Tuesday, July 31, 2012
Планот за заземање на Крушево 30 јули 1903 година
30 Јули 1903 - На Биринската Планина, Крушевскиот востанички штаб одржал состанок на кој присуствувале Никола Карев, Тома Никлев, Иван Наумов-Алабакот, Андреја Димов-Докурчев, Питу Гули и потпоручникот Тодор Христов. Тогаш дефинитивно бил завршен планот за заземање на Крушево и биле поделени задачите на одредите. Тајноста за нападот била чувана, а во градот за него знаеле само Григор Божинов и Тодор Павлов, кои се распоредиле на одредените места и подготвени го очекувале сигналот за почеток.
Никола Карев |
Тома Никлев |
Иван Наумов - Алабакот |
Андреја Димов - Докурчев |
Питу Гули |
Тодор Христов |
Борците биле распределени во 8 одреди раководени од следниве лица: војвода Андреја Димов-Докурчев со помошник Коста Попето, војвода Иван Наумов-Алабакот од град Велес, војвода Питу Гули од Крушево со помошник Влаже Крстев од село Бирино, Крушевско, војвода Ѓурчин Наумов-Пљакот од село Сланско, војвода Марко Христов-Мирче од село Сопотница, војвода Ристо Ташев-Црниот од село Воѓани, војвода Коста Христов од село Годивле, Охридско и војводата Ташко Карев од Крушево.
Задачата на секој одред била следна:
1. Одредот на Андреја Димов-Докурчев да влезе во градот и да го заземе уќуматот, беледието, телеграфско-поштенската станица и домовите на државните власти. Во тој одред влегоа граѓаните: Ванѓу Топуз, Ташко Кукев, Ташко Топуз, Миле Поп Крстев, Иван Поп Димитриев, Миха Алексов, Сотир Штере-Куфичот, Гочо Џавку, Петра Паре, Лаќу Конче, Тоду Борјар, Таќу Кондарков, Костју Лапев, Насте Стојанов и други 52 лица од милициите од селата: Крушеани и Света меѓу кои се знаат крушеанците: браќата Никола, Петре, Митре и Петко Ѓоргови, Ристе Најдов, Павле Стојанов, Богоја Мирчев, Јордан Грозданов, браќата Здраве и Атанас Пречкови, Јован Бутраков и Најдо Диворак, а од Света: Спасе стрикото.
2. Одредот на Иван Наумов-Алабакот да влезе во градот и да ја заземе касарната. Во тој одред влегоа граѓаните: Тошо Поп Христов како секретар, браќата Коле, Ѓорги и Алексо Ивановски, Таќу Костов-Ашлакот, Ванѓу Ѓорчев-Белич, Мате Сечков, Мате Лазев, Ванчу Котев-Белувчето, Методи Стојчев, Ѓорги Котев-Доткошев и други и милицијата од село Пуста Река меѓу кои беа браќата Наке, Јосиф и Тирчо Цветанови, Секула Силјанов, Дафиле Димов, Коле Цветанов, браќата Дуко и Тасе Најдови, Лозе Мицев, Ристе Кузманов, Насте Велев, Мицко Павлев, Димо Спасов, Богоја Павлев, Јоан Стојков, Никодин Марков, Миладин Велев, Константин Димитриев, Стојче Велев, Ристе Ѓоргиев, Иван Петров, Србин Цветанов, Василе Стојанов, Билбиле Божинов, Милош Најдов, Томче Ристев, Богоја Кузманов, Андреја Велев, Богоја Илиев-Чикулецот и други; милицијата од село Горно Дивјаци од кои влегоа: Ристе Гинов, Божин Мудурот, Константин Стојков-Гушин, Константин Маканик, браќата Лазар и Никола Ангелови, Богоја Ѓорев, Илија Божинов, Илија Гинов, Стојко Пувте, Ѓоргија Грујов, Богоја Секулов, Павле Секулев-Глувиот и многу други на кои имињата не се запаметени; милицијата од селото Арилево меѓу кои влегоа: браќата Насте и Ѓорги Стојанови, Мирко Ѓоргиев, Софе Димов, Стојан Крстевски и други како и еден дел од милицијата од село Света на чело со стариот комита Ѓорги Ралев-Скршениот.
