Friday, February 11, 2011

Херакле-родоначелник на македонците

Херакле со македонски атрибути - дабови гранчиња, лавја наметка и палка


Херакле се смета за Родоначелник на Македонците но и на нивната кралска куќа. Во времето на Александар III Македонски,го носел епитетот Propator кој на пример Хелените го користат за други божества но не и за Херакле.
Атињанинот Исократ (Phil., 106-110), платеник на Филип да ги двои Атињаните и да делува овие да му се приклучат без отпор, како и секој домашен одродник и тој си бара потекло со новиот воено надмоќен народ Македонците. Така фалејќи го и пот...тикнувајќи го Филип на дела со кои ќе стане рамен на Херакле, кого пак го нарекува прадедо (archegos) и предок (progonos) на родот.
Се разбира заради добро платената предавничка и поданичка улога на Хеленот Исократ кон Филип и Македонците, тој сега Херакле го вика и “прадедо” и “предок” но не се осудува да го нарече со подиректното како кај Македонците прататко (Propator).
Тоа не се осудил никогаш ниту еден Хелен и подоцна кога стотици години Хелените се под македонска власт и кога оваа е во најголемата своја моќ, камо ли кога уше се Хелените слободни и во фаза на преговори и “компромиси” со Македонците.
Кога пак Александар кај реката Хифас принесува жртва, тој Херакле го нарекува со епоним кој покажува дека Херакле не е само предок на кралската династија но воопшто на македонскиот народ (Аrr., Anab.,V,26). Со ова се побиваат грчките денешни инсинуации дека кралската династија е од грчко потекло, од што и произлегло дека и Херакле е грчко божество.

Во источното крило на првата македонска престолнина Ајга најден е натпис со посвета на Херакле Patroоs (BE,1974, no 327, оваа функција на дворецот објаснува зошто Македонците не градат храмови)
Трите епиграми од поетот Самос по потекло од Воден (Anth.Pal.,6, 114, 115, 116), датирани 217 год. Филип V се нарекува потомок на Херакле, кому му бил посветен бик (Anth.Pal., 115)

Хераклевите атрибути и кај македонските кралеви


Трите епиграми од поетот Самос по потекло од Воден (Anth.Pal.,6, 114, 115, 116), датирани 217 год. Филип V се нарекува потомок на Херакле, кому му бил посветен бик (Anth.Pal., 115)
Во еден епиграм на Хрисогон се вели дека на Херакле му се посветува вепар убиен на планината Orbelos (Беласица) [Anth. Pal., VI, 114-115].
Пред битката кај Pydna и Персеј му жртвувал на Херакле вакав жртва за победа (Plut., Aem.,19).
Антигон Гоната пак по победата кај островот Кос во Делос во 225 год. п.н.е [P.Kourby, Portique d`Antigon ou du nort-est, Paris 1992, p. 38-40), поставил статуа на Херакле.
Кај Хесихиј се сретнуваат уште два епитети за Херакле – Edessaios и Kynagidas. Вториот е посведочен на натписи (најстариот натпис е од Пела, во време на Филип V,cf HSCPh,1940, p.125/6; REG,1930,p. 366/69 (Berrhoia); BE,1970,no 354 (Berrhoia), Чепигово, Спом. LXXI,193, но 503=S.Dull, Die Gotterkulte, no 135, Elimeja, A.Ridzakis – G.Touratzoglou, Epigraphes, nos El 6,20 (Кајсареја и Велевендо) nos Eor 97,115(Riaki=Моранли и Petres=Петрско) и др.]
Но за Херакле се среќаваат и други епитети Phylakos (BE, 1973,no 275-Пела), потоа Propylaios (А.Ridzakis-G.Touratzoglou, Epigraphes, nos El 4 (Кожани) но и Kallinikos (Demitsas, Makedonia, no 291)

Херакле во борба со 100-главото куче Кербер


Херакле ги гради познатите “Хераклови столбови” кај древниот град Тапсак во Сирија на преминот од Арабија во Африка, така што водат низ Средоземното Море.
Низ нив врвеле многу морнарици и секакви бродови. Александар III Македонски токму тука... изградил бродови за македонската флота но и купил искусни морнари и кормилари.
Херакле дури подоцна е воздигнат во мит на полубог и херој со големи дела каде ќе пристигнел. Се бори со кентаури, се кара со учителот по лира и го удира по глава со лирата, заштитник е на атлетичарите па се смета и за зачетник на Олимписките игри.

