Планот за заземање на Крушево 30 јули 1903 година
30
Јули 1903 - На Биринската Планина, Крушевскиот востанички штаб одржал
состанок на кој присуствувале Никола Карев, Тома Никлев, Иван
Наумов-Алабакот, Андреја Димов-Докурчев, Питу Гули и потпоручникот Тодор
Христов. Тогаш дефинитивно бил завршен планот за заземање на Крушево и
биле поделени задачите на одредите. Тајноста за нападот била чувана, а
во градот за него знаеле само Григор Божинов и Тодор Павлов, кои се
распоредиле на одредените места и подготвени го очекувале сигналот за
почеток.
|
Никола Карев |
|
Тома Никлев |
|
Иван Наумов - Алабакот |
|
Андреја Димов - Докурчев |
|
Питу Гули |
|
Тодор Христов |
Борците
биле распределени во 8 одреди раководени од следниве лица: војвода
Андреја Димов-Докурчев со помошник Коста Попето, војвода Иван
Наумов-Алабакот од град Велес, војвода Питу Гули од Крушево со помошник
Влаже Крстев од село Бирино, Крушевско, војвода Ѓурчин Наумов-Пљакот од
село Сланско, војвода Марко Христов-Мирче од село Сопотница, војвода
Ристо Ташев-Црниот од село Воѓани, војвода Коста Христов од село
Годивле, Охридско и војводата Ташко Карев од Крушево.
Задачата на секој одред била следна:
1.
Одредот на Андреја Димов-Докурчев да влезе во градот и да го заземе
уќуматот, беледието, телеграфско-поштенската станица и домовите на
државните власти. Во тој одред влегоа граѓаните: Ванѓу Топуз, Ташко
Кукев, Ташко Топуз, Миле Поп Крстев, Иван Поп Димитриев, Миха Алексов,
Сотир Штере-Куфичот, Гочо Џавку, Петра Паре, Лаќу Конче, Тоду Борјар,
Таќу Кондарков, Костју Лапев, Насте Стојанов и други 52 лица од
милициите од селата: Крушеани и Света меѓу кои се знаат крушеанците:
браќата Никола, Петре, Митре и Петко Ѓоргови, Ристе Најдов, Павле
Стојанов, Богоја Мирчев, Јордан Грозданов, браќата Здраве и Атанас
Пречкови, Јован Бутраков и Најдо Диворак, а од Света: Спасе стрикото.
2.
Одредот на Иван Наумов-Алабакот да влезе во градот и да ја заземе
касарната. Во тој одред влегоа граѓаните: Тошо Поп Христов како
секретар, браќата Коле, Ѓорги и Алексо Ивановски, Таќу Костов-Ашлакот,
Ванѓу Ѓорчев-Белич, Мате Сечков, Мате Лазев, Ванчу Котев-Белувчето,
Методи Стојчев, Ѓорги Котев-Доткошев и други и милицијата од село Пуста
Река меѓу кои беа браќата Наке, Јосиф и Тирчо Цветанови, Секула
Силјанов, Дафиле Димов, Коле Цветанов, браќата Дуко и Тасе Најдови, Лозе
Мицев, Ристе Кузманов, Насте Велев, Мицко Павлев, Димо Спасов, Богоја
Павлев, Јоан Стојков, Никодин Марков, Миладин Велев, Константин
Димитриев, Стојче Велев, Ристе Ѓоргиев, Иван Петров, Србин Цветанов,
Василе Стојанов, Билбиле Божинов, Милош Најдов, Томче Ристев, Богоја
Кузманов, Андреја Велев, Богоја Илиев-Чикулецот и други; милицијата од
село Горно Дивјаци од кои влегоа: Ристе Гинов, Божин Мудурот, Константин
Стојков-Гушин, Константин Маканик, браќата Лазар и Никола Ангелови,
Богоја Ѓорев, Илија Божинов, Илија Гинов, Стојко Пувте, Ѓоргија Грујов,
Богоја Секулов, Павле Секулев-Глувиот и многу други на кои имињата не се
запаметени; милицијата од селото Арилево меѓу кои влегоа: браќата Насте
и Ѓорги Стојанови, Мирко Ѓоргиев, Софе Димов, Стојан Крстевски и други
како и еден дел од милицијата од село Света на чело со стариот комита
Ѓорги Ралев-Скршениот.
