Sunday, September 4, 2011

Димитар Богоевски


Димитар Богоевски - Мите (Болно, Ресенско, 31 октомври 1918 - 12 септември 1942) е македонски револуционер и поет, народен херој на Македонија.
Основно училиште завршува во родното место, а Трговска гимназија во Битола. Поради слабата материјална положба ги прекинува студиите на Економскиот факултет во Белград и се враќа во родниот крај.
Во 1939 година станува член на Комунистичката партија на Југославија, а подоцна е секретар на регионалниот комитет на КПЈ за Ресен. Поради својата револуционерна активност во 1940 година е уапсен од српската полиција и затворен во Белград. Поради недостиг на докази е пуштен. Во 1942 година е уапсен од бугарска полиција во Ресен. По суровото мачење е ослободен.
Во 1942 година учествува во формирањето на партизанскиот одред „Даме Груев“.
На 12 септември 1942 година заедно со Стив Наумов, откако бугарската окупаторска војска и полиција, ги опколила во неговото родно село, во месноста Долец, во Болонската планина, тој и Стив Наумов извршуваат самоубиство за да не паднат во рацете на окупаторските сили. По ослободувањето Богоевски е прогласен за народен херој.
Богоевски бил еден од најнадежните македонски поети. Тој зад себе оставил само неколку песни, меѓу кои „Спроти Илинден“ (1938), „Стојанка млада партизанка“, „Разделвачка“ (објавена во весникот „Наша реч“ во 1940 година) и „Триесет и девет минаја“. Песната „Триесет и девет минаја“ е напишана по повод влегувањето на одредот „Даме Груев“ во с. Смилево на Илинден 1942 година.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.