Димитар Мечев, познат под прекарот Диме Мечето, е македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати.
Димитар Мечев е роден 1870 година во Велес, тогаш во Османлиската империја. Основно образование завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.
Во оваа гимназија се запознал со анархистичките идеи и станал член на Гемиџиите.
Како таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година. На 28 април (нов стил) Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, при што од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.
Следниот ден, Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за осветлување, но не успеале бидејќи стражарот ги избркал. Потоа, Мечев и Трчков се разделиле, а Мечев фрлил неколку бомби пред хотелот Египет. По атентатите Мечев и Трчков се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Откако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.