Friday, September 30, 2011

Грчки злосторства над македонците


Грчките монархофашисти, гонејќи ја ДАГ, на најѕверски начин го уништуваат секое село што ќе се најде на нивниот пат, физички ликвидирајќи или прогонувајќи го цивилното население. Некои од нив насилно, други по своја волја (за да се спасат од репресии или ликвидирање) околу 50 000 луѓе Македонци и Грци пребегнуваат од Грција заедно со силите на ДАГ. На оваа бројка треба да се додаде бројката од 18 000 деца испратени во 1948 по барање на ДАГ од северна Грција во земјите од источна Европа, со цел да ги спасат од ужасите на војната. Сите овие бегалци се транспортирани во социјалистичките земји во источна Европа и во СССР. Затоа што линијата на НОФ е против Тито и Лазар Колишевски, на борците од НОФ дури после 1970 им е дозволено да дојдат во СР Македонија, каде тие активно се влкучуваат во стопанскиот живот и допринесуваат за изградба на нивната нова татковина.
Во 1982 Грција изгласува закон за национално помирување со кој им се дава дозвола на борците од ДАГ „со грчко потекло“ да се вратат во државата и да им биде вратена земјата. Но на борците етнички Македонци до ден денес им се негира тоа право
Во 1951 година Министерството за северна Грција по претходна консултација со Министерството за надворешни работи, кое било надлежно за „националните работи“, испратило упатство до Националниот сојуз на резервни офицери во Костур за постигнување на „националните цели“. Министерот С. Стериопулос ги советувал резервните офицери преку „просвета и соодветен однос“ да се постигнело „засилување на грчките национални чувства“ кај Македонците. Во упатството се истакнала потребата Македонците „да станат не само Грци по свест туку и јазично, отфрлајќи го ксенофониот јазичен идиом, кој го зборуваат меѓусебно во своите домови“. Во 1958-1963 година од страна на грчката влада биле донесени „посебни програми“ со кои се предвидувало постепена асимилација на македонското население. Донесувањето на овие програми имало цел македонското население да се вклопи во „националното стадо“. За таа намера во 1959 година биле донесени повеќе меморандуми со кои се барало давање групни заклетви, каде што жителите на цели села се заколнувале дека нема да користат друг јазик освен грчкиот.
Грчката влада ја продолжила својата политика на етничко чистење во егејскиот дел на Македонија и во најново време. Во таа активност особено значајна улога имале грчките безбедносни служби, кои врз основа на своите искуства во 1982 година и давале препораки и инструкции на грчката влада како да продолжи со асимилацијата на Македонците во северниот дел на Грција. Заради значењето документот го пренесуваме во целост.



No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.