Wednesday, March 9, 2011

Кралевите на Македонија



К А Р А Н:
Каран, бил седумнаесетти по ред од херојскиот род на Хераклидите а седми од Темен, владеел 28 год. со Македонија и тоа 18 год. 794 год. ст.е.31 За Сатир, Каран е деветти од Хераклидите, а кај Константим 8 Порфирогенит пак:
''македонската монарxија почналa да зајакнува ,од третиот син на Херакле, наречен Каран"
Каран (808 - 778 п.н.е, а според некои извори 825 - 778) бил првиот владетел од 3-та генерација на владетели на Македонија, основач на Македонската монархија од 3-та генерација на владетели на Македонија бил Пердика ПРВИ.


Каран потекнува од семејството на Теменидите од Арг. За него постојат повеќе преданија. Ja основал својата владетелска лоза во Егеја (денешна Вергина применувана од грците 1925). Се вели, за него немало место да владее во пелопонескиот Ар...г, каде тогаш власта ја држел неговиот брат Фејдон и Каран на молба од кнезот на Орестида, денес Костурско, оди да му помогне во борбите против соседот, кнезот на Еордаја, Островско, Кисеј. Го разбил Кисеја и во освоената територија основал својa владетелска лоза.
Според Хигин, Кисеј бил тој што го поканил Каран да му помогне против соседите, ветувајќи му ја својата ќерка и своето кнежество. Но навреме предупреден од еден Кисеев роб за стапицата која му ја подготвувал, Каран го убива овој кнез. По победата над Кисеј, Каран издигнал трофеј, но еден лав се спуштил од Олимп и го соборил столбот. Оттогаш македонските владетели не издигнуваат трофеи по победите ,или ретко.
Според преданието на Јустин, Каран откога собрал војска и дошол во Македонија, врвејќи зад едно стадо кози, со помош на дождот и маглата успеал незабележано да влезе во еден град. Изгледа откако го завземал градот, тој се сетил на претскажувањето и тука го поставил својот престол. Bо градот Егеја. Одтогаш во сите војнички походи, пред единиците, настапувале кози, а Каран откако ги изгонил непријателските кнезови, обединил дел од македонските племињата ,племиња кои верувале и основен култ и божество била Божицата Мајка - MA - и Дион - МАКЕ ДОН ИЈА.
Според второто предание, ИЛЕ - богот на сонцето му претскажал на Каран дека една коза ќе му го посочи градот од каде ќе владее , тоа бил древниот македонски престол Егеја Од кој град ДОАЃА И ИМЕТО НА ЕГЕЈСКОTO МОРЕ.

КОЕН е ВТОРИОТ владетел на Македонија од 3-та генерација.

ТИРИМА


ТИРИМА е ТРЕТИОТ владетел на Македонија од 3-та генерација.

 ПЕРДИКА ПРВИ




ПЕРДИКА ПРВИ:


Пердика ПРВИ бил ЧЕТВРТИОТ владетел на Македонија од 3-та генерација кој владеел од 700 п.н.е до 678 п.н.е.
Тој е познат како прв владетел кој ги обединил поголемиот дел од македонските племиња.
Пердика ПРВИ заедно со своите браќа работеле ка...ј некој владетел од Македонија.Секој ден за ручек жената на владетелот месела леб.Лебот кој бил наменет за Пердика ПРВИ секогаш бил најголем.Кралот мислел дека Пердика ПРВИ има нешто со неговата жена.Кога требало да им плати за тоа што го сработиле тој ги повикал во својата одаја. Во неа имало само еден прозорец низ кој влегувала сончевата светлина.Владетелот им дал една торба и им рекол да соберат од светлината колку што сакаат.Тогаш Пердика ПРВИ го извадил својот меч и со мечот направил еден круг на земјата каде што паѓал зракот.Од таа земја ставил во торбата и му кажал на кралот дека тој ќе направи СВОЈА ДРЖАВА големо колку сонцето.
Така Пердика ПРВИ направил СВОЕ ВЛАДЕТЕЛСТВО , обединил дел од македонските пемиња и го поразил владетелот кај кого работел.
АРГOЈ ПРВИ:
Аргaј ПРВИ бил владетел на Македонија од 3-та генерација од околу 678 п.н.е. до околу 640 п.н.е. Го наследил татка си Пердика ПРВИ . По него, наследникот на тронот бил неговиот син Филип ПРВИ.Споменат е од јонскиот историчар Херодот и од Јунијан Јустин.

ФИЛИП ПРВИ:
Филип ПРВИ бил син на Аргај ПРВИ бил владетел на Македонија ОД 3-та генерација од 640 п.н.е. до 602 п.н.е. Бил наследен од Аероп ПРВИ.

