Thursday, February 10, 2011

Мегалитската опсерваторија Кокино


Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа во североисточниот дел на Мекедонија, во близина на границата со Србија (попрецизно: географска ширина 42° 15' 47'', географска должина 21° 57' 32''). Таа се наоѓа во атарот на селото Кокино, на границата со селото Арбанашко. Целиот регион денес е ретко населен, така што во десетината околни села живеат помалку од 1.000 жители.
Во поширокиот регион регистрирани се голем број на археолошки наоѓалишта од неолитскиот до средновековниот период. Тоа значи дека целиот регион има историја во должина од најмалку 6 000 години преполна со значајни населби, светилишта, настани и личности.



Според историските и археолошките податоци долината на реката Пчиња како природен коридор во централниот дел на Балканскиот Полуостров во далечното минато имала големо значење во преселбите на народите како и во воените походи кои се движеле во насоката север-југ.
Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа на две платформи при што секоја од нив има свои карактеристични содржини. Должината на опсерваторијата е околу 90 метри, а ширината околу 50 метри.
Троновите се највпечатливата содржина која на прв ...поглед се гледа на локалитетот. Тие како што веќе кажавме се така направени што се ориентирани во насоката север – југ, па затоа човекот кој седи на престолот е ориентиран кон исток и кон источниот хоризонт. Оттаму потекнала и идејата на археолозите дека од ова место се набљудувале небесните тела кои изгревале на хоризонтот. Но, астрономските мерења и анализа покажаа дека троновите се свето и обредно место и не се поврзани со астрономските набљудувања.
За да се одговори на прашањето зошто ова место е древна опсерваторија, треба да се потсетиме на основните карактарестики на движењето на Сонцето и Месечината. Во текот на една календарска година Сонцето и полната Месечина изгреваат на разли...чни места на хоризонтот. При тоа има така наречени крајни точки на изгревање на хоризонтот. Тоа значи дека Сонцето во зима кога денот е најкус, или во денот на зимската краткодневица (22 декември) изгрева најјужно на хоризонтот. Потоа, секој ден, тоа оди кон север и во денот на пролетната рамнодневица (21 март) Сонцето изгрева точно на исток. Сонцето продолжува да се движи кон север, должината на денот се зголемува и во денот на летната долгодневица (21 јуни) Сонцето ќе изгрее најсеверно на хоризонтот. Потоа Сонцето се враќа назад и во денот на есенската рамнодневица (23 септември) повторно ќе изгрее точно на исток, а 22 декември ќе го заокружи циклусот со изгревање во точката на зимската краткодневица. Секој внимателен набљудувач на Сонцето тоа лесно може да го забележи и да ги маркира местата на изгревање на Сонцето во деновите на зимската краткодневица, пролетната и есенска рамнодневица и летната долгодневица.
Такви камени маркери се откриени на Мегалитската опсерваторија Кокино при што маркерот на летната долгоденица е добро сочуван, маркерот на пролетната и есенска рамноденица малку е оштетен, а најголеми оштетувања претрпел маркерот на зимската краткоденица. Овие оштетувања се должат најверојтно на катастрофалните земјотреси. Месечината има малку покомпликуваноо движење и обележувањата на местата на изгревање на полната Месечина на хоризонтот доста се тешки.




Обработката на маркерот е со голема прецизност, така што растојанието на неговите надворешни вертикални страни сосема кореспондира со дијаметарот на Сонцето, гледано од вториот престол. Бидејќи маркерот во минатото веројатно бил покриен, се јавувал ефект на силен сончев зрак, кој минувал над горната, источна платформа на локалитетот која има облик на поголема просторија, а во која можеби биле собрани учесниците во овој ритуал. За да може сончевиот зрак да падне на еден од троновите, луѓето изработиле посебна траншеа (засек) во вертикјалната карпа која ги одделува горната и долната платформа на локалитетот.
Сончевиот зрак во обредниот ден поминува точно покрај десната ивица на траншеата и паѓа само на вториот трон. Фактот дека сончевиот зрак осветлувал само еден од учесниците во церемонијата, кој седел на еден од троновите а веројатно опкружен со племенските првенци, укажува на неговата посебна улога во неа. Тоа бил веројатно племенскиот старешина кому, на овој начин, божественото Сонце му го пренесувало својот легитимитет и овластувања во овој обред. Ова е еден од најважните обреди на планинските светилишта посветен на соединувањето на небеското божество со Големата Богинка Мајка, соединување кое гарантирало нов циклус на обнова на природата.
Крајот на јули е времето кога завршуива жетвата, па затоа овој обред веројатно бил поврзан и со одбележувањето на крајот на жетвата.Според верувањето на луѓето од тоа време во моментот на осветлување владетелот ритуално се соединувал со Богот Сонце и тоа било гаранција дека и идната година ќе има богата жетва, добар и мирен живот. За тоа сведочат и археолошките наоди во просторијата која се наоѓа на горната платформа веднаш под камениот маркер на кој се појавувало Сонцето во ритуалниот ден.На ова место, во 2001 година, за прв пат беа извршени археолошки истражувања и од овој простор со површина од околу 100 м2 беа ископани околу 1 000 килограми керамика од бронзениот период а при тоа, што е посебно интересно, во овој простор се ископаа дваесетина рачни мелници за жито. Затоа со голема сигурност може да се каже дека на локалитетот во минатото се изведувале некои ритуали поврзани со денот на жетвата.



