Monday, August 29, 2011

Стефан Наумов - Стив


Стефан Наумов - Стив (Битола, 27 октомври 1920 - 12 септември 1942) е македонски комунист, учесник во НОБ, народен херој на Македонија.
Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запишува на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапи на напредното работничко движење, поради што беше затворан. Во 1939 година станува член на КПЈ, а по враќањето во Битола, во септември 1940 година е избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година учествува во формирањето на Битолскиот НО партизански одред „Пелистер“. Во јуни 1942 г. станува член на Оперативниот штаб на Главниот штаб на партизанските одреди во Македонија. Есента истата година заминува на партиска задача во Преспа каде загинува (се самоуби) во борбата против бугарската војска и полиција кај селото Болно, ресенско, на 12 септември 1942 година, заедно со Мите Богоевски.


Христијан Тодоровски - Карпош


Христијан Тодоровски - Карпош (Куманово, 3 септември 1921 - 7 февруари 1944, Биљача, Прешевско)
Како студент бил член на СКОЈ уште од 1940 година. Поради неговите прогресивни идеи, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.
Во 1941 учествува во прибирање на оружје, растурање на памфлети и дистрибуција на билтенот „Дедо Иван“, кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.
Член е на Првиот Кумановски Одред, станува партизан на 11 октомври 1941 година, потоа член на партизанскиот штаб од Куманово, подоцна се приклучува кон Вториот Јужно Моравски Одред.
Бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во с. Билјача - Прешевско.

Орце Николов


Орце Николов (Скопје, 7 јануари 1916 - 4 јануари 1942) (Јордан Николов), народен херој на Македонија, еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија.
Роден е во Скопје, во работничко семејство. Во 1935 година станува член на КПЈ. Го отслужува воениот рок во 1937 - 1938 година во Загреб. По враќањето од војска повторно се зафаќа за работа во УРС - синдикатот и заедно со Цветан Димов ја предводи подружницата на шивачките работници.
Во есента 1938 година, по иницијатива на Орце Николов е организирана акција за запишување доброволци за одбрана на Чехословачка.
Во есента 1939 година, во согласност со решението на КПЈ за засилување на мобилизацијата во Македонија, кога во Македонија доаѓа и Светозар Вукмановиќ - Темпо, во Скопје го затекнува Орце како секретар на Месниот комитет на КПЈ и член на Покраинското раководство на КПЈ за Македонија. Тој организира повеќе штрајкови на работниците во Скопје, Тетово, Гостивар, Прилеп, Куманово и други градови.
Најголемиот успех на Орце во Македонија во 1940 година претставуваат политичките демонстрации за Илинден. Орце учествуваше во Скопје во организирање на масовната екскурзија на работниците и други граѓани на Илинден.
Паднал во полициска заседа пред неговата куќа. Во септември Орце со уште тројца уапсени е доведен во Белград, во истражниот затвор на Ада Циганлија, а оттаму во Велика Кикинда. Таму стапува во штрајк со глад за подобрување на положбата на затворениците.
Кон средината на ноември 1940 година Орце е изведен пред судот за заштита на државата во Белград, каде што е осуден на две години строг затвор. Испратен е во затворот во Сремска Митровица, од каде бега на 22 август 1941 година, заедно со поголема група затворениците меѓу кои се и Бане Андреев и Богоја Фотев.
По бегството, по одлука од Врховниот штаб, сите комунисти - бивши затвореници се јавуваат на Врховниот штаб во Ужице. Орце Николов тогаш во Ужице добил задача да се пробие во Македонија, каде што се вршеа подготовки за создавање на првите партизански одреди.
Потоа со една група Македонци се упати кон Македонија и во околината на Лесковац чека да му бидат испратени фалсификувани документи, за да може полесно да ја помине демаркационата линија низ територијата окупирана од Бугарија. Во првиот обид да ја премине граница, не успеал, и се вратил назад. При вториот обид, ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 година, во пробивањето низ демаркационата линија Орце Николов загинува при заседа на бугарскиот окупатор на планината Кукавица, кај селото Туба, во близина на Владичин Хан, Србија.

Македонски списанија во текот на војната 1944 г.


"Дедо Иван" и Билтен

Дедо Иван е првата новина издадена во текот на НОВ од страна на локалниот партиски комитет во Куманово.

Билтен е огранок на ГШ во кој се даваат информации за воените дејствија на македонските воени формации.

Членови на АСНОМ

Состав на пезидиумот на АСНОМ на чело со Ченто
Дел од военото раководство пристига на првото заседание на АСНОМ

Sunday, August 28, 2011

Манифест од Првото Заседание на АСНОМ

Манифест од Првото Заседание на АСНОМ
Манифест од Првото Заседание на АСНОМ

Македонски народе,

Во дните на најголемите световни сатресенија, во времето на најкрвавата борба на македонскиот народ, твоето прво Народно Собрание, израснато от крвта и животите на најарните свои синови, во твое име излегува пред лицето на цел свет да каже на пријатели и душмани, на сојузници и окупатори, на блиски и далечни, оти македонскиот народ е решен да заживее слободен живот и оти никаква сила на светот не може да му застане на неговиот пат кон полна национална слобода.
Во моментот кога картечниот оган на нашите бригади го уништава крвавиот окупатор од Куманово и Струмица до Тиквеш и Дебар, кога нашата борба оди кон својата највисока точка и кога нејзинит успешен крај стана јасен за секого, првото македонско Народно Собрание излегува со прокламација за полна национална слобода на нашиот народ.


