Богданов и другите бугарски раководители од време на окупацијата на Македонија во 1941година, со апели и прогласи се надеваа дека ќе ја бугаризираат Македонија |
По повод судењето на Асен Богданов, бугарски полициски началник во Скопје во периодот на бугарската окупација, „Нова Македонија“ (21 Ноември 1944 г.) најавувајќи го судењето изнесува: дека процесот против воениот злосторник А. Богданов почнува со задоцнување, бидејќи бугарските власти несакале да му го предадат на народниот суд.
Бугарските власти долго време го одлагаа предавањето на Богданов, бидејќи тој, заедно со генералот Маринов, командант на XV-та бугарска окупаторска дивизија (штаб во Битола) наводно одиграл значајна улога во 9-то септемврискиот преврат во Софија, во Отечествено-фронтовска Бугарија.
Маринов за “заслугите” стана главен командант на бугарската ОФ армија, а Богданов директор на софиската полиција. На оптуженичката клупа, заедно со Богданов, седеа уште неколку негови соработници. Во обвинението на јавниот тужител меѓу останатото се изнесува и следното:
„Како помошник на обласниот директор и обласниот полициски началник во Скопје од Јануари 1943. до крајот на Август 1944. г., Асен Богданов, потполковник на фашистичката полиција, е еден од највисоките функционери на бугарските фашистички власти во Македонија кој е одговорен за многубројни ѕверства од страната на окупаторот во Македонија. Како обласен полициски началник во Скопје, Богданов организираше цела мрежа на соработници во цела Македонија и создаде специјални полициски органи и контрачети, се поврза со озлогласениот Гестапо, ги координираше и раководеше бугарската полиција и бугарската фашистичка војска на генералот Бојдев, Маринов, Поп-Димитров, како и специјалните одреди на Гестапо и поручникот Бирман.“
Асен Богданов, бугарски полициски начелник во Скопје, за време на бугарската окупација (1941-1944), одговарајќи на прашањата од тужителoт за методите нa бугарската власт во Македонија за всадување на македонскиот народ убедување дека е бугарски, вели:
„Пред да дојдам во Македонија имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана идејата дека Македонија и припаѓа на Бугарија, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било бугарско царство.
Изненадувањето беше огромно. Можев да констатирам дека како бугарски елемент се чуствуваа само неколку богати луѓе, кои се беа доближиле до бугарската власт, интелектуалци кои се броеја на рака, а кои и припаѓаа на организацијата на нашиот народ (бугарскиот - авт.). Сите останати се чувствуваа како Македонци.
- Кој ги организираше специјалните служби за бугаризирање на македонскиот народ? (прашање на судијата - поротник*)
- Овие служби се организирни со решение на Министерскиот совет, а беа раководени директно од Министерството за внатрешни работи.
- Што се бараше од лицата кои беа испратени да работат во бугарскиот окупаторски административен и полициски апарат во Македонија? (прашање на судијата - поротник *)
- Од нив се бараше да бидат задоени со идеата за бугаризација на македонскиот народ, и за задржување на овој крај (Македонија - авт.) по секоја цена, под Бугарија.
- Дали тие ја оправдаа довербата?*
- Да.
- Како?
- Со борбата којашто ја водеа и безусловната примена на мерките на бугарската влада - терор, ликвидација, егзекуција, палења итн.
- Кој всушност, го вршеше тоа - војската или полицијата?
- Заедно.
- Како се убивани Македонците?*
- Имаше стрелања, имаше случаи на претепување, а и фрлања во Вардар.“

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.