3.
Одредот на Питу Гули да го обезбедува градот од острилечката страна и
патиштата од Бирино и Трстеник. Истиот служеше и за резервен одред во
случај борбите кај касарната и уќуматот да добијат неповолен тек за
востаниците. Во овој одред влегоа граѓаните: Косту Божинов како
секретар, и неговиот помошник Ставре К. Андревски, Ѓорги Димов како
знаменосец, Ванчу Томов (Оана), Санду Андонов и други на кои имињата не
се паметат и милицијата од следниве села: од Бела Црква - Стефан Талев,
Атанас Ѓорев, Јонче Милошев, Петко Донев, Ангеле Меданов-Танушев,
Неделко Колев, Атанас Николов, Ристе Стојанов, Митре Јосифов, Трајче
Велков-Танушев, Станко Велев, Ристе Павлев, Спиро Милев, Богоја Ѓорев,
Сабатко Петров, Тале Јончев, Стојан Јанкулов, Нове Стефанов, Соколе
Иванов, Божин Јовев, учителот Блаже Милев, Тодор Стојанов, Ристе
Стојанов, Ангеле Момиров, Веле Ангелов, Тодор Стојчев, Кочо Нешков, Веле
Јанкулов, Кузман Ристев, Диме Ристев, Михаил Петрев, Илија Талев,
Ѓорги Трајчев, Стефан Јовев, Петко Велев, Велко Ристев, Никола Нешков,
Божин Јовев, Велко Трајчев, Атанас Петков, Петре Велев, Јосиф Димов,
Павле Петрев, Никола Ристев, Тале Петков, Јонче Ристев, Павле
Петрев-Рајчин, Богдан и Секула Кукески; од село Воѓани: Ангеле Наумчев,
Богоја Ермановски, Павле Ѓорев, Божин Мицев, Васил Петков, Кочо
Атанасов, Крсте Спасев, Крсте Илиев, Неделко Нешков, Стојче Чалоски,
Васил Нешков, Неделко Јовев, Никола Нешков и други. Од село Обршани:
Нове Јанкулов-Смугре, Јонче Димески, Павле Пасковски, Димче
Кулев-Смугре, Димче Черовски, Недан Николов, Петре Дрлевски, Ристе
Шарковски, Петре Тјутун, Даме Е. Ефтиџијовски, Богдан Дамчевски, Никола
Голавода и други. Од село Пашино Рувци: Никола Геровски, Јосиф Шлакески,
Тале Кадински, Илија Ристев-Јагурина, Ѓоре Кочов, Петко Кочов, Тале
Цивкар, Мирче Марковски, Ристе Шутевски, Тале Крстев и други. Од село
Бирино: Блаже Крстев, Коле Биринчето, Спасе Толевски, Тале Перовски и
други. Во истиот одред учествуваа и милициите од село Кривогаштани со
120 луѓе со Милан Ѓурлукот, дел од милицијата од село Света меѓу кои
влегоа: Ангеле Тасев, Трајко Никола Нункото, Марко Ристев Јосифовски,
Велко Толев, Јове Толев, Диме Костевски, Кузман Ангелов, Петре Спасев
Георгиевски, Ристе Тренчевски, Филип Лозановски, Цветан Цветковски,
Цветан Цветков, Стојан Димовски, Ангеле И. Зографски, Цветан Ангеле
Зуграфски и Ангеле Ристев Шишковски; Од село Журче влегоа: селскиот
војвода Здраве Кузманов-Чолакот, Велко Цветанов (ранет уште во првиот
ден од востанието, а при надоаѓањето на турците бил заклан заедно со
мајка му), Јоанче Митрев, Пане Талев, Јове Јошев, Стеван Најдов, Миајле
Најдов, селскиот водач Ѓоргов Илија-Чачон, Стефан Мангела и Јоан Колев;
Од село Ивањевци: Божин Секулов, Богдан Трајчев, Тале Ангелов и Блаже
Цветанов; Од село Лознани: Нове Талев, Петре Митев и Тале Велев; Од село
Острилци: Кузман Николов, Најдо Стојков, браќата Диме и Цветан
Вељанови, Силјан Велев, Диме Неделков и Стојан Јошев.
