Thursday, February 10, 2011

Карпеста уметност во Македонија


Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка,во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.
Во Македонија се откриени и неколку стотици крстовидни форми, кои уште од неолитот имаат големо симболичко значење.



Во Македонија се откриени карпести гравири во сите временски периоди - од паолитот, преку неолитот, па се до неколку века во новата ера. Откриени се куполи - вдлабнати полутопки, ретикули - мрежести гравури, крути форми - разни видови крстови, идолиформи - гравири со претстава на божества, како и геометриски фигури од кои директно произлегува фонетското писмо, по долгата еволуција на карпестите гравири исликани форми за прв пат изработени во далечениот паолит.


Пиктажи, гравири, куполи, петроглифи, кои претставуваат знаци или слики на каменот нанесени со природни материјали, има долж целиот тек на клисурата на р. Пена, во тетовско, во пошироката околина на селото Сетоле, како и во атарите на Блаце..., Милетино, Рогачево, исто така во тетовскиот регион, се до Зубовце, гостиварско.

Праисториските сликари и пишувачи, своите траги ги оставале и по долината на реката Бабуна, како и во селото Нежилово, велешко, во Пелагонија.



Знаци или слики на каменот нанесени со природни материјали има долж целиот тек на клисурата на реката Пена во тетовско, во пошироката околина на селото Сетоле, како и во атарите на Блаце, Милетино, Рогачево, исто така во тетовскиот регион, се до Зубовце.


                                      
                                          карпеста уметнос во Македонија (село Древено)



                                         карпеста уметност во Македонија (село Туралево)

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.