Институции :
Политичката огранизација на Македонскота држава наликувало на пирамида со три нивоа: на врвот биле владетелот - ВАСИЛЕОС - ΒΑΣΙΛΕΩΣ и народот, при основата биле државните служби, а по средината биле покраините , над чие заедништво владеел владетелот.
Македонците се до падот под римско робство имаат како уредување монархија. Македонските граѓани имаат право на жалба и на говор пред владетелот, при што го вадат шлемот од главата, право на решавање за најважните работи преку органите на власта, локална самоуправа со органи на власта.
Владетелот немал право да казни Македонец со смртна казна без судење.
Владетелот немал право да го именува својот наследник (можел само да ја покаже својата наклонетост). Според правилото на првородениот владетелски син за наследување на престолот, наследникот, се подразбира, ако одговарал во психофизичка смисла, бил прогласуван од македонското собрание. Во случај на малолетност на наследникот се одредувал регент = старател најчесто од членовите на владетелската куќа, а во тешхи ситуации власта можела да му припадне на член од најтесното семејсгво (брат или чичко). Таков е случајот со доаѓањето на власт на ФИЛП ВТОРИ а веројатно за тоа решиле македонските првенци.Политичката огранизација на Македонскота држава наликувало на пирамида со три нивоа: на врвот биле владетелот - ВАСИЛЕОС - ΒΑΣΙΛΕΩΣ и народот, при основата биле државните служби, а по средината биле покраините , над чие заедништво владеел владетелот.
Македонците се до падот под римско робство имаат како уредување монархија. Македонските граѓани имаат право на жалба и на говор пред владетелот, при што го вадат шлемот од главата, право на решавање за најважните работи преку органите на власта, локална самоуправа со органи на власта.
Владетелот немал право да казни Македонец со смртна казна без судење.
ВЛАДЕТЕЛОТ бил глава на централната администрација: тој ја водел државата од престолнината прво Егеа а потоа Пела и државната ризница се наоѓала во неговиот дворец. ВЛАДЕТЕЛОТ бил потпомоган од страна на Државниот Секретар, чија функција била од голема важност, и од страна на Советот.
ВЛАДЕТЕЛОТ бил врховен водач на војската, глава на македонската религија, управувал со дипломатијата (само тој можел да склучува меѓународни договори) и само тој го имал правото на издавање на пари.
Бројот на државните службеници бил ограничен: владетелот управувал на индиректен начин, главно преку локалните управители, епистатите со кои одржувал редовни контакти.
Наследување :
Наследништвото на престолот во Македонија завземало облик на најстари машки наследници. Исто така постоел и изборен елемент: кога Владетелот умирал, назначениот престолонаследник, генерално, но не секогаш неговиот насјтар син, морал најпрвин да биде прифатен од страна на Советот и потоа представен пред генералното Собрание за да биде прогласен за Владетел и да се заколне на верност.
Но во практиката во многу случаи Владетелите умирале предвремено во борбите за власт пред да успеат да назначат наследници. Ова е случај со Пердика ТРЕТИ кој бил убиен од илирите, Филип ВТОРИ Македонски, кој бил убиен од атентаторот Павзаниј, Александар Македонски и тн. Ваквите кризи за наследноста биле чести до 4 век п.н.е., кога магнатите од Горна Македонија сеуште култивирале амбиции за елиминација на Аргеадите и преземање на престолот.
Дека Македонците го избирале владетелот се гледа и од молитвата - желба на Александар Македонски:
''' Македонците нека изберат владетелот, владетелот нека ја зачува државата на
Аргеадите и Македонците со владетелот
нека ги прават вообичаените обреди за Аргеадите"
По смртта пак на владетелот неговите инсигнии: дијадемата, облеката за крунисување, печатот и оружјето биле ставани на престолот од каде ги земал новоизбраниот владетел.
Финансии :
Владетелот бил заштитник и администратор на македонската ризница и државните приходи кои му припаѓале на македонскиот народ: даноците од освоените народи исто така оделе за македонскиот народ, а не за владетелот. Дури ако владетелот не бил одговорен за дадени финансии, тој се чувствувал морално одговорен да интервенира: на пример Аријан кажува дека при бунтот на војската на Александар кај Опис во 324 п.н.е., Александар морал да ги прикаже сметките од неговото наследство при смртта на неговиот татко за да покаже дека нема направено никаква финансиска злоупотреба.
Од Ливиј и Полибиј знаеме дека државата се снабдувала со финансии од следниве извори:
- Рудниците за злато и сребро (како Пангај - Пајак планина), на пример, кои биле во сопственост на Владетелот и од чија руда се правеле парите.
- Правата за ковање на поситни пари од бронза и сл. потоа се предавале на регионалните власти.
Шумите,чие дрво било високо ценето од страна на атињаните за бродоградба: Атина склучувала трговски договори со Македонија во 5 век п.н.е. за увоз на дрво за бродоградба.
Владетелските поседи кои биле земја здобиена по пат на освојување и била исползувана директно или со помош на работната сила на воeни затвореници, како и индиректно преку даночен систем.
- Царина на пристаништата која се однесувала на трговијата (давачки за увоз и извоз).
Најчестиот извор на приход било давањето под наем: Аминта ТРЕТИ (или можеби Филип ВТОРИ) ги удвоил пригодите на пристаништата со помош на Калистрат, кој избегал во Македонија и донел 20 до 40 теленти за една година. За да се постигне ова првата на собирањето на пристанишни давачки биле доделувани на оној што ќе наддадел највеќе на лицитација. Ливиј кажува дека рудниците и шумите исто така се давале под наем.
Со исклучок на поседите на Владетелот, земјата во Македонија била бесплатна: сите македонци биле слободни граѓани и никој не плаќал давачки никому за користење на туѓа земја. Дури и даноците во кризни ситуации кои биле нормални насекаде не постоеле во Македонија. На пример економските кризи на Александар Македонски во 334 п.н.е. и Персеј во 168 п.н.е. не резултирале со воведување на данок, туку кризите се решавале по пат на заеми или покачување на наемнини.
Владетелот исто така повремено ослободувал некои луѓе од било какви давачки како на пример во случајот на семејствата на загинатите борци во битката кај Граник во Мај 334 год. п.н.е. кои биле ослободени од плаќање наемнина за користење на имотот на владетелот, како и други стопански давачки.
Mакедонското собрание.
Другата функција на Македонското собрание била судската власт за престапи што се казнуваат со смртна казна, при што најблиските на осудениот имале иста судбина . Притоа владетелот имал улога на јавен обвинител и го водел судењето, а обвинетиот сам се бранел. Казната најчесто се состоела во каменување.Mакедонското собрание не ја ограничувало власта на владетелот.
Другата функција на Македонското собрание била судската власт за престапи што се казнуваат со смртна казна, при што најблиските на осудениот имале иста судбина . Притоа владетелот имал улога на јавен обвинител и го водел судењето, а обвинетиот сам се бранел. Казната најчесто се состоела во каменување.Mакедонското собрание не ја ограничувало власта на владетелот.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.