Македонски народе,

Овија исторически печалби кои ти ги оповестува твоето прво Народно Собрание не се ни случајни ни аризани. Тиа се плод од реки пролеана крв и од купишта коски посејани од едниот до другиот крај на Македонија. Во петвековното ропство разни поробувачи е грабеа твојата земја и го поробуваја твојот народ. Единото средство које не можеше да ти биде ограбено, беше борбата. Таја остана најсилното оражие во твоите раце и ти помогна да не бидеш збрисан како народ.




Во следните денови на Илинденското востание и Крушевската република, ти разбра колкава е силината на това оражие. Илинденското востание откри пред цел свет колку е тврда твојата решеност да не бидиш роб на никого, ами да заживееш како слободен народ. Илинденската епопеја ти покажа и тебе колку е силна твојата тупаница кога се подигна за извојуване на слободата. И токмо така сила ги заплаши твојте скриени и отворени душмани - империјалистите од комшиските балкански држави.
Уплашени од таја борбена сплотеност тие се опитаја со својата отровна пропаганда да те разединат за полесно да те поробат. И, благодарение на предатели и изменици во твоите редови, ти ја дочека решителната 1912 год(ина) разеднен, закрвавен, неорганизиран и твојата земја бидува разделена меѓу империјалистичките грабители. Во 1919 год(ина) се повторува срамната делба на Македонија, и ти не куртули од јаремот на ропството.



Македонски народе,

Впрегнат во невидено економско ропство, одречен како народ, обезправен политички, заостанал просветно, ти беше през 23 годишниотживот под великосрбското ропство доведен во положение на колонијален народ. Србизирањето стана националното гесло на белградските реакционери, занданите - нимното единствено умиротворително средство, економскиот грабеж - нимниот стопански принцип. Това што те одржа за тие тешки години, това беше твојата борба против великобукарските грабачи и нивните македонски измеќари. Во таја борба ти прогледа и узреа политички, во неа ти си ги најде својте, најдобри сојузници. Това беа другите поробени народи на Југославија. Това беше и братскиот српски народ зад чие име се криеја поробувачите од белградската чаршија. Во борбата против великосрбските повелачи, ти го искова своето братство со другите народи на Југославија. Това братство, покрај твојата борба, стана уште една гаранција, за спечалване на слободата.




Македонски народе,

Со подлиот напад на германо-фашиските империјалисти во 1941 год(ина) Југославија бидува прегазена, а Македонија, за четврти пат во 30 години, поделена меѓу фашиските јатаци на Хитлера. Под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ. Грабежот зема невидени до тогај размери, македонското селско стопанство бива исцело ставено во услуга на Хитлерова Германија. “Дирижираниот стопански“ грабеж ги рашири своите крила над Македонија. Не остана произведение од селското стопанство, које можеше да куртули од реквизиционата експлоатација. Селаните беа бутнати во понорот на бедата. Со ним заедно тонеа во мизерија сите други сасловија. Целото македонско стопанство беше подложиво на најбесрамен грабеж за сметка на фашиската Германија. Бугарските фашиски измеќари се преобрнаја во најверни кучина на Хитлера. Спекулата стана неписан закон . Македонија беше стопански изцрпена. Македонскиот народ потона во дотогај невидена беда.
Дури на една страна се трубеше неуморно старата поробувачка песма оти македонски народ немало, оти ние сме биле асли Бугари, на друга страна се полнеа занданите со чесните синови на Македонија, а во полицејските участаци со инквизаторски методи се мачеа народните борци. Војно-полевите судови работеја усилено, интернациите обухватаја цели села и околији, на бесилките увиснаја најдобрите синови на Македонија. Крвожедниот фашиски окупатор тргна кон физичко истребување на македонскиот народ. Модерните Хуни ги надминаја во крволочноста најсуровите турски катили.




Македонски народе,

През долгите години на ропството, тешката стварност те научи оти ти против подлите поробувачи имаш само едно сигурно оражие: борбата. И ти машки го стегна това оражие. Во позивот на КП на Југославија за борба, ти ја чу савеста на најдобрите твои синови. Во нејзиниот револуционерен дух ти ја осети бунтовната силина на еден поробен народ. Во нејзината организациона стегнатост ти го виде твојот водач и умен организатор. Во нејзината доследност ти виде гаранција оти борбата ќе биде изведена до победоносен крај - и ти не се поколеба да тргнеш со смелиот водач и организатор. Револуционерните традиции на Илинден пак оживеа. Настануваат најславните години во твојата историја, настанува епопејата на светата народна ослободителна борба, во која ти се препороди како народ и се осети оспособен да си ја земиш садбата во сопствените раце. Во неравната борба, во која ти влезе смело, израсна од малите партизански одреди - првата во твојата историја Народнослободителна војска, која го прослави македонското име по цел свет и стана страх и трепет за фашискиот окупатор.Сјајните победи при Кичево, Дебар, Тушин, Ристовац, Злетово, Кратово и Струмица се славна историја на твојата војска. Ослободуването на Македонија е нејзиниот свештен завет. Надахната со лјубовта за својот народ, запоена со духот на Делчев, одушевена со борческиот елан на Тито, твојата војска ќе го исполни тој свештен завет и нема да го испушти оражието од раците дури последниот окупаторски војник не биде избркан од нашата татковина, дури последниот воен преставник и предател не добие заслужено наказание и дури слободата не биде исцело извојувана и осигурена.