3. Одредот на Питу Гули да го обезбедува градот од острилечката страна и патиштата од Бирино и Трстеник. Истиот служеше и за резервен одред во случај борбите кај касарната и уќуматот да добијат неповолен тек за востаниците. Во овој одред влегоа граѓаните: Косту Божинов како секретар, и неговиот помошник Ставре К. Андревски, Ѓорги Димов како знаменосец, Ванчу Томов (Оана), Санду Андонов и други на кои имињата не се паметат и милицијата од следниве села: од Бела Црква - Стефан Талев, Атанас Ѓорев, Јонче Милошев, Петко Донев, Ангеле Меданов-Танушев, Неделко Колев, Атанас Николов, Ристе Стојанов, Митре Јосифов, Трајче Велков-Танушев, Станко Велев, Ристе Павлев, Спиро Милев, Богоја Ѓорев, Сабатко Петров, Тале Јончев, Стојан Јанкулов, Нове Стефанов, Соколе Иванов, Божин Јовев, учителот Блаже Милев, Тодор Стојанов, Ристе Стојанов, Ангеле Момиров, Веле Ангелов, Тодор Стојчев, Кочо Нешков, Веле Јанкулов, Кузман Ристев, Диме Ристев, Михаил Петрев, Илија Талев, Ѓорги Трајчев, Стефан Јовев, Петко Велев, Велко Ристев, Никола Нешков, Божин Јовев, Велко Трајчев, Атанас Петков, Петре Велев, Јосиф Димов, Павле Петрев, Никола Ристев, Тале Петков, Јонче Ристев, Павле Петрев-Рајчин, Богдан и Секула Кукески; од село Воѓани: Ангеле Наумчев, Богоја Ермановски, Павле Ѓорев, Божин Мицев, Васил Петков, Кочо Атанасов, Крсте Спасев, Крсте Илиев, Неделко Нешков, Стојче Чалоски, Васил Нешков, Неделко Јовев, Никола Нешков и други. Од село Обршани: Нове Јанкулов-Смугре, Јонче Димески, Павле Пасковски, Димче Кулев-Смугре, Димче Черовски, Недан Николов, Петре Дрлевски, Ристе Шарковски, Петре Тјутун, Даме Е. Ефтиџијовски, Богдан Дамчевски, Никола Голавода и други. Од село Пашино Рувци: Никола Геровски, Јосиф Шлакески, Тале Кадински, Илија Ристев-Јагурина, Ѓоре Кочов, Петко Кочов, Тале Цивкар, Мирче Марковски, Ристе Шутевски, Тале Крстев и други. Од село Бирино: Блаже Крстев, Коле Биринчето, Спасе Толевски, Тале Перовски и други. Во истиот одред учествуваа и милициите од село Кривогаштани со 120 луѓе со Милан Ѓурлукот, дел од милицијата од село Света меѓу кои влегоа: Ангеле Тасев, Трајко Никола Нункото, Марко Ристев Јосифовски, Велко Толев, Јове Толев, Диме Костевски, Кузман Ангелов, Петре Спасев Георгиевски, Ристе Тренчевски, Филип Лозановски, Цветан Цветковски, Цветан Цветков, Стојан Димовски, Ангеле И. Зографски, Цветан Ангеле Зуграфски и Ангеле Ристев Шишковски; Од село Журче влегоа: селскиот војвода Здраве Кузманов-Чолакот, Велко Цветанов (ранет уште во првиот ден од востанието, а при надоаѓањето на турците бил заклан заедно со мајка му), Јоанче Митрев, Пане Талев, Јове Јошев, Стеван Најдов, Миајле Најдов, селскиот водач Ѓоргов Илија-Чачон, Стефан Мангела и Јоан Колев; Од село Ивањевци: Божин Секулов, Богдан Трајчев, Тале Ангелов и Блаже Цветанов; Од село Лознани: Нове Талев, Петре Митев и Тале Велев; Од село Острилци: Кузман Николов, Најдо Стојков, браќата Диме и Цветан Вељанови, Силјан Велев, Диме Неделков и Стојан Јошев.
4. Одредот на Марко Христов-Мирче да го напаѓа градот од североисточната страна и да биде во подготвена состојба на месностите "Липа", "Спилите" и "Кале". Во овој одред влегоа Крушевчаните: Велко Пецанов и како секретар Џоџа Павле Пажтов кој подоцна преминал во одредот на Алабакот. Во истиот одред влегоа и милициите од селата Единаковци, Вардино, Бараково, Граиште и Бучин. Милиционерите од Единаковци беа - Нешко Спасовски, Петре Трпчев Котевски и Коте Атанасов; Од Бучин: Димчо Гарески, Диме Димишков, Стојче Анчевски, Даме Анчевски, Спирко Поповски, Веле Николов, Јордан Николов, Толе Хаџијовски, Неделко Шпиртот, Диме Дамјановски, Никола Петров, Стојан Богојовски и Цветан Целе Ѓоргиев.
5. Одредот на Ташку Карев да го обезбедува приодот "Којов трн".
