Thursday, February 10, 2011

Голема Божица Мајка

Голема Божица Мајка - скулптура од неолитот, V милениум п.н.е. Пронајдена на археолошкиот локалитет Церје, Говрлево, близу Скопје, Република Македонија.


Македонците во своето формирање како народ, поминале низ сите фази на цивилизацискиот развој. Кај нив од најраните мугри на цивилизацијата е доживеана фазата на матријахатот и тоа во својата најсилна и возвишена форма на почит и славење.
Толку е тоа силно што влијае и на околните народи, та има превземање на култот на мајката и нејзино славење со специфики подоцна забележани за тие народи. Но матриjахтот не е само некој далечен и исклучив период кој бесповратно исчезнал, зашто и по него,култот на мајката е присутен преку подигнати светилишта и многу подоцна.
Така на пример на манумисискиот натпис од светилиштето на МАЈКАТА на БОГОВИТЕ во Леукопетра (Извор) од 134 год. н.е (AncMac, III, 1977[1983] p.241) за потеклото на подигнувачите на светилиштето јасно стои националното обележје - “GENOS MAKEDONIKON” или дека се од МАКЕДОНСКИ РОД.
Ова значи дека и во II век од н.е и под Римјаните, нашите предци Македонци јасно ја изразувале својата национална посебност со ова македонски род, но и дека го негувале култот на мајката преку светилиштето во чест на мајката на боговите.
Кај Хелените, жената е “вечен малолетник”, целосно е исклучена од политиката и социјално-општествениот живот.
Во Македонија на пример таа има право да располга со имотот, без машки тутор (tutella mulierum): таа е правно способна да продава и купува, да подарува како да е гарант, за што сведочат потписите.
На пример дури и под Римска власт има бројни натписи кај Македонците тн.р манумисии, за дарување робови на женски божества:
- Aртемида (во повеќе варијанти)
- Мајката на боговите
- Автохтоната мајка на боговите
- Ма
- Немеса Енодија
- Сириската девствена божица
- Семоќната божица и др. женски божества


Жената пак од кралското семејство во Македонија има значајна улога во државните работи (воени, дипломатски), иако не учествува во гозбите заедно со странци (Her.,V,18). Но ова значи и дека таа е заштитувана од очите на странците и чувана како македонска вредност.
Кралицата-мајка ја вршела должноста prostasia, што ќе рече обезбедување добросостојба на кралството (како Олимпијада мајката на Александар во негово одсуство, но и во Молошкото кралство, кога во Македонија ја заменува Клеоптра).
Македонската кралица ги ислушувала и барањата на граѓаните како што потврдува натписот од Касандреја за Phila, жената на Антигон Гоната, (cf.M.Hatzopoulos, Meletemata 10, р.144, n. 37).
Енергичната Македонка-кралица вршела и силно влијание или се вклучувала во борбите за власт. Познато е дека Антипатер постојано му се жали на Александар додека е овој во Азија, од неговата мајка Олимпијада која му се мешала во надлежностите како намесник во Македонија.

Голема Божица Мајка - скулптура од неолитот, V милениум п.н.е. Пронајдена на археолошкиот локалитет Тумба, Маџари, близу Скопје, Република Македонија.

Интересно е што истовремено ја изразувале и својата јазична посебност со друг израз. На пример кај епитафот од двомесечното девојче Nike од Солун од III век н.е, пишува дека е од - “FONE MAKEDONIKE” (A.Delacoulonche, Le Berceau de la puissance macedonienne, des bords de l`Haliacmon a ceux de l`Axius, 1859, no 30;cf. BCH CXI, 1987, p.411) или “ЈАЗИК МАКЕДОНСКИ”, што ќе рече дека и во III век н.е, македонскиот јазик и во услови на Римска четири и пол вековна доминација, не исчезнал. Но ова укажува дека дури и на двомесечни девојчиња му се укажува чест од посебен споменик и епитаф, нешта што кај Хелените не се забележани.
Божицата Ма е многу често ја спомнуваат засега само во пишана и ликовна форма додека во наративните извори е позната како Кападокиска божица но со длабоки корени од Хетско време.

- Ма е божица со соларни обележја (зраковидна круна на главата) но и воени (штит, оклоп, меч, копје или лабрис – како Хетско божество на војната).

- Во Римско време соларните обележја изгледа се забранувани зашто премногу се македонско генетско обележје и буди кај Македонците такви чувства.Тие можеле да ја слават но без овие обележја па остануваат само воените атрибути.

- Освен Понт и Кападокија, само во Македонија е посведочен култот на божицата Ма и НИКАДЕ на друго место, особено не во Елада (Грција).

За Ма само во Воден се најдени повеќе од 30 манумисиски натписи а една од само трите досега пронајдени вотивни плочки е од с. Претор кај Ресен (Н. Проева, La deesse cappadosienne Ma et son culte en Macedoine ЖА XXXIII/2, 1983, p. 119-244.; Ead, LIMC VI/1, p. 330/31, VI/2, 169/70, 1993, s. v. Ma)

- Грчките стручњаци во склад со нивните обиди за докажување на грчко потекло за античките Македонци ја премолчуваат оригиналноста на оваа божица (во грчкиот пантеон нема божество со вакви својства) и го прескокнуваат фактот дека ја нема во Хелада, та ја толкуваат како варијанта на Големата мајка на боговите, Demetra, Thea, Pasikrata, Artemida, Enodia дури и Девица.

Инаку кај сите народи има една Божица-прамајка со повеќе различни својства што во разни времиња и на различни места се изделувале како одделни божици, меѓу кои не може да се стави знак на еднаквост, без оглед на тоа што се произлезени од една Пра-Мајка.

- Ова покрај натписите го докажуваат и наративните извори. Така на пример на едно мсето кај Апулеј истовремено се бара заштита од Сириската божица, од Ма, од Мајката на боговите, од Сабазај како и од семитскиот пар Адоинс и Афродита (Apoul., Metam.,8. 35).

- Дека Ма не може да се поистовети со Мајката на боговите покажува и тоа што Римјаните со италската божица на војната ја идентификувале Ма, а не Мајката на боговите.

- Во изворите Bellona и Мајката на боговите се спомнуваат заедно (Furentis Matris Bellonae et Matris deum chorus, cf. louv., B 512; Louk, Onos, 1,565) се разбира заради нивната сродност (та така Сирискат божица престојува во храмот на Мајката на боговите, (oul., Metam., 9, 9) а не затоа што биле идентични како што тврди М. Хаѕопулос.

- Фригиското име на Големата Мајка на боговите било Ammas, Ammia, а името на божицата Ма е хипокорисник од МАМА, збор за мајка и спаѓа во група т.н.р Lalnamen имиња што се речиси исти кај сите индоевропски народи.


Македонската Деметра е често прикажувана со тирс во десната рака и грозд во левата а десно од Диониз, што ќе рече прикажана е како негова придружничка.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.