Лазо Трповски (с. Д’мбени, Костурско, 1901 година - с. Имера, Кожанско, 11 април 1943 година) е македонски борец од Егејска Македонија, еден од организаторите на народно-ослободителната борба на македонското население во Егејска Македонија.
Лазо Трповски е роден како прво дете на Насо Трповски, чие семејство даде многу револуционери, активни учесници во револуционерното движење во Егејска Македонија и Грција.
Првата светска војна го затекнува како момче на петнаесетина години. Не е познато кога точно станува активен член на Комунистичката партија на Грција, но често пати го предизвикува вниманието на полицијата поради своите отворени истапи против експлоатацијата на работниците. Јавно ги жигосува спогодбите меѓу грчката и бугарската влада за размена на населението од 1919 до 1924 година со кои македонското население од Егејска Македонија е искоренувано од својата земја.
Во 1928 година на Лазо Трповски му се заканува апсење и судење од воен суд поради неговата политичка дејност. Принуден да замине од Грција, тој емигрира во Канада. Таму во текот на следните четири години, покрај секојдневната работа за обезбедување на својата егзистенција, активно учествува во синдикалниот и политичкиот живот на Канада. Се зачленува во Комунистичката партија на Канада, а делува и во напредните македонски емигрантски организации (МАНС) и други. При тоа, посебно се истакнува во разобличувањето на ванчо-михајловистичките елементи. Луѓето на Ванчо Михајлов во Канада го сметаат за опасен човек, го следат насекаде и на крајот го предаваат на канадските власти. Канадската полиција, исползувајќи еден политички инцидент во 1932 година, го апси Трповски за кого подоцна е донесено решение да биде екстрадиран во Грција. Но бидејќи во Грција Трповски го очекуваше затвор и интернација заради ставот за самоопределување на Македонците како одделна нација, Екстрадицијата во Грција не е поволна опција за него. Сепак, на канадските комунисти им успева по патот од Канада за Лондон да го ослободат Трповски и тој наместо за Грција заминува за Советскиот Сојуз. Во Москва останува три години и учествува во Високата партиска школа.
Пред да биде депортиран од Канада, Трповски преку партиски канали испраќа писмо до другарите во Канада во кое пишува: „Дали ќе останам жив, не е толку важно. Јас нема да бидам ни првиот, ни последниот што ќе го жртвува својот живот во борбата. Жалам само за едно - што не можам да бидам меѓу вас да ги искорениме агентите на фашизмот и врховизмот од редовите на иселениците. Убеден сум дека Вие, моите другари, ќе по продолжите и ќе го завршите тоа дело.“
Во 1935 година, преку партиски канали, Трповски е префрлен во Грција. Веднаш се вклучува во партиските активности, како и во активностите на ВМРО (Обединета). Неколкупати успешно ги одбегнува полициските заседи, но на 17 јануари 1939 година е опколен во куќата на еден негов пријател во селото Сливени и уапсен. По долго мачење во визбите на безбедноста во Костур, изведен е пред суд заедно со уште неколку борци за македонската кауза. Осуден е на строг затвор од шест месеци на островот Егина и на уште три години интернација во злогласната крепост Акронавплија, на Пелопонез.
Капитулацијата и првите денови од окупацијата на Грција од германско-италијанските и бугарските војски, Трповски ги дочекува како затвореник. Меѓутоа, со еден вешт потег на еден од затворениците - дедо Неделко Попнеделков од Солун, успеаја да излезат од Акронавплија 27 Македонци и Грци , меѓу кои и Лазо Трповски.По ослободување од затвор Трповски е испратен во Егејска Македонија, каде што е одреден за инструктор на Покраинскиот комитет на КПГ за Македонија. Во тоа својство тој неуморно ги обиколува Костурската, Леринската, Воденската и Солунската околија и успева да ги обнови партиските организации речиси во целата Западна и Централна Егејска Македонија.
На партиски состанок во април 1942 година излегува со став дека партизанската група што требала да се формира во Костурско не треба да излегува со грчки, туку со македонски симболи.
Во пролетта 1943 година Трповски формира посебен македонски одред со командир Паскал Михаиловски и комесар Аргир Валсамов, со задача да агитира сред заведените од окупаторот Македонци за живо разоружување, а во случај ваквата агитација да остане бесплодна, македонскиот одред да биде тој што ќе ги нападне и обезоружи контрачетниците.Капитулацијата и првите денови од окупацијата на Грција од германско-италијанските и бугарските војски, Трповски ги дочекува како затвореник. Меѓутоа, со еден вешт потег на еден од затворениците - дедо Неделко Попнеделков од Солун, успеаја да излезат од Акронавплија 27 Македонци и Грци , меѓу кои и Лазо Трповски.По ослободување од затвор Трповски е испратен во Егејска Македонија, каде што е одреден за инструктор на Покраинскиот комитет на КПГ за Македонија. Во тоа својство тој неуморно ги обиколува Костурската, Леринската, Воденската и Солунската околија и успева да ги обнови партиските организации речиси во целата Западна и Централна Егејска Македонија.
На партиски состанок во април 1942 година излегува со став дека партизанската група што требала да се формира во Костурско не треба да излегува со грчки, туку со македонски симболи.
Лазо Трповски не доживеа да го види разгорот на НОБ. На одење за Солун надвор од селото Имера, Кожанско, Лазо заедно со други шестмина, меѓу кои двајца членови на Покраинскиот комитет, на 11 април 1943 година паднаа во заседа на националистите од колаборационистичката грчка организација ЕКА и беа масакрирани на дивјачки начин.Во септември 1943 година, неколку месеци по неговата смрт, во Костурско е формиран партизанскиот одред составен од Македонци кој во чест на Лазо Трповски е именуван според неговото име.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.