Thursday, August 4, 2011

BMPO 1919-1924 / 1924-1934

Чета на ВМРО под водство на војводата Георги В’ндов 

BMPO 1919-1924
По Првата Светска Војна, Тодор Александров заедно со Протогеров, под претекст дека ја возобновуваат старата ВМОРО од време на Илинденското Востание, во Пиринска Македонија ги удира темелите на ВМРО. Зборот Одринска е изваден од името, затоа што во 1913 година Турција ги прогонува сите христијани од оваа област. Таа самата се повикувала на таков континуитет, иако сега била есктремно десничарска, па како таква сурово се пресметувала со низа автентични Илинденци, нејзини неистомисленици, како Ѓорче Петров например. ВМРО израснува во силна герилска организација, при што од своите бази во Бугарија извршува воени акции против властите на новиот поробувач на Вардарска Македонија, соседните Кралства на СХС и Грциjа, а создава и ригидна паралелна власт во Пиринска Македонија и брутално се меша во политичкиот живот на Бугарија, како во случајот со Деветојунскиот преврат и Септемвриското востание во 1923 година. Подоцно во 1922 г. со помошта на ВМРО е создадена и Внатрешна Тракиjска Револуционерна Организациjа (ВТРО), начело со Тане Николов, бивш воjвода од ВМОРО.



BMPO 1924-1934
Раководството на ВМРО паѓа во рацете на Протогеров, Михајлов и Чаулев. Михајлов откако успева да создаде опкружување од лојални луѓе, започнува со долгогодишна кампања на жесток терор, во кој, како жртви паѓаат и легитимно казнети окупатори на Македонија, но и неистомисленици, како напр. припадниците на конкурентското Протогеровистичко движење, потоа левичари, како и многу автентични Илинденци и воопшто, било кој друг кој би му застанал на патот. По негов налог е убиен петар Чаулев (организаторот на Охридското востание), Баждаров, Ѓорѓи Поп Христов, Ковачев, Протогеров и многу други. Наредува во Виена да биде убиен Тодор Паница. Иван Михајлов ги спроведува и така наречените Благоевградски атентати, кога во една ноќ се убиени десетици социјалисти. Таа ноќ е убиен и публицистот Арсениј Јовков, претседателот на Илинденската организација. Неколку месеци подоцна, истотака во Виена, блискиот соработник на убиениот Паница,
Димитар Влахов, како контрапункт на Михајловистичката ВМРО, ја формира ВМРО (Обединета). Во неа доминираат комунистите, таа е во блиски врски со БКП на Георги Димитров, Коминтерната и СССР.
Со помош на сеењето страв и терор, BMPO Организацијата на Михајлов се зацрврстува, нејзините сметки се полнат и со „доброволни“ прилози изрекетирани од бугарските трговци, особено Евреите, што ќе рече, „даноци“ собирани од страна на Михајловата „паралелна држава“, која тој ја воспоставува во Бугарија, а чиј бастион е во Горна Џумаја (денес Благоевград), Пиринска Македонија, каде се базите за тренинг на новопечените терористи.
Михајлов го распушта четничкиот институт, и прави преорганизација во силите и тактиката. Одсега наместо праќање вооружени чети, во Вардарска и Егеjска Македонија се испраќани терористи по тројки со експлозив и пиштоли. Се минираат пруги, патишта, колони, касарни. Секојдневно се вршат атентати на српски и грчки офицери и администрација.
Деветнаесеттомајскиот преврат во Бугарија во 1934, нововоспоставената влада на организацијата „Звено“ ги забранува сите партии и движења во земјата, според тоа и партијата ВМРО, особено поради нејзините незауздани терористички кампањи и паралелната власт која ја има воспоставено во Пиринска Македонија, при што Михајлов е осуден на смрт и спасот го бара во егзил.
Неговите соборци во Бугарија се предаваат на новите власти и организацијата се расформира. Михајлов без да даде никаков отпор, ја напушта земјата и емигрира. Истата година заедно со хрватските револуцинери, кадри на ВМРО го организираат убиството на југословенскиот крал Александар Караџорџевиќ во францускиот град Марсеј извршен од раката на Бугаринот Владо Черноземски. Мора да се одбележи дека ВМРО во тоа период исто вака војува под паролата за “Независна Македонија“. Иако Михајлов не признава посебна национална самобитност на населението во Македонија, тој се залага за назависна и обединета Македонија со главен град Солун.

Четата на Алеко Паша

Александров заедно со Алеко Паша создва силна организација со челична дисциплина на територијата на Пиринска Македонија. Бугарските власти ја толерираат организацијата, под услов таа да биде катализатор кој ќе спречува ескалација на политичката ситуација. Непосредно по оформувањето, ВМРО започнува да праќа вооружени чето преку граница во Вардарска и Егејска Македонија. битки со српската џандармерија стануваат секојдневна појава. Не можејќи да се справат со ситуацијата, Србите носат 12 000 џандари во Македонија (од 15 000 вкупно во СХС).
Жртвите на српските сили се огромни. Тие дури во град Штип формираат специјална организација наречена “Здружение за борба против бугарските бандити“.
Во Егејска Македонија ВМРО дејствува само во областите каде што има компактно Македонско население, т.е. во западна Егејска Македонија. Се водат десетици битки со грчката полиција и армија, но дејноста овде, за разлика од вардарска Македонија се сведува само на агитација и одржување на духот на населението.
Во 1922 ВМРО прави контакти со хрватското револуционерно движење. Во 1924 година ВМРО преговара со Советското раководство за соработка. Истата година во во Виена по налог на Александров, Протогеров, Чаулев и Влахов го потпишуваат Мајскиот манифест за обединување на сите македонски револуционерни сили. Додека некои тврдат дека Александров во својство на лидер на ВМРО најпрвин се согласил со Манифестот и го потпишал, самиот тој остро го демантирал тоа и го отфрлил наводниот потпис како „комунистичка измислица“. Наскоро, на 31 август 1924, тој ќе биде убиен .

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.