Sunday, June 26, 2011

Свети Климент Охридски


Свети Климент Охридски (840 - 916, Охрид) — македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од германците и побарал спас во тогашна Бугарија.
По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Тој е познат македонски и словенски учител исто е познат и по градот Охрид.
Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.
Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија.

Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики.
Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Најголемиот дел од моштите се чува во Македонија на Плаошник, покрај тие во Македонија има мошти на Св. Климент во Бигорскиот Манастир и во Соборниот Архиепископски храм во Скопје. Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија (Бугарија) , има дел од моштите со големина на нокт и во Плодив има честица од моштите. Во Грција во манастирот Св. Јован Продром кај Верија се чува неговиот череп. Во 70 тите честица од моштите е однесена и во Рим.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.