6. Одредот на Ристо Тасев да го обезбедува приодот кај "Павлева чешма". Кој милиционери учествуваа во овие одреди не се знае. Се знае само дека во Ташковиот одред влегоа милициите од селата Растојца и Ракитница.
7. Одредот на Коста Христов да го обезбедува приодот кај "Муратова чешма". За овој одред се знае дека во него учествувала милицијата од селото Селце со 30 луѓе, а кои други милиции учествувале не се знае. Се знае само за : Насте Стојанов ( брат на херојот Стојанов од преминот "Слива"), а од селчаните се сретнуваат имињата на : Петко Толев, Стојче Божинов-Летникот, Трајче Корун, Никола Павлев Стеблески, Аризанко Бошков Трајчевски, учителот Павле Најдов, Атанаско Ристев Барески, Боге Николов Зенговски, Веле Петков Ивановски, Ристе Илиев, Стефан Талев Велјановски, браќата Мице и Злате Прусковски, Крсте Трајков Соколовски и други.
8. Одредот на Ѓурчин Наумов-Пљакот да го обезбедува патот на "Дени-камен" меѓу преминоте "Слива" и врвот "Бушова чешма" (1,791 м. надморска висина), кој го поврзува Крушево со турското село Дреново и помашкото село Пласница. Во одредот учествуваа милициите од селата Долно Дивјаци, Сланско и Кошино. Уште кои други села учествувале во овој одред не се знае. Според раководителот на сланскиот селски комитет, во одредот на Ѓурчин учествувале 34 луѓе од Сланско и 12 луѓе од Кошино. Меѓу попознатите луѓе од Сланско учествувале: Мишко Фиданов, Симеон Мицев, Илија Тодоров, Димитрија Кочов, Димитрија Колев, Никола Димев, Иван Смилев, Лазар Бошков, Ѓорги Апостолов, Цветан Велев-Маро, Милан Стефанов, Диме и Никола Влечкови, Китан Котев, Дамјан Здравев и Секула Здравев. Од Кошино: браќата Јован Долгачот, Ѓорги, Војне и Змејко. Од село Долно Дивјаци: Мице Спиров, Најдо Здравев, Блаже Тасев, Нестор Ристев, Петре Јованов, Грујо Велјанов, Стефан Трајков-Калевски, Ристе Трајков-Велевски, Томче Костадинов, Ставре Димитров, Силјан Мицков, Тренче Соколов, Јоан Велев и други.
Sunday, July 29, 2012
Greece recognizes the Macedonian language in 1916
Written in Greek:
Στο υπ’ αριθ. 1023 συμβολαιογραφικό έγγραφο που συντάχθηκε την 18η Σεπτεμβρίου 1916 στο χωριό της Εδεσσας Βλάδοβο (μετονομάσθηκε το 1926 σε Αγρας) βεβαιώνεται επίσημα από τον Ελληνα συμβολαιογράφο Λουκά Βασιλείου, ότι τόσο ο γηγενής πωλητής όσο και ο αγοραστής δεν γνωρίζουν την Ελληνική αλλά την Μακεδονική διάλεκτο
Translated into English:
In No. 1023 notarial document drawn up on 18 September 1916 in the village of Vladovo(renamed in 1926 to Agras*) in the Edessa region, officially certified by the Greek notary Louka Vasileiou, that both natives, seller and the buyer do not know Greek but only the Macedonian dialect.
Greece and the United Nations recognizes the Macedonian language in 1977
This is a OFFICIAL UN document with the title; Third United Nations
Conference on the Standardization of Geographical Names, Athens 17
August-7 September 1977.
Source: Vol. I. Report of the Conference, Athens, 17 August - 7 September 1977, United Nations Publication E.79.I.7 (1979), E/CONF.69/4.
Title page |
Page 1 |
Page 28 |
Page 29 |
Page 31 |
Source: Vol. I. Report of the Conference, Athens, 17 August - 7 September 1977, United Nations Publication E.79.I.7 (1979), E/CONF.69/4.
Saturday, July 28, 2012
Greece and the United Nations recognizes the Macedonian language in 1982
The name of this OFFICIAL document is: Fourth United Nations Conference
on the Standardization of Geographical Names, Geneva, 24 August - 14
September 1982.
Source: Vol. I. Report of the Conference, Geneva, 24 August - 14 September 1982, United Nations Publication E.83.I.7 (1983), E/CONF.74/3.
Greece never objected to the United Nations when Macedonian was used as a reference for both the language and the alphabet in the Republic.
Title page |
Page 1 |
Page 19 |
Source: Vol. I. Report of the Conference, Geneva, 24 August - 14 September 1982, United Nations Publication E.83.I.7 (1983), E/CONF.74/3.