4.
Одредот на Марко Христов-Мирче да го напаѓа градот од североисточната
страна и да биде во подготвена состојба на месностите "Липа", "Спилите" и
"Кале". Во овој одред влегоа Крушевчаните: Велко Пецанов и како
секретар Џоџа Павле Пажтов кој подоцна преминал во одредот на Алабакот.
Во истиот одред влегоа и милициите од селата Единаковци, Вардино,
Бараково, Граиште и Бучин. Милиционерите од Единаковци беа - Нешко
Спасовски, Петре Трпчев Котевски и Коте Атанасов; Од Бучин: Димчо
Гарески, Диме Димишков, Стојче Анчевски, Даме Анчевски, Спирко Поповски,
Веле Николов, Јордан Николов, Толе Хаџијовски, Неделко Шпиртот, Диме
Дамјановски, Никола Петров, Стојан Богојовски и Цветан Целе Ѓоргиев.
5. Одредот на Ташку Карев да го обезбедува приодот "Којов трн".
6.
Одредот на Ристо Тасев да го обезбедува приодот кај "Павлева чешма".
Кој милиционери учествуваа во овие одреди не се знае. Се знае само дека
во Ташковиот одред влегоа милициите од селата Растојца и Ракитница.
7.
Одредот на Коста Христов да го обезбедува приодот кај "Муратова чешма".
За овој одред се знае дека во него учествувала милицијата од селото
Селце со 30 луѓе, а кои други милиции учествувале не се знае. Се знае
само за : Насте Стојанов ( брат на херојот Стојанов од преминот
"Слива"), а од селчаните се сретнуваат имињата на : Петко Толев, Стојче
Божинов-Летникот, Трајче Корун, Никола Павлев Стеблески, Аризанко Бошков
Трајчевски, учителот Павле Најдов, Атанаско Ристев Барески, Боге
Николов Зенговски, Веле Петков Ивановски, Ристе Илиев, Стефан Талев
Велјановски, браќата Мице и Злате Прусковски, Крсте Трајков Соколовски и
други.
8.
Одредот на Ѓурчин Наумов-Пљакот да го обезбедува патот на "Дени-камен"
меѓу преминоте "Слива" и врвот "Бушова чешма" (1,791 м. надморска
висина), кој го поврзува Крушево со турското село Дреново и помашкото
село Пласница. Во одредот учествуваа милициите од селата Долно Дивјаци,
Сланско и Кошино. Уште кои други села учествувале во овој одред не се
знае. Според раководителот на сланскиот селски комитет, во одредот на
Ѓурчин учествувале 34 луѓе од Сланско и 12 луѓе од Кошино. Меѓу
попознатите луѓе од Сланско учествувале: Мишко Фиданов, Симеон Мицев,
Илија Тодоров, Димитрија Кочов, Димитрија Колев, Никола Димев, Иван
Смилев, Лазар Бошков, Ѓорги Апостолов, Цветан Велев-Маро, Милан
Стефанов, Диме и Никола Влечкови, Китан Котев, Дамјан Здравев и Секула
Здравев. Од Кошино: браќата Јован Долгачот, Ѓорги, Војне и Змејко. Од
село Долно Дивјаци: Мице Спиров, Најдо Здравев, Блаже Тасев, Нестор
Ристев, Петре Јованов, Грујо Велјанов, Стефан Трајков-Калевски, Ристе
Трајков-Велевски, Томче Костадинов, Ставре Димитров, Силјан Мицков,
Тренче Соколов, Јоан Велев и други.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.