Thursday, September 1, 2011

Борка Велески


Борка Јованов Велески – Горанов (Прилеп, 1912 - Мукос, 14 септември 1942) е македонски борец, учесник во НОБ и народен херој.
Велески е роден во сиромашно семејство. Бил одличен ученик во основното училиште. Многу млад чита забранета политичка литература, поради тоа е исклучен од 7-ми клас на Прилепската гимназија. Се запишува на Воената школа во Нови Сад, но и неа не ја завршува па се враќа во Прилеп, каде се вработува во Монополот за тутун. Истовремено работи на одгледување тутун и е еден од организаторите на Здружението на производителите на тутун во Прилеп. Сезонските работници во монополот сакаат да ги предводи на штрајкот од 4 април 1938 година. Штрајкувачите бааат подобрување на материјалната положба. Велески, како еден од раководителите, стои на чело на 2.000 штрајкувачи и уште 1.000 занаетчии кои им се приклучиле. По месец дена, штрајкот имал делумен успех, но на Велески му е затворена вратата за ново вработување. Обвинет е дека во говорите пред штрајкувачите внесувал „политичка содржина“. Затоа е уапсен, но наскоро и пуштен.
Последните две години пред Втората светска војна стекнува голем углед помеѓу граѓаните на Прилеп. Станува секретар на Здружението на произведувачи на тутун, преку кое произведувачите се борат за подобри откупни цени на тутунот. Борка бил повереник за откуп.
За време на Априлската војна, често е повикуван на воена вежба. Тогаш е веќе член на Комунистичката партија на Југославија. Командата во која служел го открива и намерава да го предаде на Војниот суд. По окупацијата, стапил во првата партизанска чета на Селечка планина на 12 септември 1941 година. Бидејќи бил пешадиски командант, тој е војнички најподготвен партизан во четата. Обучува млади борци кои на 11 октомври го нападнаа Прилеп.
Во текот на 1941 па до септември 1942 година Велески учествува во многу акции на партизаните. Како командант на прилепскиот одред „Димитар Влахов“, во мај 1942, станува познат како Горанов. Неговата слава како партизански командант е позната меѓу народот во Прилеп и околината.
Во непријателската офанзива од 14 септември 1942 год., првата чета на одредот „Димитар Влахов“, со која бил и Горанов, е опколена на планината Мукос. Јуначки се борат, пробивајќи се од обрачот. Во таа борба многу партизани гинат. Бранејќи ја отстапницата додека партизаните се пробиваат, Горанов падна смртно погоден од митралески рафал.
За народен херој е прогласен на 20 декември 1951 година.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.