Македонски народе, 


Изненаден от твојата сплотеност, исплашен од смелите удари на твојата војска, поганиот фашистички окупатор разбира оти сам нема да може да се додржи во Македонија. По стариот обичај на сите пробувачи, тој побара и најде гнасни изроди, готови за фрлената коска да го продадат собствениот народ. Чкатровци и Ѓузеловци, Китинчевци и Ципушевци се натпреваруваат кој посрамно да те продаде. Од шпионското служение на фашистичкиот окупатор, овие одвратни јуди стигнаја до организиране на банди, саставени од најкриминални албански и домашни елементи, за борба против нашата Народно-ослободителна војска, за крволочно избиване на мирното македонско население и за паленје на македонските села.
Уплашениот фашистички окупатор сега ја фрли и последната карта во борбата против македонскиот народ. Крволочната банда на Ванчо Михајлов, потоната во невината крв на толку македонски синове, пак се јавува на предателската сцена, овој пат на чело со познатиот фашистички агент Александар Станишев. Професионалните убијци од софијските улици прават сега јалов опит со терористички јадра од коцкари и пијаници да ја отежнат праведната борба на македонскиот народ за слобода.
Во борбеното единство на македонскиот народ со другите народи на Југославија, овие погани изроди ја гледаат најголемата опасност за своите противнародни планови. - Ударајќи бесно против српскиот народ, тие сакаат да удрат против единството на братските народи во Југославија, да го одделат македонскиот народ од нив, да го осамат во борбата и, изолиран од неговите сојузници, полесно да го уништат. Со својата бесна компанија против Маршал Тито, тие се опитаха да го отделат македонскиот народ од гениалниот водач на Народно-ослободителната борба и да ја закопат за вечни времина слободата на македонскиот народ. Фрлајќи лаги и одвратни клевети против нова, демократска и федеративна Југославија, тие сакаат да го турнат македонскиот народ во поразениот лагер на фашистите и да го дотерат утре на оптуженичка клупа заедно со фашистичките злочинци.




Велико-српските хегемонисти на Дража Михајловиќ и Милан Недиќ, демаскирани како слуги на окупаторот и отфрлени од српскиот народ, презрени од демократската светска јавност, разбијени исцело во Македонија, притаени во разни германски претпријатија, дебнат момент да се фрлат на македонскиот народ и пак да го прегнат во јаремот на белградските шовинисти.
Во Западна Македонија уште живеат албанските фашисти околу криминалците Джемо и Мефаил. Потпомогнати од Чкатровци и Коцаревци палат тие македонски села и крволочно го избиваат македонското население.
Сите овие браќа во криминалот и душмани на македонскиот народ се верни слуги на истиот господар - крволочниот Хитлер. Но ти брзо ги откри пеколските планови на овие злочинци и им даде достоен одговор. Немилосрдната борба против фашизмот и крвавиот великобугарски окупатор, то беше твојот одговор на нивните опити да те впрегнат во јаремот на фашиското ропство. - Разбиването на контрашките банди уште во нивниот зародиш, то беше твојот одговор на нивниот опит да го разделат македонскиот народ и да е удушат неговата борба. - Нераздружимото братство и единство со другите народи во Југославија, то беше твојот одговор на нивните опити да те осамотат во борбата. - Изградувајнето на нова, демократска и федеративна Југославија на чело со маршал Тито и твојата сплотеност во редовите на Народно ослободителниот фронт на Македонија, то е твојот одговор на сите планови на великосрпските хегемонисти и на разбојнички прохтеви на големоалбанските фашисти. То е денес твојот одговор на сите овие душмани - твојата праведна борба за слобода. Утре никаква сила нема да ги спаси овие продадени души од немилосрдниот народен суд. Никаква сила нема да ја запре твојата осветничка тупаница да ги разбие главните на овие гнасни изроди и подли поробувачи. Никаква сила нема да ја намали твојата величанствена борба за слобода. Борбата за твојот праведни идеали се најдува пред победоносен крај, пред полна национална слобода.



Македонски народе,

Од тешките борби и пролевената крв на најдобрите македонски синови излегува денес првото Народно Собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет, и ја прокламира пред цел слобода и изразител на твојот суверенитет, и ја прокламира пред цел свет полната национална слобода на македонскиот народ во ПРВАТА СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Вековниот идеал на македонскиот народ се постигнува. За прв пат после Самоила македонскиот народ створи своја собствена држава; за прв пат македонскиот народ ќе се осети во Македонија како во своја кукја; за прв пат тој стана не дребна пара во сметките на грабежливите сили, ами слободен народ во слободна држава. Това е најголемата придобивка во историјата на нашиот народ, спечалена во гигантскиот антифашистички фронт со крвта на најдобрите синови на Македонија и со помошта на другите народи на Југославија, осигурена во нова, федеративна заедница на народите на Југославија.
Тргајќи од животните интереси на македонскиот народ, од неговите заеднички борби со другите народи во Југославија против големо-српската хегемонија и од скапите жертви дадени против заедничкиот фашиски окупатор, првото македонско Народно собрание изјавува во твое име оди МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВЛЕГУВА КАКО НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДЕН И РАВНОПРАВЕН ЧЛЕН ВО НОВА, ДЕМОКРАТСКА И ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА, на принципите установени на ИИ заседание на Антифашиското веќе на народното ослободуване на Југославија (АВНОЈ), на кое му се признаја правата на национална слобода. Со това, македонскиот народ станува градител на нова Југославија, која е дело и израз на нераздруживото единство и братство на сите нејзини народи, и најголемата гаранција како за слободата на секој отделен народ, така и за слободата на сите народи во Југославија заједно. Како дел на нова, демократска и федеративна Југославија, македонскиот народ станува сојузник на големите сили победителки.




