Британското и американското вплеткување во македонските работи е интересно и од следниот аспект. Имено, тие како да имаат интерес за ослабување на Титовите југо-комунистички позиции на Балканот заради што во игра е и создавање засебна македонска држава. Ова подоцна го потврдуваат и други релации меѓу Македонците и западот, особено тајните преговори за Македонија помеѓу Черчил и Ченто а заради што последниов и ќе настрада од Титовите служби. Ченто како граѓански ориентиран политичар уште од времето на кралска Југославија кој никогаш и не бил комунист до војната е единствениот таков лидер на еден народ од екс-Југославија, па е цел на западниот интерес.
Но дека ниту Англичаните и Американците не седат со скрстени раце во однос на Македонија говори и податокот што и тие вршат притисок на Тито да не се плетка во македонското ослободително движење и соработката на последново со САД и Британија. Ова се осознава и од една друга подоцнежна депеша на Тито до ГШ на НОВ и ПОМ која гласи :
[ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА]
14 декември 1944 година
[Белград ]
На протест од Англичаните и Американците, ние ги оставаме и натаму нивните воени мисии кај вас во Македонија, исто како и Советската.
Исто така од други депеши се огледа и интересот на западот за македонските природни ресурси и богатства што само уште повеќе го докажува интересот за евентуалното поцелосно инволвирање подоцна. Една претходна депеша од Тито предупредува за ова :
[ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА]
21 ноември 1944 година
[Белград ]
Податоци за рудниците и рудите немојте да им давате на Англичаните. Ако треба ќе даде Националниот комитет.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.