Friday, March 11, 2011

Филип 2 Македонски



ФИЛИП МАКЕДОНСКИ ГИ ОБЕДИНУВА MAKEДОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА ВО ЕДНА ДРЖАВА , кој за ТОА од МАКЕДОНЦИТЕ И БИЛ HАЗНАЧЕН И ЈА ДОБИЛ ТИТУЛАТА "МАКЕДОНСКИ".




Македонски племиња според Филип ВТОРИ Македонски кој ги обеднил , биле:
Адриани
Пердикеанци
Линкестијци
Пеонци
Одрисеанци
Моесианци
Орестијанци
Алмопијанци
Елиметејанци
Халкидијци
Пелагонци
Илири
Мелесијанци(Епирци)
Тракијаци
Дардани
Трибалци

Филип BТОРИ Македонски (382-336 п.н.е.) е владетел на Македонија (владеел 359-336 п.н.е.) . Роден во Пела во 382 год. п.н.е., тој бил најмладиот син на василев Аминта ТРЕТИ и василевна Евридика. Во младоста (околу 368-365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град држава во тоа време. За време на својот престој таму како заложник се здобил со воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал.Тука се спријателува со командантот на Тебанската Света Чета и ги учи на терен нејзините воени тактики .


Кратко за градот држава Теба:
Основач на Теба е феникискиецот Кадмус кoj со голема војска дошол во Беотија претходно пелазгиска (населена со белци ) провинција , во потрага на неговата сестра Европа .
Остатоците од палатата на Кадмус во Теба датираат од околу 1200 - 1400 г. п.н.е.
ФЕНИКИЈЦИТЕ НА Јонците од Мало Азија И ГО ПРЕНЕСУВААТ МАКЕДОНСКОТО ПИСМО КОИ ПРЕТХОДНО ФЕНИКИЈЦИТЕ ГО ПРЕЗЕМЕААТ ОД ВЕНЕТИТЕ ОД ИЛИОН (ТРОЈА). МА Јонците од Мало Азија ДОДАЛЕ 5 ДОДАВКИ - СИМБОЛИ ЗА НИВНИТЕ ПОТРЕБИ ...
СТАРОТО Јонско ПИСМО НЕ Е ПОСТАРО ОД 800 ГОДИНИ од П.Н.Е.
ЗНАЧИ ТЕБАНЦИТЕ по потекло БИЛЕ ФЕНИКИЈЦИ .
Градот држава Теба бил потполно уништен од Александар Македонски , неговите територии поделени од околните градови држави , a населението продадено како робови.
При смртта во тестаментот Александар Македонски нареди Tеба да се обнови коj дал и пари за таа намена .
Касандар го обновува градот ма потоа без никакво важно политчко влијание .



Филип Македонски ВО НАЈ ТЕШКИОТ МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНИЈА ДОАЃА НА ВЛАСТ, прво како старетел , КОГА МАКЕДОНИЈА БИЛА НАПАЃАНА ОД СИТЕ СТРАНИ.


Наскоро по доаѓањето на власт извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите ...воени способности придонесле Македонија да стане регионална сила.
Војската на Македонија во времето на Филип Македонски се смета за една од највеличенствените воени сили на античкиот свет. Нивната беспрекорност најпрвин ја покажале под водсво на Филип Македонски . Bоните иновации во оружјата и тактиките oсмислени од Филип Македонски биле главните фактори за величината и успесите на македонската империја. Војувањето Филип Македонски го претворил во начин на живот за многу македонци, кои дотогаш ја гледале војската како хонорарна работа која се работи вон земјоделската сезона. Со тоа што војската ја направил да биде вистинска работа со полно работно време.Филип можел редовно да ги вежба војниците, градејќи единство и кохезија. Ова ја создало најдобрата воена машинерија дотогаш видена, благодарение на времето и трудот посветен на маневри и воени иновации.



Во тактичките иновации спаѓаат употребата на фалангата, како и координирани напади и тактики помеѓу фалангата (пешадија), коњицата, стрелците и опсадната машинерија. Едно од нивните оружја била СОРИОСА, која давала многу офанзивни и дефанзивни предности на македонската војска.
















МАКЕДОНИЈА во 359 г.п.н.е. под раководство на Филип
















МАКЕДОНИЈА во 348 г.п.н.е.

















МАКЕДОНИЈА во 336 г.п.н.е. по смртта на Филип




Македонска фаланга

Македонската фаланга била пешадиска формација смислена од Филип ВТОРИ Македонски.
Филип ВТОРИ поминал голем дел од младоста како заложник во Теба, каде учел кај познатиот генерал Епаминонд чии реформи биле основа за Филиповите реформи на фалангата. Членовите на фалангата биле професионални војници, и биле едни од првите ...трупи во историјата кои биле орагинизарно вежбани, давајќи им ја споспбноста да изведуваат комплицирани маневри многу подобри од оние на непријателите.
Тие се бореле во густи квадратни формации од 256 војника со порсечна длабочина од осум војника. Водачот стоел на чело на секој ред од 16 војника , а помошникот-водач во средината на редот, така што задните редови можеле да се разместуваат по страните во случај да треба повеќе фронтални војници.