Вториот обред кој сигурно се изведувал на врвот на планината имал изразито соларен карактер. За изведување на овој обред древните жители изработиле посебни места во карпите на локалитетот и тоа на двете платформи. На долната платформа на локалитетот доминираат посебно изработени камени седишта познати како тронови. Троновите се изработени точно во насоката север-југ, па затоа човекот кој седи на некој од троновите со лицето е свртен кон источниот хоризонт и ги набљудува настаните кои таму се случуваат. На овој хоризонт на врвот од карпата постои специјално обработен маркер кој се наоѓа веднаш под највисоката кота на локалитетот. Обредот се случувал во средината на летото (денес во последниот ден од јули) кога Сонцето изгрева точно во отворот на камениот маркер.
Археоастрономската анализа на локалитетот го утврди постоењето на два таканаречени временски маркери со чија помош се мерело времето на опсерваторијата. Се покажа дека на древната опсерваторија се правел лунарен календар со циклус од 19 год...ини. На набљудувачите од тоа време им бил познат фактот дека во ист календарски ден една иста фаза на Месечината се појавува во еден од маркерите еднаш во 19 години. Со тоа биле поставени основите на лунарниот календар од Кокино. Веднаш до маркерите кои го означуваат местото на изгревање на полната Месечина во деновите на најголем застој во зима и најмал застој во лето, постојат маркери во кои изгрева полната Месечина еден лунарен месец подоцна.
При тоа должината на лунарниот месец во зима е 29 дена, а во лето 30 дена. Со едноставно набљудување на изгревањето на полната Месечина во тоа време внимателните набњудувачи на опсерваторијата можеле да забележат дека за разлика од обичните години со по 12 лунарни години, секоја 2, 5, 8, 10, 13, 16 и 18-та година имаат по 13 лунарни месеци. Во обичните години имало шест зимски месеци со по 29 дена и шест летни месеци со по 30 дена. Во престапните години се додавал еден летен лунарен месец со должина од 30 дена. На тој начин се мерело времето според наведената табела. Овој календар овозможувал добра согласност со реалните сезонски промени и правилна организација на земјоделските и сточарски работи.


Од самото сознание дека на Кокино многу внимателно се набљудувало движењето на Месечината во долги временски периоди се наметна прашањето дали на древните набљудувачи на небото им биле познати циклусите на затемнување на Сонцето и Месечината.
Искуството во анализата на дизајнирањето на просторот на опсерваторијата покажува дека за секој посебен вид на активности имало изработено посебно место за набљудување и изработени посебни камени маркери на источниот хоризонт кои се гледаат само од тоа место. Истиот принцип важи и за следењето на затемнувањето на Сонцето и Месечината.
Археоастрономската анализа на локалитетот покажа дека за набљудување на затемнувањата на Месечината има изработено посебно место за набљудување во стоечка позиција. Древните набљудувачи од ова место внимателно го следеле изгревањето и движе...њето на полната Месечина. Нашата анализа покажа дека само од ова место на источниот хоризонт се гледаат 4 лесно воочливи камени маркери. Мерењата на координатите на маркерите и пресметките на координатите на изгревање на Полната Месечина покажаа дека со овие четири камени маркери биле обележани местата на изгревање на Полната Месечина на секои 54 години и 34 дена. (табела 1). Од општата астрономија знаеме дека познатиот Сарос циклус на затемнувања има должина од 18 години 11 дена и 8 часа.
Исто така знаеме дека истиот редослед на затемнувања во ист географски простор ќе се повторат во исто време на секои 54 години и 34 дена или после три серии на Сарос. Тоа покажува дека на древните набљудувачи на небото од Кокино добро им биле познати затемнувањата на Месечината и дека тие биле следени над 220 години. Од овој податок може да се заклучи дека овие информации за редоследот на затемнувањата на некој начин биле запишувани со некаков вид на писмо или симболи, но дали ќе се најдат ваков вид на записи ќе треба да покажат археолошките ископувања на локалитетот.



Старите опсерватории имале многу важна улога во организирањето на животот на заедницата. Опсерваториите служеле за правење на календар кој имал двојна намена.
Од една страна тој помагал во разбирањето на природниот циклус на растителниот и ж...ивотински свет и за организирање на земјоделските и сточарски активности. Со едноставно палење на оган на врвот на опсерваторијата кој доминира во круг од триесетина километри им се соопштувало на луќето дека дошол денот за започнување со орање, сеење, жнеење, изведувањето на стадата на пасење и сл. Со тоа опсерваторијата имала клучна улога во зголемувањето на приносите во земјоделието и подобрување на сигурноста и квалитетот на живеење на заедницата. Преку континуираното следење на движењето на Сонцето и Месечината древните набљудувачи од друга страна можеле да го определат доаѓањето на деновите за изведување на ритуалите и обредите.

Со тоа календарот помагал во организацијата и религиозниот живот на заедницата. Спомнатите обреди поврзани со Големата Божица Мајка, Богот Сонце и денот на жетвата очевидно се само дел од богатиот спектар на обреди и ритуали кои се изведувале на Мегалитската опсерваторија Кокино. Тие сведочат за една развиена и добро фундирана космогонија изградена во имагинацијата на жителите кои живееле на овие простори во времето кое се означува како бронзено доба во развојот на човековата цивилизација.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.