Родена е на први јануари 1920 година во Лерин во Егејска Македонија. Мајка и се премажила и преселила во Битола.Елпида во Битола завршила гимназија.Од нејзините школски другари од битолската гимназија потекнуваат револуционери како што бил и Стефан Наумов - Стив .Уште во гимназијата била политички активна,се истакнувала во литературната дружина, на излети,во читање и растурање летоци,во судирите со реакционерните групи Љотиќевци.Нејзината политичка активност ја направила популарна во напредната битолска младина. Кога во 1938 година Елпида Караманди дошла на студии во Белград,веднаш се приклучила кон напредното студенско движење.Меѓу напредните студенти имало многу ученици на битолската гимназија,која таа ги познавала и одржувала врски со нив.Таму таа се истакнува и на револуционерно поле. Веќе во 1939 година таа е примена во СКОЈ,после што работи поинтензивно и поорганизирано.Додека ги извршувала задачите,таа никогаш не потфрлила.Била вешта во регрутирањето на нови активисти од редовите на младината. По капитулацијата на Кралство Југославија,таа работела на подготовките за вооружена борба.Во КПЈ е примена во јуни 1941 година.Револуционерните задачи стануваат тешки,опасни,и браат максимална посветеност.Таа со сите свои сили се вклучува во работата на партијата.Раководи со групите во градот,ги извршува задачите на СКОЈ и посебно по пратиска линија.Нејзината партиска активност ја забележала окупаторската полиција при што ја уапсиле. Во полицијата таа храбро се држи,и ништо не признава.Пуштена е од затвор но знаее дека полицијата ја следи..По совет на Месниот комитет на КПЈ за Битола таа се повлекува во илегала. Во јануари 1942 година станува член на Покраинскиот Комитет на СКОЈ за Македонија.Како илегалец не може да развива голема активност,при што се подготвува за на пролет да оди со партизаните. Во април 1942 година пристапува кон Битолскиот партизански одред "Пелистер",меѓутоа на трети мај 1942 година одредот е опколен од Бугарска фашистичка војска и полиција.Во повеќечасовната борба,во која Елпида покажала извондредна храброст,додека окулу неа гинеле нејзини соборци.еден митралезки рафал смртно ја ранува.Потполно немоќна да изврши самоубиство е фатена од полицијата.Храбро го поднела мачењето при што умрела. За Народен Херој е прогласена на 11 октомври 1951 година.
Sunday, September 4, 2011
Елпида Караманди

Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.