Во с. Шопско Рударе, Кратовско, се наоѓа најимпозантниот и најзначаен споменик на културата од времето на праисторијата.
Кон објектите во карпата водат две патеки.
Првата патека води кон една природна пештера, која во Палеолитот и во Неолитот била преуредена за потребите на популацијата која во тоа време ја населувала околината на „Цоцев камен“. Под пештерата се издлабени два реда камени седишта кои заедно со платформата која била изградена пред седиштата, формираат театарски комплекс. Тоа е прв комплекс од овој тип направен во Бронзеното време, откриен во светот до овој момент. Во непосредна близина на пештерата е откриена „Геа Матер“, нешто што упатува на заклучок дека пештерата била користена од луѓе во старото камено време. Над оваа пештера првин постоела помала природна пештера се до Бронзеното време, кога духовните водачи организирале преуредување на пештерата за ритуални и церемонијални активности. При новото уредување на пештерата во самата карпа се изработени корита со двојни простори: мал и поголем, користени за ритуално-церемонијални цели.
Уште поимпресивен е вториот простор на локалитетот.

На почетокот на патеката од едната и од другата страна биле поставени два големи камена кои биле обработувани. Влезот бил добро чуван од вооружени лица кои стоеле пред првата и втората порта, кои претставувале вистински бедем. Тоа требало да придонесе за мирен тек на церемониите и ритуалите од различен вид. Самата карпа е обработена на таков начин за во карпата да се изделка: престол, мала платформа за лицата кои стоеле веднаш до лицето кое седело на престолот. Зад лицето кое седело на престолот била изработена врата и мала платформа за мал број луѓе. Пред самиот престол е плато од 51 метри квадратни за официјални лица кои ги следеле церемониите.
Локалитетот претставувал праисториска опсерваторија во вистинска смисла на зборот. Наспроти престолот во карпата се изработени неколку седишта како дел од една софистицирана опсерваторија. Од седиштето се набљудувале сонцето, месечината и ѕвездите. На повеќе стотици метри источно од овие камени столови се наоѓаат мегалити, во чија непосредна близина се изработени месечини со голема димензија. Мегалитите со дополнителни врежувања врз нив, или врз камењата во непосредна нивна близина се најсигурниот сведок за тоа дали еден објект претставува опсерватоија.
Од платото водат степеници кон најгорниот дел од карпата каде има голем базен за вода кој бил рачно полнет, водата се испуштала на денот определен за ритуално капење.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.