Тргвајќи од вековните идеали на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание го прокламира пред цел свет своето праведно и неостапно сакање ЗА ОБЕДИНЕНИЕ НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД на принципите на правото за самоопределуване. Со това ќе се тури крај на робството на македонскиот народ во сите негови делови и ќе се создадат условија за искрена солидарност и мир между балканските народи.
Бидејќи свесно оти фашизмот е најголемиот враг на малите народи и на славјанството, првото македонско Народно собрание тржествено изјавува оти македонскиот народ нема да го остави оражието дури фашизмот со сите негови помагачи не биде исцело разгромен.
Борејќи се за слободата на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание ги ПРОКЛАМИРА ПРАВАТА НА ПОЛНА СЛОБОДА И РАВНОПРАВНОСТ НА СИТЕ НАРОДНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА.



Македонци и Македонки, браќа и сестри!

Првото македонско Народно Собрание ги прокламира овија свети принципи во момент кога братската победоносна Црвена армија, стапува на германска земја и незадрживо оди кон Берлин, кога нашите англо-американски сојузници на запад го пробија атланскиот зид на Хитлеровата европејска зандана, кога сојузничките армиии од југ настапуваа кон Алпите, кога приказаната со смелост Титова армија се готви да тргне на Белград, Загреб, Љубљана, Сарајево и Скопје.
Првото македонско Народно Собрание ги прокламира овие големи принципи во согласие со основните решениа на Московската и Техеранската конференција, кои ги гарантираат правата на слободен живот на секој народ, ангажиран во борбата против фашискиот окупатор.
Во овија дни се решава садбата на нашиот народ за векови. Историјата ве поставила пред судбоносна проба. Од вас зависи дали Македонија ќе биде зандана за робови или слободна татковина на слободни луѓе. Жертвите на вашие браќа и правоборци ве викаат на последен јуриш. Сетнината ваша и сетнината на нашата родина ве викаат на последен, одлучен бој. Наредете се сите во народно-ослободителниот фронт и докажете оти сте достојни синови на еден јуначки народ. Дигнете се сите против крвавиот окупатор и докажете оти сте способни да си ја спечалите слободата и изградите сами сетнината.


Македонци под Бугарија и Грција,

Обидението на целиот македонски народ зависи од вашето участие во гигантскиот антифашистички фронт. Само со борба против подлиот фашиски окупатор ќе го спечалите правото на самоопределуење и обединение на целиот македонски народ под покровот на Титова Југославија, која стана слободна заедница на слободни и равноправни народи. Нека борбата на македонскиот пиемонт ве одушеви за посмела борба против фашискиот поробувач! Нека патот на овој дел на Македонија стане и ваш пат, оти само тој води кон слободата и обидението на целиот македонски народ! Нека вашето участие во свеопштата антифашиска борба им даде живот на принципите прокламирани на првото македонско Народно Собрание и нека ги збрише искуствените граници који разделија брат од брат, Македонец од Македонец.





Браќа Арнаути, Турци и Власи,

Поробувачите на Македонија од везден сакале да не разделат и скарат за полесно да ја владат нашата татковина и да ги грабат нашите народи. Тешкото минато ни покажа оти интересите на нашите народи са исти, а нивната садба заедничка. Во овие решителни моменти сите ние изградуваме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме.
Вашите синови учествуват во македонската војска и земат веќе командни места. Вашите првоборци учествуват како пратеници - народни претставители во Народното Собрание. Првото македонско Народно Собрание е прокламира слободата и равноправноста на сите народности во Македонија. Мобилизирајте ги сите сили поскоро да ги оствариме неговите свети принципи. Учествувајте равноправно во борбата против окупаторот за да можете равноправно да учествувате во изградувајнето на слободна Македонија - слободна татковина на сите народности.


Илинденци,

Крвавиот фашиски окупатор спекулира со вашите жертви и со вашата крв. Тој срамно ги изопачува целите на вашата несебична борба во миналото. Тој се опирва да го сроза вашиот авторитет, употребувајќи ве како перде за страшниот грабеж и терор спроведуван над вашата земја. Тој подмолно се опитва во најрешителните моменти да го раздели вашиот народ на стари и млади.

Се исполнуват целите за кои вие сте се бориле. Македонија врви кон својата слобода, кон непостигнатиот идеал за кој хиладници ваши другари ги дадоа својте животи во Илинденската епопеа. Вашиот првоборец и другар Димитар Влахов е еден од нашите водачи. Вашето место е покрај вашите синови и внуци. Напред во борбата за идеалите за кои вашата генерација се бореше, а нашата ги исполнува! Напред стари и млади за изградуване на слободна Македонија.