Greece never objected to the United Nations when Macedonian was used as a reference for both the language and the alphabet in the Republic.
Sunday, July 22, 2012
Macedonian survivors of the Volturno ship disaster, 1913
Picture of the Volturno |
On October 9, 1913 in the early morning, a fire broke out on the Volturno, then in the mid Atlantic in a heavy storm and high seas. What caused it? It would seem that nobody knows for sure. Possibly it was caused by a Russian steerage passenger who was smoking a cigarette on board. To avoid being caught and a $5 fine for smoking, he may have dropped his cigarette through a hole in the deck. The hold directly beneath contained the passengers’ luggage, which soon was burning fiercely. More likely it was that the casks of stored chemicals broke free as the ship rolled in the heavy seas and that those chemicals then smouldered and burst into flames. Regardless of the reason, fire did break out and spread through the ship. Four crewmen lost their lives in the flames. Three great explosions occurred. A distress call was sent out by the then relatively new ‘wireless’. Lifeboats were lowered into the high seas and capsized or were crushed.
Eleven ships responded and raced to the scene, the first to arrive being the Carmania. Rescue was attempted but boats sent out at great risk were unable to pick up passengers due to the rough sea. The ship continued to burn and the desperate passengers assembled at the stern of the vessel. Next morning, the gale had subsided and the sea was calmer, calmed no doubt in part by heavy oil, spread on the sea by the tanker Narragansett. The fleet took off a total of 520 survivors (per Board of Trade Inquiry Report 457 passengers and 63 crew), with the Grosser Kurfürst taking the most survivors (106). Captain Inch was the last person to leave the stricken vessel with the ship’s papers in hand and with his dog in his arms. So 134 people died. The incident was witnessed by all of that assembled fleet, unable to help for many many hours until the weather and sea conditions improved.
“The Janesville Daily Gazette” Monday, November 10, 1913 |
And here is list of survivors who were taken to shore at Ellis Island New York by the Campanello. Kolu Sapundieff looks interesting.
The original ship manifesto of the Campanello, Ellis Island immigration records |
Here is the passenger record for Kolu Sapundieff, obviously Macedonian.
Macedonian a race according to US Bureau of Immigration 1899
Here is another interresting article from July 1910. Macedonian is mentioned as a separate race in Turkey in Europe, Bulgaria and Greece, used by the United States Bureau of Immigration since 1899.
The article is called “The Economic Investigations of the United States Immigration Commission” by W. Jett Lauck, published in “The Journal of Political Economy”, Vol. 18, No. 7, (Jul., 1910), pp. 525-549. This is from page 527.
The article is called “The Economic Investigations of the United States Immigration Commission” by W. Jett Lauck, published in “The Journal of Political Economy”, Vol. 18, No. 7, (Jul., 1910), pp. 525-549. This is from page 527.
Sunday, July 15, 2012
Цветко Трајков
Цветко Трајков е македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати.
Трајков е роден во Ресен, тогаш во Османлиската империја. Се вклучил во македонското револуционерно движење, дел од структурите на Македонскиот комитет во Софија и станал телохранител на Борис Сарафов.
Во 1900 година имал околу 40 или 50 години и бил тешко болен од туберкулоза.
Дошол во Солун и им се придружил на Гемиџиите. Како нивни член учествувал во Солунските атентати. Тој добил задача да го ликвидира солунскиот валија Хасан Фехми Паша.
Според Павел Шатев, Цветков атентатот врз валијата сакал да го изврши пред главните напади но останатите атентатори го убедиле да почека, бидејќи убиството на валијата би можело да ја раздвижи полицијата и војската и со тоа да дојде до откривање на атентатите.
По главните напади, Цветко го следел валијата кој се обидувал да го убеди населението дека ќе биде воспоставен редот и мирот во Солун.
На 1 мај (нов стил) во квартот „Пиргите”, Трајков прави обид за извршување на атентатот, но телохранителите на валијата го оттргнале од пајтонот и тој се оддалечил малку ја активирал бомбата седнал врз неа и се разнел пред очите на валијата.
Трајков е роден во Ресен, тогаш во Османлиската империја. Се вклучил во македонското револуционерно движење, дел од структурите на Македонскиот комитет во Софија и станал телохранител на Борис Сарафов.
Во 1900 година имал околу 40 или 50 години и бил тешко болен од туберкулоза.
Дошол во Солун и им се придружил на Гемиџиите. Како нивни член учествувал во Солунските атентати. Тој добил задача да го ликвидира солунскиот валија Хасан Фехми Паша.
