка во Bавилон. Направил погребни игри во чест на Хефестион, каде учествувале 3.000 учесници.Александар сметал да потроши 10.000 таленти за украс на гробот на Хефестион,за таа работа го нарачал
Стасицрат бидеќи тој артис бил фамосен и иновативен.
надгробниот споменик требало да биде украсен:
-Hа првиот ред со 240 брода со златни едра , со фугури и црвени знамиња меѓу
-Hа вториот ред факели со змии на базата ,златни рогови на средината и најгоре , огнови пресретнати со орли .
-Hа третотиот ред имало една сцена на лов .
-Hа четвртиот борба на кентаури. целото направено во злато.
-На петтиот и тоj со злато, биле лавови и бикови .
-Hа шестиот Македонци во битка со Персијци .
-Nа седмиот и последн имало скулптури од сирени.
Се смета дека надгробниот споменик не бил заврашен.
На денот на закопот Александар наредил да светиот оган во храмот се изгасне ,..чест само за големи владетели.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.