По ослободувањето на Грција и потпишувањето на Договорот од Варкиза за разоружување на ЕЛАС, почнува да излегува на површина тензијата меѓу левите сили и владата подржана од Велика Британија околу прашањето за власта во повоена Грција. Заради дијаметрално спротивните позиции на двете страни, нема никакви знаци за постигнување на консензус за возможна политичка стабилизација на државата. Демократските леви сили се изолирани од процесот, а владата во Атина, подржана од Британската интервенција прави се возможно за да ја земе целата власт за себе - успевајќи притоа во намерата. Откако ЕЛАС се разоружува и демобилизира, КПГ и демократските сили ја држат линијата за политичка борба во рамките на демократските институции, без притоа да спомнува возможност за вооружена пресметка.
|
група борци на АФЖ |
Додека пак КПГ седнува на преговарачката маса со цел да постигне дел од своите цели во рамките на политичкиот дијалог, во Северна Грција се активираат десничарски банди, потпомогнати од владини сили кои го тероризираат етничкото македонско население, обвинувајќи го за автономистичка и сепаратистичка дејност. Иако за време на окупацијата “Батаљоните за сигурност“ (Тагмата Асфалиас) се соработници со фашистите, Британската интервенција и грчката влада не ги расформираат, ниту ги гонат, туку напротив им ги опростуваат гревовите направени во Втората Светска Војна, и ги искористуваат како орудие за борба против левичарите и етничките малцинства. Така на пример ЕДЕС на Наполеон Зервас потпомогнат од единици на Тагмата вршат геноцид и егзодус на етничкото Албанско население во јужен Епир и Чамерија. Истото го прават во десетина Македонски села во Костурско и Воденско.
|
македонки од НОФ |
Веднаш по обединувањето на НОФ со ДАГ, партизанските единици лоцирани во Костурско, ги напаѓаат владините сили во падините на Вич планина. По едномесечни борби, Вич планина е исчистена, а по еден месец е ослободена и Грамос планина заедно со сите села таму. На овој начин во западна Егејска Македонија се формира првата слободна територија. Во понатамошните етапи од војната слободната територија се проширува во правец Лерин - Воден - Меглена. Голем број Македонци се испратени и да војуваат во Тесалија и дури во предградијата на Атина. Веднаш по средбата меѓу Керамитчиев и претставници од ДАГ, решено е во слободните територии да се отворат училишта на Македонски јазик. Почнуваат да се печатат книги и весници на Македонски јазик, се организираат македонски театри, културни организации и др. Исто така, во рамките на НОФ, се организира организација на жените Македонки - АФЖ (Антифашистички Фронт на Жените) и младинска организација - ОНОМ (Организација на Народно Ослободителната Младина).
|
Егејска Бригада навлегува во ослободена Битола |
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.