АЕРОП ПРВИ:
Аероп ПРВИ 602-576 п.н.е бил владетел на Македонија 3-та генерација, син на Филип ПРВИ, правнукот на Пердика ПРВИ, четвртиот владетел , и татко на Алкет ПРВИ.

АЛКЕТ ПРВИ
Алкет ПРВИ 576 — 547 г. п.н.е. бил владетел на Македонија, кој живел во 6 век п.н.е. и бил петти во династијата Аргеади.
Jонскиот историчар Херодот го споменува Алкет како син на владетелот Аероп ПРВИ . Хрониката на Есевиј вели дека Алкет владеел 29 години, во времето во кое Кир Велики бил крал на Персија. Подоцна ова име го носеле и кралевите на Епир.
Самото име му значи „храбар човек“.

AМИНТА ПРВИ


АМИНТА ПРВИ:
Аминта ПРВИ бил владетел на Македонија 540-498 п.н.е кој бил даночен вазал на перскискиот крал Дариј ПРВИ.
Го посттавил камен -темелникот на градот Пела со намена да биде главен град на Македонија, да ја замени старата престолнина Егеја.
Може да се каже дека со него почнува историјата на Македонија од 3-та генерација на владеели.Тој бил прв македонски владетел кој одржувал врски со другите држави. Cе сојузил со Песистратите на Атина, и кога Хипиј бил истеран од Атина, Аминта му ја понудил територијата на Термајскиот залив на Антема за да може да ги стави хеленските феудалци во тој регион под македонска контрола.


АЛЕКСАНДАР ПРВИ


АЛЕКСАНДАР ПРВИ:
Александар ПРВИ бил владетел на Македонија од 498 п.н.е до 454 п.н.е. Бил син на Аминта ПРВИ, ОРГАНИЗАТОРОТ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ПО ПОВОД НА ОТСТРАНУBAЊЕ НА ПЕРСИСКАТА ОКУПАЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА.
Tој бил во непријателски односи со Персија и ги ...имал убиено дипломатите на Дариј ПРВИ кои дошле на дворот на неговиот татко за време на Јонската буна. Но подоцна морал да се покори на Персија за време на инвазијата на Атина од страна на Дариевиот син Ксеркс ПРВИ и бил представник на персискиот гувернатор Мардониј. За време на мировните преговори по поразот на Персија во битката кај Саламис во 480 п.н.е. И покрај неговата соработка со Персија, Александар често им давал војна помош и совети на Атина и ги предупредил за плановите на Мардониј во битката кај Платаеа во 479 п.н.е. По Персиските војни Александар конечно успеал да ја врати независноста на Македонија.ПО ТОЈ ПОВОД ТОЈ ЃИ ОРГАНИЗИРА ОЛИМПИСКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ.

Јонската Буна:
Jонците потпомогнати од нивните сонародници атињаните го налутиле персискиот владетел ДАРИЈ ПРВИ КОЈ ПОТОА НЕГОВ син Ксеркс ПРВИ доаѓа со 200.000 војска преку Хелиспон-Дарданелите и Македонија на Полуостровот Пелопонез , пр...еку преминот Термобили и ја пали Атина . Aтињаните бегаат надвор од Атина и така се спасуваат .Oд тука и омразата на македонците и атињаните кон Персија,..зошто персијанците сигурно не биле и добри кон македонците не само кон градовите држави.
Македонците САМО ГЛЕДААТ на ПОТЕНЦИЈАЛЕН сојузник КОН градовите држави ,ПРОТИВ ИДНАТА ОСВЕТА ПРОТИВ ПЕРСИЈА ....ПЕРСИЈЦИТЕ ЈА ПУСТОШАТ МАКЕДОНИЈА СЕ ДО КОЧАНСКАТА КОТЛИНА(денес), ..ОВА НЕ БИЛО ЗАБОРАВЕНО ОД МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ПОСЛЕ 150 ГОДИНИ ПЕРЕЗЕМААТ ОСВЕТИТЕЛНА ВОЈНА ПРОТИВ ПЕРСИЈА.


