Земјоделство:
Додека мажите оделе во лов, жените се повеќе се грижеле за домаќинството каде почнале да засадуваат одредени растенија, да ги обработуваат и берат плодовите со што се развива земјоделството. Се разбира тоа е доста примитивно ...и со скромен фонд растенија кој долго е ограничен а дури многу подоцна во следните цивилизациски развојни етапи ќе се збогатува се повеќе.Сточарството – Жената е заслужна и за појавата на сточарството.Ранетите и младенчињата од животните, ловците ги носеле дома меѓу другото и за разонода на децата како и другите членови на семејството. Со време и ги припитомувале. Некои од животните не ги убивале и заради одредени суеверија (пример – мајката е со мали во себе па ја чекале да ги изведе младенчињата, потоа заради тотемизам и сл.).
Населби – И токму со развојот на сточарството, земјоделството и занаетчиството како следно се јавува и потребата од живеење во поширока заедница со попостојано место на живеење што значи врзување за – територија и редуцирање на дотогашните постојани селења. За територијата се врзувало – обработката на земјата, производите од неа, риболовството, стоката нејзината паша и обработката на производите од неа, занаетчиството со вештината на одредени луѓе да прават посебно добри производи од коски, дрво, кожа, камен, глина и др. Првите населби биле населби од земјанки а потоа и колиби а посебно наколни живеалишта над водата која ги штитела од дивите животни.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.