Thursday, February 10, 2011

Енеолитска уметност од Бакарно гумно



Со крајот на IV милениум п.н.е, се преминува од неолит во метално време.
Тоа е време кога територијата од денешна Македонија и пошироко Европа, се зафатени од нови бурни промени врзани со големи миграции предизвикани од низа движења на степско-индоевропските народи. Барајќи подобри животни простори со побогати климатски услови за опстој, се поместувале се до Балканот. При ова постепено се мешаат со староседелците со што се формира праисторискиот етно-културен супстрат на овие простори. Во ова време заради новата размена на искуствата и културните вештини но и заради самите услови, доаѓа до развој на економската структура. Се појавува рударството, интензивно се користи и обработува металот-бакарот, заради и што овој период се нарекува и бакарно време.
Бакарно време – трагајќи по погоден камен (кој до тогаш бил главно орудие) луѓето наидуваат на темнозелен камен којшто со удари лесно ја менувал формата а на оган исто така се топел. Не се кршел каменот само ја менувал формата. Првите алатки – оружје, садови, накит, игли, копчиња и сл. биле од бакар. Бакарот инаку е појавен во IV милениум п.н.е.
Еволуцијата на неолитот во Македонија е поделена во три фази: ран, среден и доцен и неколку интерни подфази.
Претфазата за средниот неолит е прилично јасна, но за раниот и доцниот таа е нешто поскромна и со поограничени информации.
На пример за најстарите населби, кои се појавуваат кон крајот на раниот неолит како целосно оформени, не е познато дали произлегуваат од постари населби, а исто така не се познати и нивните носители за кои се врзуваат. Со доцниот неолит е слична состојбата, таму остануваат прашања врзани за времетраењето, процесите на неговот настанување, културниот карактер и сл.
Македонскиот неолит според типолошките карактеристики кај материјалните остатоци кои покажуваат културна невоедначеност, може да се подели на две групи :
- Анзабегово - “Вршничка“ (источна Македонија).
- “Велушко-породинска“ (западна Македонија).

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.