Војниците во фалангата носеле по една '' СОР и ОСА ''- копје со два врва кое било долго преку 6 метри , со едниот крај - ОСА - да боде со другиот крај (по потреба ) СОР - да сече и кастри. Сориосата се носела во два дела кои се спојувале пр...ед битка, и морале да бидат ракувани со две раце. Одблизу ваквите големи оружја биле бескорисни, но од раздалеченост, војникот можел лесно да ги чува непријателите таму кај што се, без да можат да се доближат. Оружјата на војниците од првите пет редови прилично се истакнувале од самата формација, така што во секое време имало повеќе копја одколку цели за напад. Второто нивно оружје бил краток меч ,заштитен бронзен оклоп , шлем и штит кој бил прицврстен преку рамо со јаже за да војникот биде по слободен во ракувањето со долгото копје.

Филип ВТОРИ не ја користел фалангата како главно оружје за напад, туку како алатка за држење на непријателите во едно место додека тешката коњица им ги разбивала редовите. Македонската коњица се борела во клинеста формација и била сместена ...најдесно, по пробивањето низ непријателските редови, коњаниците ги придружувале штитоносците, елитни пешадијци кои служеле како телохранители на владетелот, а по нив доаѓала фалангата. На левото крило секогаш се наоѓала сојузничка коњаница од Тесалија, која се борела во ромбоидна формација и служеле главно за одбрана.

Хоплит

Хоплити или КОПЛИТИ - КОП ЛИТИ - копје што литаат, престрелниците, разните гаѓачи, резервите од сојузнички хоплити, стрелците, и артилеријата исто така билa употребуванa во битка.


Хоплит

Фалангата имала прилично мал багаж, со само по еден слуга на неколку војници. Ова дало на фалангата голема брзина на марширање која никој неможел да ја надмине во некои случаи противниците се предавале заради неспремност бидеќи неможеле да предвидат дека неговата војска ќе пристигне толку рано. Фалангата исто така била извежбана за изведување на кратки јуришни напади.

Cребрени Kопја

На сон на Филип Македонски му дошoл светец велејќи дека АКО СЕ БОРИ СО ОСТРИЦА ОД СРЕБРО ЌЕ ОСВОИ СЕ.
Така ги формира ''Cребрените Kопја'' кои биле нај елитната војска во македонската фаланга и лични телохранители на Филип ВТОРИ Македонски.


Македонска коњица - ЧЕТАХЕРОИ

‎"[ Нашите непријатели со векови живееле безгрижeн и луксузен живот, ние од Македонија cо генерации cме биле обучени во тешкотo битие на опасност и војна. Сè на сè, ние сме слободни луѓе, a тие се робови]." Македонската коњица - ЧЕТАХЕРОИ
Тешката коњица се состоела од коњички придружници кои биле благородници и тесалска коњица. Коњичките придружници - пријателите ги сочинувале осум ескадрони со по 200 коњаника, освен ВЛАДЕТЕЛСКИОТ ексадрон кој имал 300 - ЧЕТАХЕРОИ . Биле о...премени со копја - клистони со должина од 3.6 - 4.2 м и тежок оклоп. Коњите исто така биле делумно оклопени. Јавачите не носеле штитови.
Орагизацијата на тесалската коњица (која подоцна е во склоп на македонската фаланга) била слична на онаа кај пријателите , со тоа што тие имале пократки копја и се бореле во послободни формации.

Од лесната коњица, единиците т.н. „трчачи“ ги заштитувале крилата на војската за време на битка и оделе во извиднички мисии. Имало и уште неколку стотини сојузнички коњаници кои исто така учествувале, но биле послаби од останатите.

Битка кај Херонеја

Битката кај Херонеја (338 п.н.е), се одиграла близу Херонеја, во Беотија и била најголемата победа на Филип ВТОРИ Македонски. Таму Македонците под командата на Филип Македонски со 32,000 војска ги поразил помалите комбинирани сили на Атина... и Теба, зацврстувајќи ја македонската хегемонија во над градовите држави.
Битката се водела по класичните принципи на војување - војската на Атина и нејзиниот сојузник Теба наспроти македонската фаланга на Филип.
Атињаните под водство на Хар , Стратокле и Демостен од Атина биле на левото крило, а Тебанците под водство на Теаген од Беотија со Светата чета на десно. Атињаните и Тебанците биле сместени до центарот на борбената линија.

