Monday, September 5, 2011

Партизански походи при разоружување на бугарските војници


Ниту Главниот штаб на НОВ и ПОМ не седеше со скрстени раце. Тој на Командата од 5-та бугарска армија истиот ден на капитулација – 08 септември 1944 год. и упати писмо со две основи барања :

- бугарските сили во Македонија да прејдат на страната од македонските антихитлеровски редови (барем да го сперат срамот за злоделата) и се стават под команда на ГШ на НОВ и ПОМ и

- ако тоа не сакаат, тогаш да го предадат барем оружјето кое многу ќе им треба на македонските борци за претстојните тешки битки при извлекувањето на Германците од Грција (им се гарантираа и животите сходно Меѓународните права а и безбедно испраќање до Бугарија)

Но бугарските команданти и воопшто Бугарите-окупатори на Македонија и македонскиот народ, попрвин ја избраа Хитлеровата страна одошто македонската. Дури и тогаш, кога им беше буквално понудено спас, Бугарите оружјето им го предаваа на Германците но никако на Македонците.
Ова и не е за чудење, впрочем нивната лојалност и приврзаност кон германските команданти, Германците во повеќе наврати ја истакнуваа во своите извештаи. Бугарите со нивните команди дури настојуваа што повеќе да останат во Македонија зашто веруваа дека таа ќе остане во состав на замисленото им Големо бугарско царство. Оваа илузија ја разбиваше стварноста која беше сосем поинаква. Но заради овие илузии целокупните бугарски воено-полициски сили оружјето го предадоа на Германците а не дел останаа и понатаму да им служат на нивните интереси. Само многу мал дел од составот на помали и отсечени делови од 3-та бугарска дивизија, самоволно го предадоа оружјето на НОВ и ПОМ.

Македонските вооружени сили во такви услови со напади го одземаа оружјето од Бугарите. Така во борбите (иако сега веќе со послаб отпор од Бугарите) само околу Битола, се разоружани околу 8 000 бугарски војници. Сите бугарски гарнизони во Македонија се оглушија на позивот од ГШ на НОВ и ПОМ, освен Прилепскиот но и тој заради незавидната положба. Така при борбите за краткотрајното ослободување на Прилеп од Германците (09 септември 1944 год.) учество зеде и дел од еден бугарски батаљон од 45-от полк на 15-та бугарска дивизија и мали делови од 10-та бугарска гранична дивизија под команда на Д`митриј Младенов. Но Германците пак го повратија Прилеп на 19 септември 1944 год. со поддршка на борбените групи “Gulman” и “ Pabst”.
Како и да е тоа е единствениот случај некакви бугарски сили да го прифатат повикот на ГШ од македонските вооружени сили, во сите други случаи низ Македонија, Бугарите останаа со Хитлер или го помагаа на било кој начин. Сепак Германците сега повеќе си веруваа на себе, попрвин избираат да ги разоружуваат Бугарите. Истовремено се интензивираат битките со македонските единици на сите фронтови па Германците трпат и се поголеми загуби што е причина и оние Бугари што останале во нивна служба да ги напуштаат.Постепено на овој начин најголемиот дел од некогашните окупаторски бугарски сили се распаѓаат заедно со се некогашниот нивни моќен сојузник.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.