Херакле го убива Кербер-стоглавото куче со тешка борба. Каде ќе пресечел една глава и капнело крв од неа, никнувало нова глава, мотив опеан кај македонскиот народ многу подоцна кога Крали Марко сече турски глави биејќи се против многубројната војска.Во епот за него кај ќе капнела крв изникнувал Турчин, што е интересен ист наративно-легендарен мотив иако се работи за милениумски временски разлики.

Херакле како побеник над немејскиот лав (фреска од Шпанија)


Како и Асклепеј кому Александар му принесува жртва во светилиштето во Гортис (Аркадија) и Херакле во Македонија е почитуван повеќе како божество одошто како херој. Се разбриа тој е божество со силна симболика за храброст но тоа не е како кај Хелените кои подоцна го превземаат овој култ и го слават како некој кој е познат исклучиво по херојски подвизи секаде каде одел, но не и како божество.
Во Македонија се најголемите докази за ова, во натписот од с.Ресава (Кавадаречко), Херакле се нарекува Theos megistos (Спом., XCVIII, no 329) додека на вотифната плоча од Росоман тој е претставен рељефно со лавјата кожа на себе и примитивна палка но и во придружба на Nike богињата на победата. Ова ќе рече дека Херакле е славен и како бог (Theos – кај с. Ресава) но и симбол за храброст зашто -[Nike-Росоман] победата е крај него.



Епот за Марко Крале сличен со митолошкиот јунак Херакле:



Борбите се слични и кај другиот јунаци, зашто постојано се во некакви мисии на спасување и убивање се поопасни и полоши напасници. Ако и има нешто различно тоа е што напасниците се во склад со времето, ако кај Херакле противник е Тритон, кентаурот Несо, кралот Еврит или кучето Кербер кај Крали Марко тоа се Црна Арапина, некој зол ага кој пленил робје, друг пак кесеџија или војски кои тој без проблем ги победува.
Исти се дури и хиперболите и употребените народни фантазии за конкретното дело. Херакле ги подигнал столбовите во Средоземјето меѓу Азија и Африка, како што Марко ја подигнал сета земја па ја изгубил силата или пиел од ведро кое чаша му било и слични увеличувања и фантазии ги поврзуваат двата јунака од иста земја – Македонија.
Дури и начинот на кој се превземени и ширени овие митови кај околни народи е фрапантно ист. Тоа е толку силно превземано што си го својатаат секој како свој јунак - херој, Марко е и српски и босански, хрватски и бугарски јунак иако се разбира е првенствено - македонски. Херакле е и хеленски и тракијски, илирски но и фригиски иако е првенствено - македонски.

Дури и атрибутите на овие двајца јунаци се исти, Херакле е борец со своевиден “боздоган” -г олема палка со која ги тепа противниците исто како и Крали Марко со својот боздоган без кој никаде не оди. Херакле е секаде со голема лавја кожа пре...ку грбот како наметка, а Крали Марко со голем кожув-гуња; Херакле е со лавја глава преку теме, а Крали Марко со “калпак од волчиште.”
Ако и има разлика таа е од временски карактер. Ако во времето на Марко коњите се насекаде неопходно и најчесто превозно средство, во времето на Херакле коњите се во најголем дел диви и неприпитомени. Затоа и Марко на пат секогаш оди со својот коњ - Шарец, додека Херакле сходно времето во кое живеел, секаде во своите пустоловини главно оди пеш.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.