Македонска емиграцијо во Бугарија,

Ропството на нашата македонска родина ве отдели од вашите куќи, од вашите блиски, од вашите села и градови. Тешката садба на вашата поробена татковина ве фрли во лапите на подлиот корбурговски диктатор. Во мрачните завоевателни планови на крвавиот кобурговски дворец, на вас ви беше предопределена ролјата на воени провокатори на Балканот и на камшик во рацете на тираните против слободољубивиот бугарски народ.

Ние синовите на боречка Македонија везден сме правеле разлики между убијците од бандата на Иван Михајлов и чесната македонска емиграција. Ние од везден сме знаеле оти во вашите гради никогаш не престанало да бие едно чесно срце на нашата обшта родина, оти нашите идеали са и ваши идеали и оти во вас никога не угаснало желеанието да се најдете пак во вашата слободна и незастранена македонска татковина. Првото македонско Народно Собрание ви испраќа пламени братски поздрави и ве кани во дружна борба за ослободувајне на Македонија и изградувајне на слободна Македонска држава. Отврлете ги самоназначените водачи околу крволокот Иван Михајлов! Присаединете се кон нашиот Народно-ослободителен фронт за избркуване на фашиските поробители! Земете участие во ослободувајнето на обштата македонска татковина! Дајте го својот дел во нејзиното изградувајне! Нека нашата сплотеност стане остар одговор на сите поробувачки планови! Нека нашето единство стане страх и трепет за враговите на Македонија! Нека нашиот боречки патриотизам стане гаранција за подобра сетнина на нашата татковина!

Македонски работници!

Вие први разбравте оти фашизмот е ваш најголем душман, најсвирепиот поробител на вашиот народ, и вие први влеговте во светата борба против него. Зад секоја победа во оваја трогодишна борба се крие пожртвованоста на вашите првоборци. Секој успех против крвавиот фашиски окупатор е израснал од крвта на вашите другари.
Во слободна Македонија, во нова Југославија, вие ќе започнете еден посреќен и подостоен за вас живот.
Во предвечерието на слободата ни еден ваш другар не смее да остане на страна од борбата. Напуштајте ги фашиските работилници, фабрики и рудници! Напуштајте ги фабриките во фашиска Германија! Влегувајте во вашата народно-ослободителна војска и станете нејзин грбнак! Со своето масовно участие станете првоборци на Народно ослободителната борба! Со својата храброст станете гордост на нашиот народ! Со својата прикажана упорност изградувајте ја слободна Македонија и станете нејзини најпредани творители! Направете од новата македонска држава вистинска, слободна, и праведна татковина на целиот работен народ.



Македонски селани,

Вие најдобро осетивте на сопствената кожа што значи фашиско ропство. Во овија три години плодовите на вашиот труд се грабеа и се грабат по најбесрамен начин, а на вас ви остава само ропска работа, беда и безправие. Фашиските повелачи ве оставија да живите само за тоа, да можете да работите на нивната војна машина. Од вашиот труд се гојат окупаторските грабачи, а вие остануете гладни, голи и боси. Фашизмот ви зеде се, а не ви даде ништо.
Во овије неколко месеци се решава садбата на македонскиот народ. Садбата на Македонија е садба на македонскиот народ. Садбата на Македонија е садба на македонските селани, дека вие сте најголемиот негов дел. Не давајте ги својте произведенија на фашиските изеденици! Кријте го житото! Избивајте ги реквизионите комисии! Палете ги фашиските општини. Не плаќајте данаци на вашите поробители! Влегувајте смело во редовите на нашата војска! Станете сите како еден да ја извојуваме слободата и да ја изградиме слободна Македонија.



Македонски младинци и младинки,

Вие бевте првата жертва на фашиските окупатори и вие кренавте први во борба против нив. Со својата прикажана храброст вие дадовте пример како се служи на народните идеали. Вие денес го чините најборбеното јадро на нашата војска.
Во борбата што се води денес се изградува поарна младинска сетнина. Слободна Македонија вие треба да (ја) изградите. Со сите сили помогнете за спроведуеното на решениата на АСНОМ и (за) изградуенето на новата народна демократична власт во Македонија и (на) нашата Македонска држава.
Борци од Народно-ослободителната војска на Македонија, партизани, војници, офицери, подофицери и политички работници,
Со вашата прикажана смелост вие го разнесовте македонското име по цел свет. Со својата безпримерна пожертвуваност вие му натеравте страв во коските на фашискиот окупатор. Со крвта на најдобрите свои другари вие е исписавте славната историја на македонскиот народ. Победата е близу, но требат уште напори да се извојува слободата на македонскиот народ. Во гигантската борба што се води денес, вие не сте сами. Вие сте дел на славната Народно-ослободителна војска на Југославија и како такви - сојузници на победоносната Црвена армија и на англоамериканските војски, кои ги задават последните удари на фашискиот окупатор.
Запалените села по цела Македонија ве канат на освета! Поробениот македонски народ чека од вас слобода! Држете го уште поцврсто оражието спечалено со крв, јакнете ја уште повеќе вашата дисциплина и воена вештина! Дигнете го уште повисоко знамето на Гоце Делчев! Гответе се за последните удари на фашискиот окупатор! Гответе се за слободуене на Македонија!




