македонци од НОФ |
Истакнати команданти на НОФ:
Михајло Керамитчиев
Паскал Митровски
Павле Раковски
Евдокија Фотева - Вера
Вангел Ајановски - Оче
Минчо Фотев
македонци од НОФ |
Во некои Воденски села, дури и Понтијци стануваат членови на комитетите на НОФ. Во Костурско пак многу Власи се вклучуваат во НОФ, паралелно со Македонците. Отпрвин постои отворен конфликт меѓу КПГ и НОФ. КПГ верува во позитивниот исходот од една политичка дискусија, и сака НОФ да се разоружи и КПГ да продолжи со преговори. НОФ пак инсистира на вооружена пресметка со монархофашистите. Раководителите на НОФ знаат дека владата во Атина нема да го исполни нејзиниот дел од договорот во Варкиза, додека пак Захаријадис сеуште верува дека има шанса за некаков договор со Реакцјата. Додека КПГ се реши за промена на стратегијата, т.е. за објавување на вооружено востание во 1946 година, НОФ веќе дејствува самостојно од КПГ, водејќи неколку битки против владините сили потпомогнати од Велика Британија. Де факто, НОФ е еден од факторите кои го стимулираат започнувањето на востанието на демократските леви сили против монархофашистичката влада. НОФ создава регионални и местни комитети во сите области населени со компактно Македонско население (Леринско, Воденско, Меглендко, Ениџевардарско и Костурско).
партизани од егејот |
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.