Според Павел Шатев, Цветков атентатот врз валијата сакал да го изврши пред главните напади но останатите атентатори го убедиле да почека, бидејќи убиството на валијата би можело да ја раздвижи полицијата и војската и со тоа да дојде до откривање на атентатите.
По главните напади, Цветко го следел валијата кој се обидувал да го убеди населението дека ќе биде воспоставен редот и мирот во Солун.
На 1 мај (нов стил) во квартот „Пиргите”, Трајков прави обид за извршување на атентатот, но телохранителите на валијата го оттргнале од пајтонот и тој се оддалечил малку ја активирал бомбата седнал врз неа и се разнел пред очите на валијата.
Владимир Пингов
Владимир Пингов (познат и како Владе Пингов и Ладе Пингов) е македонски револуционер - анархист, член на илегалниот терористички кружок Гемиџии, извршител на познатите Солунски атентати во 1903 година.
Роден е во Велес. Се одликувал со весел дух и неверојатна ладнокрвност која ќе влијае смирувачки врз неговите другари во решавачките моменти.
Пред изршувањето на солунските атентати изнајмува дуќан-берберница во Солун, кој бил само камуфлажа на акцијата за прокопување на подземен тунел што водел до Отоманската банка.
Заедно со Марко Бошнаков на 29 април 1903 година, ќе се обидат да ги кренат во воздух Топането и хотелот „Вардар“.
Меѓутоа ненадејно ги пресретнуваат турски војници. Во престрелката Бошњаков е заробен, а тој загинува.
Димитар Мечев
Димитар Мечев, познат под прекарот Диме Мечето, е македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати.
Димитар Мечев е роден 1870 година во Велес, тогаш во Османлиската империја. Основно образование завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.
Во оваа гимназија се запознал со анархистичките идеи и станал член на Гемиџиите.
Како таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година. На 28 април (нов стил) Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, при што од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.
Следниот ден, Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за осветлување, но не успеале бидејќи стражарот ги избркал. Потоа, Мечев и Трчков се разделиле, а Мечев фрлил неколку бомби пред хотелот Египет. По атентатите Мечев и Трчков се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Откако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.
Димитар Мечев е роден 1870 година во Велес, тогаш во Османлиската империја. Основно образование завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.
Во оваа гимназија се запознал со анархистичките идеи и станал член на Гемиџиите.
Како таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година. На 28 април (нов стил) Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, при што од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.
Следниот ден, Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за осветлување, но не успеале бидејќи стражарот ги избркал. Потоа, Мечев и Трчков се разделиле, а Мечев фрлил неколку бомби пред хотелот Египет. По атентатите Мечев и Трчков се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Откако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.
Јордан Поп Јорданов - Орцето
Јордан Поп Јорданов - Орцето (познат и само под прекарот Орце) (Велес, 1881 – 17 април 1903) бил македонски револуционер - анархист, член на илегалниот терористички кружок Гемиџии кој кон крајот на април 1903 година ги извршил познатите Солунски атентати врз објекти кои целосно или делумно биле во сопственост на западноевропските капиталистички земји и турските власти.
Роден е во Велес, како помлад брат на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов. Се школува во родниот град и Солунската бугарска машка гимназија. Како шестокласник го прекинува образованието и заминува во Софија од каде се префрлува во Солун.
Тој е еден од поистакнатите членови на Гемиџиите, а подоцна и негов водач. Претходно среќавајќи се со Слави Мерџанов во Цариград (1899), ја прифаќа неговата идеја за минирање на Отоманската банка во Солун и настојува да ја реализира.
Договорено е подземниот тунел до банката да се копа од изнајмениот дуќан берберница на Владимир Пингов. Тунелот ќе биде прокопан во одредениот рок, но акцијата ќе биде одложена.
На 29 април 1903 тој ќе го активира динамитот во прокопаниот тунел и ќе ја крене во воздух Отоманската банка. Потоа фрла бомби пред хотелот „Салоник“.
Загинува херојски на 30 април 1903 во куќата во која што живеел, фрлајќи ги последните бомби врз турските војници кои го држеле под опсада.
Орцето бил бескраен идеалист. Тој и со својата смрт сакал да биде корисен за револуционерното дело и својата татковина Македонија.
Тој непосредно пред Солунските атентати се осигурал во друштвото Њујорк на 10 000 франци и тоа на иметото Симеон Радев.