Македонија била сметана за варварска земја од страна на атињаните кои имале колонии близу Македонија и биле загрозени од македонскиот експанзионизам.
Династијата на Александар ПРВИ Аргеади потекнува од Аргос и од Херакле. Во 450 год. п....н.е бил наследен од неговиот син Пердика ВТОРИ.
ПЕРДИКА BТОРИ

ПЕРДИКА BТОРИ:
Пердика BТОРИ бил владетел на Македонија од 454 п.н.е до 413 п.н.е. Бил син на Александар ПРВИ. По смртта на Александар први во 452, Македонија почнала да се распаѓа. Македонските племиња станале речиси целосно автономни и имале слаби врски... со владетелот. Кон 434 год., братот на Пердика ВТОРИ , Филип, го предизвикал брата си за престолот кој Филип добил помош од Атина и кралот Дерда на Елимеја. Пердика BТОРИ возвратил со тоа што предизвикал востание во неколку вазални градови на Атина, вклучувајќи ја и Потидаја. Атина возвратила со 1000 хоплити и 30 бродови во Македонија и ја зазеле Терма. При маршот за опсада на Пидна, им се придружиле уште 2000 хоплити и 40 бродови. Меѓутоа, додека траела опсадата на Пидна, атињаните дознале дека Коринт пратил 1600 хоплити 400 лесна пешадија во поддршка на Потидаја. За да се справат со оваа нова закана, Атина склучила сојуз со Пердика ВТОРИ и продолжила да се бори во Потидаја. Пердика ВТОРИ веднаш го прекршил договорот и се упатил кон Потидаја каде атињаните победиле.

ПЕРДИКА BТОРИ



ПЕРДИКА BТОРИ:
Пердика ВТОРИ умрел во 413 п.н.е и му го предал наследството на својот син, Архелај.

АРXЕЛАЈ ПРВИ


АРXЕЛАЈ ПРВИ:
Архелај ПРВИ бил владетел на Македонија од 413 до 399 п.н.е кој стапил на престолот по смртта на неговиот татко, Пердика ВТОРИ . Мајка му на Архелај всушност била робинка, а Архелај успеал да дојде до престолот со тоа што го убил неговиот чичко, братучед и неговиот полубрат кој бил законски наследник, но се докажал како способен и полезен владетел кој од корен ја променил државната административна структура, војската и трговијата.

Кратко по неговото крунисување, Архелај бил соочен со ситуација која му дозволила тотално да ги промени односите на Македонија со Атина, кои представувале голема закана во последните 50-тина годни. Атињаните биле тешко поразени во Сиракуза ...при крајот на 413 год. и најголемит дел од нивните бродови биле уништени. Поради ова на атињаните очајно им требало огромно количество на дрво за нови бродови и така Архелај бил во состојба да ја постави цената. Потем тој великодушно ги снабдувал со сето дрво кое им требало. Како признание за ова, атињаните го почестиле Архелај и неговите деца со титулата,,Народен Проксенос и Евергет".

Потоа Архелај се зафатил за спроведување на многу внатрешни реформи. Издал големо количество на монети од одличен квалитет, изградил тврдини, направил прави патишта (од важност за мобилноста на војската) и ја подобрил организацијата на војс...ката, особено коњицата и хоплитите.
Архелај исто така бил познат како човек од култура и создал посебни културно-уметнички врски со Атина. Во неговото новотo седиште Пела (кое го ПРЕМЕСТИЛ од Егеја ) тој почнал да ги прима големите поети, трагичари, вклучувајќи го и Еврипид (кој ги напишал неговите трагедии Архелај и Бахите за време на неговиот престој во Македонија), музичари, и сликари, вклучувајќи го и Зевкиј (најславниот сликар во тоа време).
Архелај бил убиен во 399 п.н.е во лов од страна на еден од неговите пажови. Можно е ова дело да било дел од заговор, иако ништо никогаш не се докажало. Дотогаш тој успеал да ја претвори Македонија во голема воена и економска сила. Тукидид дури и има речено дека Архелај направил повеќе за Македонија отколку сите негови предходници заедно.

КРАТЕР  бил владетел на Македонија во 399 п.н.е.

ОРЕСТ бил владетел на Македонија кој живеел од 399 до 396 п.н.е.

АРXЕЛАЈ ВTOPИ  бил вториот наследник на неговиот татко Архелај ПРВИ и владеел седум години. Тој бил брат на Орест. Според Хроникон, Архелај владеел четири години.

 АЕРОП BТОРИ

АЕРОП BТОРИ:
Аероп ВТОРИ бил владетел на Македонија 399 п.н.е.–393 п.н.е., старател на Орест, синот на Архелај ПРВИ . Аероп владеел речиси шест години, започнувајќи од 399 п.н.е.
Во првите четири години владеел заедно со Орест, а во останатите сам. Бил наследен од неговиот син Павзаниј.

ПАВЗАНИЈ

ПАВЗАНИЈ:
Павзаниј бил владетел на Македонија кој во 393 п.н.е.

