Александар Македонски се качил на еден подиум, и со сета одлучност да почне жестока реторичка расправија, им викнал на Македонците:
- Целта на мојот говор не е да ве спречам да се вратите дома - што се однесува... до мене, вие можете да се вратите дома секогаш кога ќе посакате.
Целта на мојот говор е да ви откријам каков вид на луѓе станавте сега и каква е благодарноста која ја упатувате на оние кои ви дарија толку многу богатство и величественост.
Пред да говорам за тоа што јас сторив за вас, дозволете ми да започнам со мојот татко, Филип.
- Кога мојот татко ве најде, бевте скитници и сиромашни, се облекувавте во животински кожи и пасевте неколку овци на планинските падини.
Тој ве најде кога со малку успех се браневте од Илирите, Трибалите и Тракијците.
Наместо со вашите животински кожи, тој ве облече во наметки. Од планините, ве донесе долу во низините. Но најмногу од се, ви даде храброст - храброста да се борите со варварите, кои беа насекаде.
Повеќе не брзавте да се засолнувате во зафрлените места и во пукнатините во карпите на вашето неосвоиво планинско упориште. Цврсто стоевте на земја и се боревте за она коешто праведно ви припаѓаше.
Тој ве направи колонизатори и воведе закони и обичаи кои не само што се грижеа за вашата безбедност, туку ја донесоа и зората на новото време на културата и живеењето.
Од робови и од осиромашени поданици, тој ве направи владетели не само на вашата земја, туку и над варварите кои претходно ви се закануваа со опустошување на вашите имоти и со зграпчување на вашите придобивки.
Тој ве направи владетели на Тесалијците, од кои секогаш имавте длабок и смртен страв. Со победата над Фокијците, тој го обезбеди нашиот пристап кон Грција преку патишта кои беа широки и проодни, а не тесни и непристапни.
Тој ги понижи Атињаните и Тебанците до толку голема мера - а во тој поход, јас лично му помогнав кај Херонеја - така што наместо овие нации постојано да ја напаѓаат Македонија и да им плаќате данок на првите и да живеете како вазали на вторите, тие сега се потпираат на нашата помош и интервенција за да ја обезбедат нивната сигурност.
Тој навлезе на Пелопонез и, откако обезбеди контрола врз нивните работи, беше избран за главен заповедник на цела Грција во експедицијата против Персијците - слава којашто не ја присвои само за него, туку и ја дари на целата македонска нација.
Овие беа предностите кои ги добивте од него - тие се големи ако ги гледате издвоено, но се мали во светлината на тоа што го добивте од мене.
Иако од Филип наследив само неколку сребрени и златни пехари, јас се соочив со празна ризница и со огромните долгови на Филип. Позајмив во ваша корист, за да водам експедиција од земја која не можеше да ве издржува и веднаш отворив премин кон Хелеспонт преку опасното море, кое беше контролирано од Персијците.
Откако со нашата коњица ги совладаме вицекралевите на Дариј, ние ја освоивме Јонија, Еолија, Фригија и Лидија, и со опсада го заземавме Милет.
Сите други нации доброволно ни се предадоа.
Ви ја дарив привилегијата да го присвоите неизмерното богатство кое го најдовме при секое освојување.
Богатствата на Египет и на Кирена, кои ги освоив без борба, дојдоа во ваши раце. Богатствата на Сирија, Палестина и на Месопотамија се ваши; ваши се и богатствата на Вавилон, Бактра и Суса. Ризниците на Персијците, како и неизмерните богатства на Индијците, исто така се ваши.
Вие сте вицекралевите, војсководителите и водачите на оваа кампања.
За мене не зедов ништо, освен оваа пурпурна одежда и дијадемата. Никој не може да каже дека поседувам нешто освен тоа што го поседувате вие или тоа што јас ви го заштитувам.
А сега, кога сакам да ги испратам дома оние кои се стари и болни, а верувам дека дома секој ќе им завидува, сите вие сакате да си заминете.
Одете, тогаш, и кажете им на луѓето дома дека вашиот вoдaч, кој ги освои Персијците и Бактријците, кој ги потчини Уксијанците, кој ги здроби Парќаните, и кој маршираше преку Кавказ и низ портите на Персија, и ги помина големите реки Оксус и Инд, кои не беа преминати од времето на Дион, кој стигна до устието на Океанот, и кој маршираше преку Гедрозиската Пустина преку која ниту една војска не преминала жива, одете и кажете им на луѓето дома дека после сите овие напори сте го оставиле зад себе човекот кој ве водел низ сето ова, и дека сте го оставиле во рацете на луѓето кои ги освоил.
Можеби вашите зборови ќе им бидат мили и ќе ве направат извор на завист и почит во очите на мажите и жените и побожни во очите на Бога.
Одете назад во Македонија. Заминете.
После овој говор, Александар се повлекол во својот шатор и не се појавил два дена.
Говорот имал хипнотизирачко дејство врз луѓето. Тие јурнале кон палатата и чекале тој да се појави, и кажале дека нема да мрднат од место се додека Александар... не излезе за да се сретне со нив. Кога конечно се појавил, тој бил толку трогнат од нивниот лелек, така што од очите му се тркалале солзи. Некој старешина од Пријателите истапил напред и му кажал: Ох вoдaчу, нас Македонците најмногу не ожалостува тоа што некои Персијци ги направи твои сродници - тие ја имаат честа да се нарекуваат себеси "сродници на Александар" - и може да те поздрават со бакнеж. А сепак, ниту еден од Македонците досега не ја уживал таа чест.
Александар го прекинал старешината:
"Но, сите вас, без исклучок, ве сметам за мои сродници, а отсега натаму така и ќе ве нарекувам". Сите недоразбирања биле надминати. И како во моментот на богослужба, кога секој се врти кон своите соседи, се ракува и изустува "мир", сите војници се ракувале, се потупнале по рамо или ги прегрнале своите другари - без оглед на нивната националност.

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.