Орцето го замолил Симеон Радев осигураните 10 000 франици по неговата смрт да му ги предаде на Борис Сарафов затоа што тој им дал 10 000 франци на Гемиџиите и ги помагал на разни начини. Во писмотото до Радев, тој истакнал:
"Пред неколку месеци се осигурав на 10 000 франци, која сума по мојата смрт ќе ти биде испалтена. Сакам и со мојата смрт да бидам во полза на делото, за кое живеев, работев и ќе умрам - делото за ослободување на нашата скапа и сакана Македонија."
Роден е во Велес, како помлад брат на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов. Се школува во родниот град и Солунската бугарска машка гимназија. Како шестокласник го прекинува образованието и заминува во Софија од каде се префрлува во Солун.
Тој е еден од поистакнатите членови на Гемиџиите, а подоцна и негов водач. Претходно среќавајќи се со Слави Мерџанов во Цариград (1899), ја прифаќа неговата идеја за минирање на Отоманската банка во Солун и настојува да ја реализира.
Договорено е подземниот тунел до банката да се копа од изнајмениот дуќан берберница на Владимир Пингов. Тунелот ќе биде прокопан во одредениот рок, но акцијата ќе биде одложена.
На 29 април 1903 тој ќе го активира динамитот во прокопаниот тунел и ќе ја крене во воздух Отоманската банка. Потоа фрла бомби пред хотелот „Салоник“.
Загинува херојски на 30 април 1903 во куќата во која што живеел, фрлајќи ги последните бомби врз турските војници кои го држеле под опсада.
Орцето бил бескраен идеалист. Тој и со својата смрт сакал да биде корисен за револуционерното дело и својата татковина Македонија.
Тој непосредно пред Солунските атентати се осигурал во друштвото Њујорк на 10 000 франци и тоа на иметото Симеон Радев.
Орцето го замолил Симеон Радев осигураните 10 000 франици по неговата смрт да му ги предаде на Борис Сарафов затоа што тој им дал 10 000 франци на Гемиџиите и ги помагал на разни начини. Во писмотото до Радев, тој истакнал:
"Пред неколку месеци се осигурав на 10 000 франци, која сума по мојата смрт ќе ти биде испалтена. Сакам и со мојата смрт да бидам во полза на делото, за кое живеев, работев и ќе умрам - делото за ослободување на нашата скапа и сакана Македонија."
Марко Бошнаков
Марко Бошнаков бил македонски анархист, учесник во македонското револуционерно движење и член на Гемиџиите.
Бошнаков е роден 1878 година во Охрид, Македонија. Станал член на Гемиџиите додека учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и учествувал во Солунските атентати.
Тој го изнајмил дуќанот од спротивната страна од Отоманкста банка во Солун, од таму се ископувал тунел до темелите на банката и бил поставен динамитот. Подоцна во тој дуќан Јордан Поп Јорданов го запалили фитилот и ја разнел Отоманската банка.
Тој е еден од четворицата Гемиџии (Павел Шатев, Георги Богданов и Милан Арсов) кои биле уапсени и изведени пред специјален суд.
Сите четворица биле осудена на смрт, но подоцна казната била преиначена во доживотен затвор. Марко Бошнаков умрел на 15 февруари 1908 година в Мурзук, во либиската провинција Фезан.
Неговиот череп од страна на Павел Шатев и Богданов бил донесен во Македонија. Веста за смрта на Марко Бошнаков е забелажана и во некрологот кој го издава Охридското друштво за помош,во кој се вели:
"На 14 фебруари т.г. во турските затвори во Триполи - Африка -,далеку од Татковината,роднините и пријателите ,склопил очи уште еден херој за македонската слобода,уште една скапа жртва од онаа редица борци,едни од кои ги оставија своите коски по македонските гори со пушка во раце,а други во влажните турски зандани по разни краишта на империјата."
Остатоците, т.е. главата на Марко Бошнаков била сместена во украсно дрвено ковчеже и била погребена на гробиштата во црквата Св. Богородица Перивлепта. Но помеѓу двете светски војни, поради отстранување на влага во црквата, извршено е отстранување на земја од северната, од источната и од западната страна, при што било извршено и отстранување на гробовите што се наоѓале на овој простор.
Посмртните остатоци од сите гробови, меѓу кои и остатоците од Марко Бошнаков, биле пренесени во црквата Св. Константин и Елена, која потоа станала еден вид костурница.
Илија Трчков
Илија Трчков е македонски револуционер, член на Гемиџиите и еден од солунски атентатори.
Илија Трчков е роден 1884 година во Велес, тогаш во Османлиската империја. Основно образование завршил во росниот град, а школувањето го продолжил во Солун, во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.
Додека таму се школувал се запознал со анархистичките идеии и станал дел од Гемиџиите, а коко таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година.
На 15 април Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.
На 16 април Димитар Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за осветлување, но неуспеале бидејќии стражарот ги избркал.