По прецизна цифра од градовите држви : Тебанци вкупно на број околу 12.000 од левата страна со СВЕТАТА ТЕБАНСКА ЧЕТА , атињани вкупно на број 9.000 и биле распоредени од левата страна и во центарот биле пoмалите градови држви: Ебеа,Коринт,Мегара, Леуца, Корцира со вкупно од околу 9.000 војници и биле позиционирани во центарот. Десното и левото крило било зајакнато со уште и со по 2.500 платеника . Сојузниците во најголем број биле пешадија.
Кај Македонците пак, Филип го командувал десното крило, додека Александар го командувал левото - иако надгледуван од најдобрите команданти на Филип . Славните коњички придружници -ЧЕТА ХЕРОИ, биле сместени позади македонската борбена линија.
Македонците броеле 30.000 тешка и лесна пешадија и околу 2000 коњаника.Фалангата предводена од Филип Македонски а коњаницата предводена од младиот Александар.

Античките извори велат дека двете страни жестоко се бореле долго време. Филип намерно ги повлекол неговите трупи на десното крило за да ги пробие атино-тебански линии.
Од славните 300 членови на Светиот тебански батаљон, 254 загинале, додека 46 биле ранети и заробени. и 1000 загинати атињани .Вкупни беотски жртви ce непознати (но најмалку 254).
Загинатите тебанци ги закопал под статуа на лав - Лавот од Хе...ронеjа . Другите заробени тебански војници биле продадени како робови , со тие пари Филип Македонски инсталирал воена база во Теба.
Од Теба Филип отишол во Атина и им ги предал заробените aтински воjници. За овој гест Атињаните на Филип Македонски му направиле статуа во природна големина.
ЗАНИМЛИОВО Е ТОА ШТО ВО БИТКАТА НА XЕРОНЕЈА УЧЕСТВУВАЛ И ДЕМОСТЕН КАКО ОБИЧЕН ХОПЛИТ КОЈ БЕГА КАКО УПЛАШEH ЗАЈАК ПЕРД ФИЛИП И МАКЕДОНЦИТЕ .Демостен и сите оние што биле против Филип БЕГААТ во Персија И СОРАБОТУВААТ СО ПЕРСИЈАНЦИТЕ ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ.


Иако малaд Филип Македонски се покажал како добар дипломат.Го поткупил Тракискиот крал со подароци . Bо 358 п.н.е. го скршил отпорот на Илирите кои ја окупирале северна Македонија во времето на неговиот брат Пердика ТРЕТИ и на локалните п...лемиња. Co тоа ја проширил својата власт до Охридското Езеро.На бојното поле оставил 7000 илирски војници 3/4 од нивните сили. Nа север го удрил темел каменот на новиот град Хераклеа , ги ставил под контрола Пеонците приклучувајки ги во Македонија. Во 357 п.н.е.ја завземал атинската колонија Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пајак. Усовршувајќи го ковањето на парите, тој ја зацврстил македонската монета и таа веќе се употребувала во цела Македонија и пошироко.
Во 355 п.н.е. Филип ВТОРИ Македонски го освојува Кренид, и го преименува градот во Филипи. Тој истотака ги нападнал Абдера и Маронеја, на тракискиот брег.
Во 354 п.н.е. ja освојува атинската колонија Метон, ПРИ ОПСАДАТА на грдот ќе го изгуби десното око .
Првиот посериозен отпор што го искусил Филип ВТОРИ Македонски бил од Атињаните во Термопиле, 352 п.н.е.. Во таа година Филип ја освоил Тесалија и ја припојува кон Македонија.
Тој ја поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските ...сили во градовите држави, со цел да ја искористи нивната неслога и полесно да ги освои. За таа цел, со златото на Филип Македонски на островот Евбеја била формирана Македонската партија, платена да ги промовира македонските интереси во политичкиот живот во градовите држави . Меѓутоа од 352 п.н.е. до 346 п.н.е. тој нема да продре јужно, туку ќе ги освојува источните региони доаѓајќи до реката Марица.
Во 349 п.н.е. Филип ВТОРИ Македонски ја започнува опсадата над античкиот град Олинт, првобитен македонски сојузник . Bладетелите на Олинт биле и роднини на Филип, кој подоцна ќе склучи сојуз кон Атина. Атињаните не направиле ништо да го спасат градот и тој во 348 п.н.е. е срамнет со земја. Во 347 п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија и ја припојува кон Македонија. Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир. Во 346 п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, македонските војски преку Епир навлегле на северозапад се до Јадранско Море и припојува дел од Илирија кон Македонија. Во 342 п.н.е. Филип презел успешен поход против Скитите на север.


Во 340 п.н.е. го освоил Перинт а во 339 п.н.е. Визант со што империјата достигнува до Црно Море. Подоцна пак се вратил кон неговата стара цел - освојување на градовите држави. Во тоа и му помогнал како изговор и атинскиот оратор Демостен ...кој постојано зборувал против Филип ВТОРИ .
Во битката кај Херонеја во 338 п.н.е. Филип ги победил здружените Тебанци и Атињани.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.