Георги Богданов е македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори.
Георги Богданов е роден во Велес, тогаш во рамките на Османлиската Империја. Основното образование го завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во оваа гимназија се запознава со анархистичките идеи на Гемиџиите и станува дел од нив.
Како деец на Гемиџиите учествува во Солунските атентати и на 29 април (нов стил) фрла бомба пред кафеаната Ноја. Уапсен е следниот ден. На судењето кажал информации со кои ги довел во неповолна ситуација останатите дејци.Од специјален воен суд Богданов, заедно со Павел Шатев, Марко Бошнаков и Милан Арсов е осуден на смрт. Казната ја чекал во солунскиот затвор заедно со останатите атентатори, но таа им била преиначена во доживотен затвор и заедно со останатите преживеани гемиџии во 1905 година бил испратен на Фезан во Африка.
По Младотурската револуција бил помилуван и заедно со Павел Шатев се вратил во Македонија.
Во 1914 година Богданов влегол во Комитетот на дезеретерите кој се спротивставил на обидот на српските власти да мобилизираат Македонци во Првата светска војна.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.