По неуспехот тие се разделиле, а Трчков фрлил бомба во австриската пошта, гавазот обидувајќи се да ја исфрли бомбата, му експлодирала во раце.
По атентатите Мечев и Трчов се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Одкако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.
Георги Богданов
Георги Богданов е македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори.
Георги Богданов е роден во Велес, тогаш во рамките на Османлиската Империја. Основното образование го завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во оваа гимназија се запознава со анархистичките идеи на Гемиџиите и станува дел од нив.
Како деец на Гемиџиите учествува во Солунските атентати и на 29 април (нов стил) фрла бомба пред кафеаната Ноја. Уапсен е следниот ден. На судењето кажал информации со кои ги довел во неповолна ситуација останатите дејци.Од специјален воен суд Богданов, заедно со Павел Шатев, Марко Бошнаков и Милан Арсов е осуден на смрт. Казната ја чекал во солунскиот затвор заедно со останатите атентатори, но таа им била преиначена во доживотен затвор и заедно со останатите преживеани гемиџии во 1905 година бил испратен на Фезан во Африка.
По Младотурската револуција бил помилуван и заедно со Павел Шатев се вратил во Македонија.
Во 1914 година Богданов влегол во Комитетот на дезеретерите кој се спротивставил на обидот на српските власти да мобилизираат Македонци во Првата светска војна.
Милан Арсов
Милан Арсов е македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори.
Милан Арсов е роден во Ораовец, тогаш во рамките на Османлиската империја. Учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и Битолската машка егзархиска гимназија но не ги завршил .
Во Солун се запознал со анрахистичките идеи на Гемиџиите и станал дел од нив. Како таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година.
На 28 април (нов стил) Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.
Следниот ден Арсов фрлил бомба во летииот театар Алхамбра, крај морето. Иако намерно бил оставен подолг фитил, за да нема човечки жртви, загинал еден келнер.
Арсов е еден од четворицата преживеани гемиџии кој биле изведени пред специјален воен суд. Заедно со Павел Шатев, Георги Богданов и Марко Бошнаков е осуден на смрт, но казната била преиначена во доживотен затвор и тој, заедно со останатите атентатори, бил испратен на Фезан во Африка.
На 8 јули 1908 година во Мурзук починал од туберкулоза. Неговиот череп од страна на Павел Шатев и Георги Богданов бил вратен во Македонија.
Константин Кирков
Константин Кирков (познат и како Костадин Кирков) (1882 - 1903) бил македонски револуционер - анархист, член на тајниот терористички кружок Гемиџии кој ги извел познатите Солунски атентати кон крајот на април 1903 година во Солун.
Роден е во Велес, во видно македонско трговско семејство. Го сметале за инкарнација на „возвишен идеализам“, за голем индивидуалист и фанатичен приврзаник на анархизмот. Надворешно важел за младич со префинет изглед.
На 28 април 1903 година (нов стил) Кирков прво ги минира цевките низ кои поминува вода и гас кај т.н. серска железничка станица во Солун, а потоа фрла една бомба помеѓу луѓето пред „Гранд хотелот“.
На 30 април загинал при обидот да ја крене во воздух телеграфската станица во текот на Солунските атентати, а тоа воедно бил и последен атентат.
Кирков бил вљубен во убавата внука на сопственикот на тогашната Отоман банк, Алис.
Павел Шатев
Павел Шатев (Кратово, 15 јуни 1882 (нов стил) - Битола, 30 јануари 1951) бил македонски револуционер, член на Гемиџиите и еден од солунските атенатори. Подоцна станува еден од основачите на ВМРО (Обединета), а по ослободувањето на Македонија - прв министер за правосудство.
Основното училиште го завршува во родниот град, а потоа се запишува во прогимназијата во Скопје. Натаму, во 1896 година своето образование го продолжува во Солунската бугарска машка гимназија, каде во 1900 година успешно матурира.
Истовремено се приклучува на Гемиџиите. Тие во април 1903 година ја изведуваат својата акција во Солун, копнеејќи за еден друг свет, свет без господари и робови, во кој сите ќе живеат слободни и рамноправни. Шатев е задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Оваа акција е успешно извршена, при што бродот бил запален, а и сите патници се спасени.
Уапсен е и на судскиот процес на 6 јуни 1903 година е осуден на смртна казна. Исчекувајќи го три години извршувањето на смртната казна во солунскиот затвор Еди Куле, на 23 април 1906 година, неочекувано, смртната казна му е заменета со доживотен затвор во Фезан, во Сахара.
Во 1908 година, по Младотурската револуција, добива амнестија и повторно доаѓа во Солун.