Павзаниј бил син на василев Аероп BТОРИ. По таткова линија припаѓал на династијата Линкестиди, кои делувале во северозападна Македонија. Владеел една година, и според Диодор бил убиен од Аминта ВТОРИ, внук на Александар ПРВИ, кој го зазел п...рестолот (Диодор, 14.89). Во хронологијата на владетели Павзаниј понекогаш стои по Аминта ВТОРИ според распоредот на династиските таблици на Хрониката на Есевиј, кој ја составувал во 4 век според претходните записи на античките историчари и делумно според Диодор. Историјата за него е оскудна и конфузна. Во ова време македонските владетели се менувале често во меѓусебна борба за престолот, а и името Аминта истовремено го носеле неколку членови на династијата Аргеади.
 АМИНТА TPETИ



АМИНТА ТРЕТИ:
Аминта ТРЕТИ (или ВТОРИ ), син на Архидеј и дедо на Александар Македонски, бил владетел на Македонија од 393 (или 389) до 369 п.н.е.
Аминта дошол на престолот по десет години проблеми со наследството по смртта на Архелај BТОРИ, покровителот на уметноста, книжевноста и спортските Олимписки Игри. Но тој имал многу непријатели во самата Македонија; во 383 год. бил истеран од страна на илирците, но следната година си го повратил престолот со помош на Тесалија.
Од неговата жена, Евридика ВТОРА , имал три сина, од кои најмладиот е познатиот Филип BТОРИ Македонски.

АЛЕКСАНДАР ВTOPИ

АЛЕКСАНДАР ВTOPИ:

Александар ВТОРИ бил владетел на Македонија од 370 до 368 п.н.е, по смртта на неговиот татко Аминта BТОРИ-ТРЕТИ. Тој бил најстар од неговите три сина. Иако веќе бил доволно возрасен, Александар бил многу млад кога дошол на власт. Ова било... многу проблематично за него бидејќи неговите непријатели продолжиле да војуваат со Македонија. Александар едновремено бил соочен со илирска инвазија од северозапад и напад од истокот од страна на претендентот Павзаниј. Павзаниј набргу зазел неколку града и се заканил на неговата мајка, која била во палатата во Пела со нејзините млади синови.
Александар ги победил непријателите со помошта на атинскиот генерал Ификрат, кој пловел по македонскиот брег за да го освои Амфиполис. На барање на Алевдај, Александар интервенирал во граѓанската војна во Тесалија. Потоа успешно зазел контрола врз Лариса и неколку други градови но, изневерувајќи го ветувањето кое го дал, ставил гарнизони. Ова ја испровоцирало Теба - градот државата која била водечката бојна сила во тоа време.
Тебанскиот генерал Пелопид ги истерал македонците од Тесалија. Потоа го неутрализирал Александар со тоа што ги заштитувал амбициите на Александровиот зет Птоломеј од Алорос, и го натерал Александар да го напушти неговиот сојуз со Атина и да се сојузи со Теба. Како дел од овој нов сојуз, Александар морал да ги предаде заложниците, вклучувајќи го и неговиот помал брат Филип. За време на еден фестивал врз Александар бил извршен атентат по наредба на Птоломеј. Иако братот на Александар Пердика ТРЕТИ станал владетел , тој бил под старосната граница, и Птоломеј бил поставен за регент.
Проломеј ПРВИ или Птоломеј од Алор бил регент на Македонија од 368 до 365 п.н.е. Извршил атентат врз неговиот претходник Александар ВТОРИ за да ја заземе власта. Владеел како регент за младиот Пердика ТРЕТИ се додека Пердика не го убил во 365 п.н.е.

ПЕРДИКА ТРETИ

ПЕРДИКА ТРETИ:
Пердика бил владетел на Македонија од 365 до 356 п.н.е, наследувајќи го својот брат Александар ВТОРИ.
Пердика бил син на Аминта ТРЕТИ и Евридика ВТОРА, и бил под старосната граница кога Александар ВТОРИ бил убиен од страна на Птоломеј од Алорос, кој потоа владеел како регент. Пердика го убил и со тоа го презел престолот.
Пердика бил убиен во битка против Бардилис, со заедно 4000 македонски војници , и бил наследен од неговиот многу мал син, Аминта ЧЕТВРТИ . Престолот наскоро бил заземен од помладиот брат на Пердика Филип ВТОРИ.


Аминта бил син на василев Пердика ТРЕТИ. По смртта на татко му во 359 п.н.е станал ВЛАДЕТЕЛ кога бил бебе. Филип ВТОРИ , братот на Пердика, станал негов туор и регент. Истата година Филип ВТОРИ се прогласил за владетел на Македонија и го от...уѓил неговиот помлад внук. Аминта не се сметал за доволно опасен за да представува закана за Филип, кој дури му ја дал и неговата ќерка Кинана за да се ожени.
Со доаѓањето на Александар ТРЕТИ Македонски на власт во 336 п.н.е работите се промениле - Аминта веднаш бил погубен.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.