[1]
Цар Александар сакаше да ходит да земит бесмртна вода. Но кој одеше, никој не се врашчаше назад; зашчо дури да стигнит некој до неа, требаше да патуват три дни се во ношна темнина, во... која љугето се заскитвеха и не можеха да се вратат на бел ден. Цар Александар зеде со себе си кобили и ждребина. Во темнината врза кобила; и в растојање шчо можит да се чует гласот, врза ждребе; потамо кобила, после ждребе, и така подалеку дури стигна до бесмртната вода, која стоеше меѓу две планини, кои се отвораха и затвораха. Тој со голема брзина нацрпи едно шише и по гласовите од кобилите и ждребината, кои ржеха, находваше патот и така се врати на бел ден. Шишето остави на прозорецот за да се напие утрината во недеља; и нарача на сестра му да вардит, да не некако истурит бесмртната вода. Сестра му метеешчем не догледа и скрши шишето. Цар Александар кога чу това, страшно се наљути, а сестра му, избегвеешчем љутината негова, се фрли в море и се престори делфин, кој, кога чует Александровото име, се криет во морските глобини.
[2]
Господ создал луѓе со различна боја на кожата. Ова Господ го направил пред Потопот. На белците Господ им го пратил својот син, што се викал Македон и сите белци отпрвин се викале Македонци. Подоцна најпознат цар на Македонците бил Александар Македонски. Тој еднаш пронашол бесмртна вода и ја дал на сестра си да ја чува и да внимава да не се истури. Но, таа кришум се напила и водата се истурила. Плашејќи се од лутината на брата си се фрлила во Егејското Море. Но, бидејќи не можела да умре, наеднаш се престорила во половина риба, половина девојка. До ден денес кога парабродите минуваат оттаму, плашејќи се да не ги преврти, луѓето од парабродите на сет глас викаат: “Жив е Александар!”. Така ја плашат сестра му на Александар и таа бега од нив, а парабродите безбедно заминуваат.
[3]
Кресненското востание од 1878 година својата подлога исто така ја бара кај славниот војсководец. Уставот на востанието, односно неговиот правилник, во членот 1 буквално вели:
„Со нашата крв што ја пролеваме во планините и горите македонски, ние служиме како македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза ‘Слобода или смрт''.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.