Sunday, September 4, 2011

Борка Талески



Роден е на 19 август 1921 година.По завршувањето на основното училиште се запишал во Битолската гимназија.Како гимназијалец го издавал часописот ПОДМЛАДОК кој излегувал во Крагуевац.Објавувани се и неговите филозофски расправи кои ги пишувал кога имал само 17 години.
По завршувањето на средното училиште се запишал на медицинскиот факултет во Белград.Учествувал во разни демонстрации и судири со полицијата.
За член на КПЈ е примен 1939 година во Белград.Кога се вратил во Прилеп се вклучил во револуционерното движење на градот.На 2 август 1940 бил еден од говорниците на големата Илинденска демонстрација.Веднаш по демонстрацијата бил уапсен и осуден во Белград.Затворската казна ја издржувал во затворот на Ада Циганлија.
Во април 1941 година повторно се враќа во Прилеп каде станува член на месниот комитет на КПЈ.На 11 октомври учествува во партизанскиот напад во Прилеп со што и започнува вооруженото востание во Македонија против Бугарскиот окупатор.Борка бил голем противник на пробугарските струи во македонското политичко раководство поради што и бил исклучен од комитетот.
На 2 март 1942 година Борка Талески заедно со Лазар Колевски се наоѓаат во селото Плетвар во близина на Прилеп,каде од предавство биле опколени од бугарската полиција и при размена на оган загинуваат и двајцата.
На 5 јули 1951 година е прогласен за Народен Херој.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.