Антипатар наклеветен од василевна Олимпија за арогантно ренгенство (владеење во име на владетелот во отсуство) на Антипатар. Поради тоа на Антипатар му било наредено од страна на Александар Македонски да дојде во Вавилон за да се одбра...ни од тие клевети. За лошото владеење од страна на македонските благородници со сигурност се знае дека Александар ги погубувал ПА ЗАТОА АНТИПАТАР го праќа неговиот син Касандар како негов бранител.Касандар кога стасал во Вавилон увидел можност: МУ НАРЕДУВА НА СВОЈОТ ПОМАЛ БРАТ кој служел како паж (слуга од доверба) кај Александар да го отруе Хефестион со тоа и да го проба ефектот на отровот што го донел со себе. Причината за смртта на Хефестион не се утврдила ,..
Во Вавилон, Александар Македонски лично го надгледувал градењето на една поморска база, каде Македонци, Вавилонци, Индијци и Персијци работеле и учеле од Феникијците, највештите бродоградители во древниот свет. После една од прославите во чест на пуштањето во работа на нивната нова база, Александар добил треска, по една вечер на која обилно се пиело.
ТАКА ПО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ КОГА СИТУАЦИЈАТА ОКОЛУ СМРТТА НА ХЕФЕСТИОН БИЛА СТИВНАТА и Александар бил ОТРУЕН НА ИСТИОT НАЧИН КАКО И ХЕФЕСТИОН ОД СТРАНА НА ПОМАЛИОТ БРАТ НА КАСАНДАР , по наредба на истиот.
Надвор, војниците чекале вести и, кога сфатиле дека здравјето му се влошува, замолиле да влезат и да се збогуваат со него. Додека војниците се собирале крај неговиот кревет, тој бил премногу омалаксан за да зборува - но им возвратил на нивните поздрави и на секој од нив му посакал се најдобро, кимајќи со главата, мавтајќи со рака или трепкајќи со очите.На 10 или 11 јуни 323 г.п.н.е, Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години.
Пред да умре Александар го прашале кој да го наследи а Александар одговорил Кратерој , НЕ нај силниот, КРАТЕР - KPATEPOY, неговиот генерал, како што е Алехандрој - ΑΛΕΞΑΝΔΡOY, Филипој - ФIΛIППОY , желбата на Александар Македонски не била усвоена од другите по амбициозни генерали, и не само таа и многу заповеди на Александар Македонски.
Опис на погребната кола и на целата погребна церемонија на Александар Македонски:
“Првин со чекан направиле златен ковчег, според големината на телото (на Александар); него до половина го исполниле со миризливи материи, за да шири пријатна ...миризба и да го сочува телото од распаѓање;
Над ковчегот поставиле златен капак, така точно прилагоден, што ја опкружувал целата надворешна страна (на ковчегот). Над сето ова префрлиле порфирана прекривка, прекрасно извезена со злато; околу неа се наоѓало оружјето на починатиот, со што се давал увид во делата што тој ги извршил.
Потоа довлекле кола, на којашто требало да се пренесува телото; на горниот дел од колата се наоѓала златна сводеста “одаја“, направена од скапоцени камења; таа била долга осум а широка десет лакти.
Под врвот на сводот од одајата се наоѓал квадратен златен трон, на кој биле претставени глави од “трагелафи“ во величина од две дланки; на прстени, како украс биле прицврстени разнобојни венчиња, како цветови;
На врвот имало мрежеста завеса, на која виселе огромни ѕвонци, за да може од далеку да се слушне дека колата се наближува;На аглите од сводот, на секоја страна стоела Победа, со трофеј во рацете;
Сводот бил држен од златен перистил со јонски капители; внатре во перистолот, се наоѓала златна мрежа, со дебелина од еден прст, над којашто паралелно биле поставени по четири плочи, на коишто имало претставени фигури; овие плочи биле еднакви по величина со ѕидовите на “гробната одаја“.
На првата плоча се гледа колесница, богато изработена од метал; на неа седи Александар со убав жезол во раката; околу кралот под оружје врви Македонската гарда и Персијци, наречени “мелифори“; пред нив оделе војници, што го носеле оружјето;
На втората плоча била претставена колона слонови, украсени според воениот обичај; на нив, на чело јавале Инди, а одзади Македонци, со нивното вообичаено оружје;
На третата плоча се гледаат коњичките чети, коишто прикажуваат како се развива една битка;
На четвртата плоча се претствени кораби, подредени за битка; На влезот од оваа “одаја“ се наоѓале златни лавови, коишто како да гледале во оние, што влегуваат внатре; Од средината на секој столб нагоре, се до капителите се издигал златен акант;
Над “сводестата одаја“ над средината на сводот, на отворено бил прострен порфилен килим, на кој што била положена голема златна круна со маслинови гранчиња; кога сонцето со своите зраци ќе ја допрело, создавале молскава и треперлива светлина, така што одвреме, навреме, како да предизвикувала молњи;
Од страните на колата, над којашто се наоѓала целата оваа градба, стрчеле по две оски, на коишто се вртеле четири персиски тркала, чиишто пречки биле позлатени; само оној дел од тркалата, што допирал до земјата, бил железен; Крајните делови на оските, што стрчеле биле од злато и на нив имало златни лавовски глави, чиишто усти држеле копје;
Околу средината на должината на колата, во средишниот дел на “одајата“ , се наоѓала механичка оска, којашто, на сета оваа градба и давала рамнотежа, за да може колата да се движи без нишање и на нерамни места; Имало четири процепа; на секој од нив бил прицврстен четворен ред јарем; на секој јарем јарем биле врзани по четири мазги, такашто вкупниот број на мазгите бил шеесет и четири; тие биле највнимателно одбрани според големината и силата.
Секоја мазга на главата имала позлатена круна, од двете страни на устата им виселе по две ѕвона; околу вратот имале ѓердани од скапоцени камења. “
По неговата смрт неговата држава се распаѓа на три дела: династијата Птолемаидите ќе го превземе Египет, Антигонидите - Македонија , а Селевкидите - Блискиот Исток. Александар егзистира како митска личност во митовите на многу европски, азиски и афрички народи.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.