Во текот на Првата светска војна е мобилизиран во бугарската војска, а по војната активно се вклучува во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија.
Во декември 1921 година, на Основачкиот конгрес на Македонската емигрантска федеративна организација е избран за нејзин претседател.
Воспоставува соработка со претставниците на Коминтерната и СССР во Софија и од 1923 година станува професионален разузнавач за СССР.
Игра важна улога во потпишувањето на Мајскиот манифест, а од 1925 година активно учествува во дејствувањето на ВМРО (Обединета). Во 1931 година се враќа во Бугарија.
Во ноември 1941 година е уапсен од бугарската полиција, а во јуни 1942 година на големиот судски процес против комунистите е осуден на 15 години затвор.
По кусиот престој во Македонија, заминува во Брисел, каде студира на Правниот факултет.
По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година се враќа во Македонија и се вклучува во политичкиот живот на македонската република. На 27 октомври 1944 година е кооптиран за делегат на АСНОМ, на Второто заседание на АСНОМ, одржано на 30 декември 1944 година, е избран за член на Президиумот на АСНОМ, а во април 1945 година станува прв министер за правосудство во првата Влада на слободна Македонија. На таа функција останува една и пол година, до изборот на нова влада, на 31 декември 1946 година.
Шатев влегува во судир со комунистичкото раководство на Македонија. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, Шатев застанува на страната на советската партија. На 1 октомври 1948 година, заедно со Панко Брашнаров, до ЦК на Советската комунистичка партија упатува доверливо писмо во кое се тврди дека „прашањето за обединување на македонскиот народ уште од самиот почеток се поткопа поради неговото неправилно поставување од страна на ЦК КПЈ во смисла обединета Македонија да се присоедини кон ФНРЈ, без да се води сметка за посебните, специфични услови, ниту за братските соседни земји...“
На 16 јуни 1949 година Шатев е уапсен „како непријател на државата“ и набрзо, на 27 јуни, му е одземен пратеничкиот имунитет. Во истражниот затвор во Скопје е задржан 11 месеци, до мај 1950 година по што е испратен во Битола, во домашен притвор. Лишен е од контакти со надворешни лица и држан е во тешки услови. Набрзо се разболува и, бидејќи не му било дозволено да се лекува, починува во јануари 1951 година.
Властите не дозволуваат да биде погребан во родното Кратово. Закопан е на битолските гробишта, без дозвола на погребот да присуствуваат неговите најблиски.
Документ од сослушувањето на Шатев |
Да се создаде едно самостојно политичко постоење како единствен македонски народ, слободно да се развива во културно-просветна смисла, да соработува во политички и економски однос со сите други народи во балканските држави, беше заветуван сон, фантазија за секој Македонец. И сега, смело можеме да изјавиме, сметајќи дека го изразуваме мислењето скоро на сите Македонци, дека нема поголемо морално задоволство за Македонците од тоа, македонскиот народ да биде во неразделни културни, политички и еконеомски врски со народите на балканските држави, но истовремено е јасно и за последниот Македонец, за да можемакеоднското население правилно да се развива културно, политички и социјално, потребно е Македонија да се одвои во оделна политичка единица, во оделна држава. Идеалот на Македонецот е создавање на една Татковина, оделна македонска држава, со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот.
Friday, July 13, 2012
Стари Разгледници од Македонија
Разгледница Монастир,Македонија,плоштад,минаре |
Разгледница Монастир,Македонија,вода,шеталиште,луѓе |
Разгледница Монастир,Македонија,британци во околината на Кукуш |
Разгледница Скопје,Македонија,текстил на пазар |
Разгледница Велес,Македонија,планини, карпи,река |
Разгледниза Охрид,Македонија,Охридско Езеро,куќи на брегот |
Разгледница Бер,Македонија,болница,земја,шума |
Разгледница Скопје,Македонија занаетчии |
Разгледница Воден,Македонија,македонска градба во село |
Разгледница Скопје,Македонија,главниот пат што води кон турскиот кварт |
Стари Разгледници од Македонија
Разгледница Скопје,Македонија,со поглед мостот и на Цитаделата |
Разгледница Скопје,Македонија,камен споменик,река |
Разгледница Македонија |
Разгледница Солун,Македонија панорама,населено место,река |
Разгледница Македонија,Врв Кајмакчалан |
Разгледница Скопје,Македонија |
Разгледница Скопје,Македонија,со поглед на покривите и на градот |
Разгледница Неготино,Македонија,фонтана,велосипедисти |
Разгледница Велес,Македонија,Вардар,железничка пруга |
Subscribe to:
Posts (Atom)