Македонски мајки, жени и сестри

Во оваја величанствена борба вие го дадовте својот крвав дел. Во слободата на македонскиот народ вие ќе си ја спечалите и собствената слобода. Во утрешна слободна Македонија, Вие ќе бидете нејзини слободни и равноправни строители.
Учествувајте уште помасовно во народно-ослободителна борба! Мобилизирајте ги сите свои другарки за борба на фронт и работа во тилот. Борците на фронтот имаат нужда од вашата поткрепа. Слободата на вашиот народ имаат нужда од вашата помош. Изградувајнето на новата држава не може да се замисли без вашето равноправно участие. Прегнете ги сите сили за поскоро да ги оствариме принципите првозгласени од првото македонско Народно Собрание.

Македонски народе, браќа и сестри!

Зората на слободата изгрева! Од крвавата борба израсна веќе слободна Македонска држава, во нова, демократска и федеративна Југославија. Но борбата уште не е завршена. Прегнете ги сите сили да се истргне слободата што поскоро, да се сачуваат печалбите на сегашната борба, мобилизирајте ги сите снаги за изградувајнето на нашата држава и направете од неа сретна татковина на среќен народ.


Сѐ за фронт - сѐ за победа!

Да живее првата Македонска Држава во нова, демократска федеративна Југославија!

Да живее првото Антифашистко собрание за народно ослободуване на Македонија!

Да живее Антифашиското веќе на народното ослободуване на Југославија!

Да живее националниот комитет, на чело со лубимниот водач на Југославија Маршал Тито!

Да живее нераздруживото братство и единство на народите на Југославија!

Да живее Народно-ослободителната војска на Југославија!

За Антифашиското собрание на народното ослободуване на Македонија:




Президиум:

Претседател: Методи Андонов - Ченто, трговец од Прилеп;

потпредседатели: Панко Брашнаров, учител од Велес и Емануил Чучков, директор на гимназија од Штип;

секретари: Лјубчо Арсов, банкарски чиновник од Штип и Др. Владимир Полежиновски, правник од Кичево;

членови: Венко Марковски, поет од Скопје, Цветко Узуновски, работник од Преспа, Богоје Фотев, землоделец од с. Бистрица - Битолско ген(ерал)-мајор Михаил Апостолски, командант на НОВ и ПОМ, од Штип, Страхил Гигов, н(ачалник) од персон(алниот) отдел на Гл(авниот) Штаб, Петре Пирузе, адвокат од Охрид, Кирил Петрушев, работник од Скопје, Јован Јоргов, свештеник од с. Дреново, Епаминонда Поп-Андонов проф(есор) од Струмица, Генадие Лешков, землод(елец) од с. Дреново, Бродско, Ќемал Аголи, студент од Дебар, Лазар Соколов економист од Куманово, Вера Ацева, домаќинка од Прилеп, Камбер Хасан, землед(елец) од с. Дисан, Ацо Петровски, кројач од Скопје, Младен Георгиев Челопечки, земл(оделец) од с. Челопек, Лилјана Чаловска, студентка од Битола.

АСНОМ

Свечената сала во која е одржано Првото заседание на АСНОМ

Првото заседание на АСНОМ се одржува на 2 август 1944 година во манастирот Свети Прохор Пчински. Како делегати за ова заседание се избрани 116 лица, од кои во работата на заседанието учествуваат 60-мина.


