Блажо Тодоровски - Чичето е роден на 13 април 1902 во село Ресава, Кавадаречко.
Потекнува од сиромашно селско семејство. Се приклучил на комунистичкото движење и зел активно учество на изборите во 1938 година, агитирајќи за опозицијата. Веднаш по окупацијата на Југославија се поврзува со партијната организација во Кавадаречко и во летото на 1941 година става член на КПЈ. Во декември 1942 година ги прима партизаните од разбиениот Велешки одред, а во април 1943 самиот им се приклучил на партизанските групи кај Полошкиот манастир, од кои е формиран Тиквешкиот одред „Добри Даскалов“. Избран е за негов заменик-командант. Се истакнал во борбите кај селата Ресава, Гарниково, Бојанчиште и Драдња.На 16 јуни година ударна група начело со Чичето извршува напад на стационираните бугарски сили во село Никодим, нанесувајќи му тешки загуби на бугарскиот окупатор. Во жестоките престрелки Блажо Тодоровски е тешко ранет па останува отсечен, но и во таква состојба продолжува да дава жесток отпор. Кога муницијата му привршува, извршува самоубиство не дозволувајќи му на душманот да го фати жив.
Прогласен посмртно за народен херој на 11 октомври 1953 година.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.