Константин Кирков (познат и како Костадин Кирков) (1882 - 1903) бил македонски револуционер - анархист, член на тајниот терористички кружок Гемиџии кој ги извел познатите Солунски атентати кон крајот на април 1903 година во Солун.
Роден е во Велес, во видно македонско трговско семејство. Го сметале за инкарнација на „возвишен идеализам“, за голем индивидуалист и фанатичен приврзаник на анархизмот. Надворешно важел за младич со префинет изглед.
На 28 април 1903 година (нов стил) Кирков прво ги минира цевките низ кои поминува вода и гас кај т.н. серска железничка станица во Солун, а потоа фрла една бомба помеѓу луѓето пред „Гранд хотелот“.
На 30 април загинал при обидот да ја крене во воздух телеграфската станица во текот на Солунските атентати, а тоа воедно бил и последен атентат.
Кирков бил вљубен во убавата внука на сопственикот на тогашната Отоман банк, Алис.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.