Список на делегати на Првото заседание на АСНОМ:
Абдула Алија, работник, Прешево;
Александар Георгиев, градежен инжинер, Гостивар;
Ацо Петровски, кројач, потпретседател на стопанската комора Скопје;
Асен Симитџиев, канд. адвокат, Скопје;
Атанас Бојков, командант на Струмичкиот одред, с. Богданци,
Атанас Великов Атанасов, работник, Петрич;
Бане Андреев - Ронката, политички комесар на Главниот штаб, Велес;
Благое Левко, адвокат, Велес;
Благое Хаџи Панзов, адвокат, Велес,
Благоја Минов, работник, Струмица;
Благоја Фотев, земјоделец, Бистрица;
Благоје Стефков, работник, Куманово;
Борис Атков, чиновник, Скопје,
Борис Поцков, типограф, Струмица;
Борис Чушкаров, учител, пол.ком. на III-та бригада, Куманово;
Борко Темелковски, работник, Прилеп;
Боро Димитриев, воздухопловен поручник на кралската Југословенска војска, Равно;
Боро Милевски, поручник, командант на IV-та бригада, Штип;
Боро Чаушев, работник, Неготино;
Ванчо Бурзевски, приватен чиновник, Свети Николе;
Васил Атанасков Ивановски, работник, Костур;
Васил Григоров Василев, работник, Петрич;
Васил Калајџијевски, судија, Вевчани, струшко;
Васил Кара Ангеловски, заменик командант на V-та бригада, земјоделец, Битола;
Венко Марковски, поет, Скопје;
Вера Ацева, домаќинка, Прилеп;
Веселинка Малинска, приватен чиновник, Куманово;
Видое Смилевски, банкарски чиновник, Гостивар;
Владимир Полежиноски, д-р, правник, Кичево;
Владо Малески, студент по право, Струга;
Генади Илијев Лешков, земјоделец, с. Дреново, Бродско;
Георги Ивановски, учител, Ресен;
Диме Туриманџовски, мајор на НОВ и ПОМ, Кавадарци;
Димитар Влахов, публицист, Кукуш;
Димитар Зафировски, журналист, Гевгелија;
Димитар Миовски, лекар во железничката болница, Скопје;
Димитар Теменугов, пол.ком. на Струмичкиот одред;
Димитри Манџовски, земјоделец, Костур;
Димче Беловски, приватен чиновник Штип;
Димче Стојанов Миревски, професор, Прилеп;
Душан Лукаров, работник, Скопје;
Елисие Поповски, банкарски чиновник, Маврово;
Емануил Чучков, директор на гим(назија) Скопје, Штип,
Епаминонда поп Андонов, професор, Струмица;
Живко Брајковски, земјоделец, Галичник;
Злате Билјановски, заменик пол. ком. на III -та бригада Пуста Река,
Злате Тренески, земјоделец, Кичево;
Иван Раднански, земјоделец, с. Радна;
Иван Танев, поручник, Гевгелија;
Илија Божиновски, чиновник, Ресен;
Илија Илијески, адвокат, Битола;
Исак Сион, приватен чиновник, Штип;
Јанко Шопов, техничар, Гевгелија,
Јован Георгиев, свештеник, с. Дреново;
Јонче Колев Трпевски, работник, Ресен;
Јордан Блажевски, инж. агр., Тетово;
Камбер Асан, земјоделец, Долно Дисан;
Кемал Аголи, студент по философија, Дебар;
Кемал Сејфула, занаетчија, Скопје;
Кирил Георгиевски, инж., архитект, Скопска општина, Прилеп;
Кирил Григоров, адвокат, Штип;
Кирил Миљовски, Д-р, ветеринарен лекар, Битола;
Кирил Михајловски, учител, Виница;
Кирил Петров Чаулев, студент, Охрид;
Кирил Петрушев, типографски работник, Скопје;
Кирил Стојанов, свештеник, Дебар;
Кирил Тошев Крстев, работник, Дебарце;
Коста Јашмаков, капетан, началник на штаб на III-та бригада Битола;
Лазар Гиновски, земјоделец, Белчишта;
Лазар Мојсов, студент по право, Неготино;
Лазар Соколов, инж. економист, Куманово;
Лазо Калајџиев, работник, Неготино;
Лилјана Чаловска, студентка, Битола;
Љупчо Арсов, инж. економист, банкарски чиновник, Штип;
Мара Нацева, работничка, Куманово;
Маца Карбева, домаќинка, Велес;
Методи Панов Джунов, земјоделец, Ваташа;
Методи Поповски, поручник командант на II-та бригада, Прилеп;
Методи Андонов - Ченто, трговец, Прилеп;
Милан Костов Стефанов, земјоделец, с. Десово;
Милева Сабо, работничка, Скопје;
Мино Богданов, чиновник, Велес;
Мино Минов, работник, Маврово;
Михаило Апостолски, генерал-мајор, командант на НОВ и ПОМ, Штип;
Младен Георгиев, земјоделец, Челопек;
Најдо Стаменин, работник, Неготино;
Наум Наумовски, политички комесар на II-та бригада, Крушево;
Наум Ташков Василевски, потпоручник, заменик командант на III -та бригада, Ресен;
Нафи Сулејман, земјоделец, Битолско;
Никола Иванов Вражалски, канд. адвокат, Кочани;
Никола Минчев, банкарски чиновник, Кавадарци;
Никола Мицев, Д-р, ветеринарен лекар бактериолог, Кратово;
Никола Пеев, работник, с. Богданци;
Панко Брашнаров, учител, Велес;
Панче Неделковски, потполковник, заменик командант на Главниот Штаб на НОВ и ПОМ, Скопје;
Перо Ивановски - Тиквар, работник, Прилеп;
Петар Богданов - Кочко, оперски пејач, Скопје,
Петар Стојанов Манговски, адвокат, Битола;
Петре Пирузе, адвокат, Охрид;
Ристо Балајцалиев, приватен чиновник, Гевгелија;
Славко Поп Антовски, Инж. , агроном, Скопје;
Стоилко Костов Иванов, учител, Ораов Дол;
Стојан Тодоровски, приватен чиновник, Куманово;
Страхил Бајовски, учител, Берово;
Страхил Гигов, началник, персонално одделение, Велес;
Тихомир Милошевски, мајор, командант на III-та македонска бригада, с. Битуше, Галичко;
Тодор Ношпал, трговец, Прилеп;
Тодор Пецов Циповски, работник, Тетово;
Тодор Стојанов Звездин, активен судски потполковник во кралството Југославија, Скопје;
Томо Кутурец, приватен чиновник, Крушево;
Трајко Цветанов, студент, Крива Паланка;
Трајче Трајчески, земјоделец, Црвена Вода;
Цветко Узуновски, работник, Ресен;
Часлав Рангеловски, инж., шумар, Скопје;
Чеодомир Филиповски, работник, поручник на НОВ, Гостивар;
Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) е врховно законодавно и извршно тело на Демократска Федерална Македонија во периодот од август 1944 година до април 1945 година, кога, согласно новите прилики, е реконституирано и преименувано во Народно Собрание на Македонија.

