Sunday, July 15, 2012

Илија Трчков


Илија Трчков е македонски револуционер, член на Гемиџиите и еден од солунски атентатори.
Илија Трчков е роден 1884 година во Велес, тогаш во Османлиската империја. Основно образование завршил во росниот град, а школувањето го продолжил во Солун, во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.
Додека таму се школувал се запознал со анархистичките идеии и станал дел од Гемиџиите, а коко таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година.
На 15 април Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.
На 16 април Димитар Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за осветлување, но неуспеале бидејќии стражарот ги избркал.
По неуспехот тие се разделиле, а Трчков фрлил бомба во австриската пошта, гавазот обидувајќи се да ја исфрли бомбата, му експлодирала во раце.
По атентатите Мечев и Трчов се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Одкако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.


No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.