манастирот св.Прохор Пчински

По објавувањето на одлуката за свикување на АСНОМ, се пристапи кон избирање на делегатите за Собранието. Самиот начин на кој се избирале делегатите за АСНОМ не е сосема јасен. Во „Зборникот на документи од АСНОМ", издаден од Институтот за национална историја, има еден спис на ЦК КПМ од кој се гледа дека „електорскиот процес" се опишува вака - обласните комитети треба да ги избираат пратениците за "Прохор Пчински" на местни конференции од по 5 - 6 лица.
Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Заседанието започна со изведување на песната Изгреј зора на свободата. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија, се донесени неколку важни одлуки:
Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.
Покрај овие одлуки на ова заседание се прифатени решенијата од Второто заседание на АВНОЈ, одобрена е работата на Главниот штаб, формирана е комисија за испитување на воените злосторства направени од окупаторите и нивните слуги, како и друга комисија задолжена за изработување на законски проекти. Од заседанието е упатен Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ.
Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто, трговец од Прилеп, за потпретседатели Панко Брашнаров, учител од Велес и Емануел Чучков (Мане Чучков), директор на гимназијата од Штип. За секретари се избрани инженер Љупчо Арсов, банкарски службеник од Штип и д-р Владимир Полежиновски, правник од Кичево.



Второ заседание на АСНОМ:

По ослободувањето на Македонија од 28 до 30 декември 1944 година во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ, или поточно, Првото вонредно заседание на АСНОМ. Покрај делегатите на заседанието присуствуваат и: потпретседателот на Националниот комитет за ослободување на Југославија Едвард Кардељ, Димитар Влахов, Светозар Вукмановиќ – Темпо, претседателот на Отечествениот фронт на Бугарија Добри Трпешев и претставници на советската и англо-американската воена мисија.


Трето заседание на АСНОМ:

Трето заседание на АСНОМ се одржува од 14 до 16 април 1945 година. На ова заседание се извршени измени во надлежностите на Президиумот на АСНОМ, кому му се одземени извршните функции. Тие и се предадени на Владата на НР Македонија, која е избрана на 16 април, на чело со Лазар Колишевски. Во склоп на Собранието се формирани неколку одбори, а согласно новите прилики, АСНОМ продолжува да работи како Народно Собрание на Македонија.


проглас на АСНОМ за македонскиот јазик

Thursday, August 25, 2011

Кузман Јосифовски - Питу


Кузман Јосифовски - Питу (Прилеп, 23 јуни 1915 - Скопје, 25 февруари 1944), е македонски комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОБ во Македонија (1941-1944). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев).
Студира на Универзитетот во Белград каде е еден од предводниците на напредната студентска младина. Станува член на КПЈ во 1938 година, а од 1939 година е испратен на партиска работа во Прилеп. Поради несогласување со политиката на Методија Шаторов - Шарло е исклучен од Партијата, но набрзо повторно е примен во редовите на Партијата.
Член на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.
По Преспанското советување на 2 август 1943 година доаѓа во Скопје да раководи со борбата на македонскиот народ, во заднината на фашистичкиот окупатор. Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал често пати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. Живеел во населбата Трнодол, а според официјалната верзија смртно е погоден кај фабриката „Алумина“ од бугарски војник. Таму има поставена спомен-плоча.
Кузман Јосифовски – Питу бил убиен под мошне неразјаснети околности. Денеска, како што откриваат историчарите, постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ – Темпо до Тито во кое тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување одржано на 2 август 1943 година, каде Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка броба со Македонците од Вардарска Македонија,за целосно ослободување и обединување на Македонија.

Писмо на Кузман Јосифовски-Питу

писмо на Кузман Јосифовски-Питу

Кузман се обраќа на локалните комитети во Прилеп за организирање на македонскиот народ,во борбата против окупаторските сили во Македонија,22 ноември 1942 г.

Слободни територии

слободни територии 1943 г.
слободни територии 1944 г.

Батаљонот "Мирче Ацев"

Батаљонот "Мирче Ацев" 18 август 1943 Славеј планина

партизанска колона 1943 г.

Wednesday, August 17, 2011

Методија Андонов - Ченто

Методија Андонов - Ченто
Методија Андонов - Ченто (познат и како Методи) (18 август 1902 – 24 јули 1957) бил македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија.

фотографија на Ченто од 1919 г.

Роден е на 18 август 1902 година во Прилеп во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња.
Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, Илија Андонов - Ченто, во 1990-те има напишано биографија за својот татко.



Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.

Ченто со други македонски партизани
Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.
Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 - 1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. Неколкуте вакви негови изјави, биле рапортирани во Белград и биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

Ченто со Михајло Апостолски во ослободено Скопје
Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во Прилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „Чучулигово“, Петричко (Пиринска Македонија).
По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски - Питу, кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.

Ченто со Димитар Влахов-во средина и Михајло Апостолски-десно
На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври 1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

Ченто држи говор по ослободувањето на Скопје
По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

Ченто во цивилна облека како Претседател на Македонија
За време на извршување на својата фукнција, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито,кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).

Говор на Методија Андонов Ченто на Сојузното Собрание на Југославија 1945 г.
Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

портрет на уапсениот М.А.Ченто направен на 10 авг. 1946 г.
Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а на 19 ноември е изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател) и Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември првиот македонски претседател Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.
Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.


Ченто со непознат затвореник сликан во затворската болница
погребна поворка на закопот на Ченто
Долги години по смртта, Методија Андонов - Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов - Ченто, е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година.

Писмо на Методија Шаторов


Во писмото Методија Шаторов - Шарло ги повикува сите македонци и останати националности да се обединат,не да се делат,и сите да станат заедно против бугарскиот фашистички окупатор.

Oбвинение на бугарската полиција


Обвинение против учесниците во нападите на Прилепската полициска станица.

Бугарска полициска станица во Прилеп