Wednesday, August 10, 2011

Хителеровата собратија во окупирано Скопје

(од лево на десно): Антон Козаров (1), Министерот за внатрешни работи Петар Габровски (2), Димитар Чкатров (3), Петар Думев (4), Димитар Ѓузелов (5)


И во последното присуство на тлото од Македонија во II св. војна, Бугарите не успеваат да формираат некакви пробугарски движења.
Македонските национални чувства и во тие ропски услови се силни.

 

‎1942 год. почеток на есента, Министерот за внатрешни работи Габровски иницира формирање пробугарска партија во Македонија. Директорот на Скопската област од тоа време Димитар Раев пред иследникот, ќе каже:
“Во септември (1942 год. – з.н) бев поканет во Софија од Министерот за внатрешни работи Габровски да учествувам на конференцијата на сите обласни директори од земјата. Меѓу другите прашања, на таа конференција беа разгледани и прашања од политички и стопански карактер. Обласните директори поднесоа извештаи за политичката состојба во нивните области. Некои ја потенцираа засилената конспиративна дејност. Се побара објаснување за тоа.
Се рече дека конспиративната дејност се засилува, зашто се чувствува една општествена сила, која ќе ја поткрепува владата и ќе се смета за задолжена да го пропагира она што го прави власта. Се сеќавам дека беше потцртано оти владата не можела да ги привлече и обедини повеќето од т.н.р национални организации. Се посочуваше на организацијата на легионерите, која тогаш не беше легална, но нејзиното постоење се чувствуваше. Исто така се посочи на организацијата на работниците, како и уште некои други организации.
Врз база на оценките дадени тогаш се реши во целата земја во текот на зимата да се организираат јавни собранија на кои за предавачи ќе бидат избрани луѓе – народни претставници и видни општественици...“
За препораките од Софија и активностите потоа во Македонија, Раев продолжува:
“Во врска инструкциите од последната конференција во Софија, презедов јавна акција во Скопје. Го определив 15 ноември како датум кога ќе бидат свикани собранијата во сите градови на областа и во некои села. За таа цел кон почетокот на ноември поканив некои скопски интелектуалци во мојот кабинет да дадат оценка за можноста таа акција да се реализира.
Беа поканети: Никола Коларов, Коце Ципушев, Димитар Чкатров, Димитар Ѓузелов, Борис Ќурчиев, Д-р Александар Георгиев, Велко Спанчев, Спиро Китинчев, Димитар Шалев, Страхил Развигоров, Д-р Тома Петров, Д-р Страхил Хаџи Панзов, Коце Кратовалиев, Глигор Анастасов, Михаил Домазетов, Трајчо Чундев и уште некои други.
Им ја пренесов наредбата на владата дека треба да биде преземена јавна акција преку собранија во целата област. Им реков дека на тие собранија ќе треба да се објасни она што е направено во Македонија. Сите се согласија и јас ја потврдив акцијата за закажаниот датум.
Потоа ги замолив да кажат кој каде сака да органзира собрание. Китинчев и Шалев рекоа во Скопје,
Тома Петров и Страхил Хаџи Панзов во Велес,
Михаил Домазетов во Штип,
Страхил Развигоров во Свети Николе,
Д-р Александар Георгиев во Кратово,
Глигор Анастасов во Кавадарци,
Иван Петров во Гевгелија,
Димитар Ѓузелов во Струмица,
Д-р Панчо Хаџи Трајков во Радовиш,
Трајко Чундев во Градско,
Велко Спанчев и Коце Ципушев во Куманово,
Јордан Икономов во Крива Паланка.
Освен за нив, за некои други места јас ги определив следните лица: Борис Паликрушев во Злетово,
Д-р Тодор Гичев и Богдан поп Ѓорчев во Неготино,
Тома Кленков во Кочани,
Д-р Константин Тренчев во Царево село (Делчево – з.н),
Димитар Голчев во Пехчево,
Д-р Тодор Апостолов од Кочани во Велес,
Иван Шопов во Дојран,
Михајло Ефтимов во Валандово.
На сите нив ова по неколку дена им го соопштив со писмо.

За она што требаше да се говори на собранијата јас направив концепт со следните заглавија:

Кратка историја за Бугарија

а) Првото Бугарско царство,
б) Второто Бугарско царство,
в) Третото Бугарско царство.

Ослободителни борби

- Востанија во Бугарија и востанија во Македонија.
- Ослободувањето во 1878 година.
- Борби за обединување 1912 и 1913, 1915, 1918 година.
- Јунскиот договор и идењето на бугарската власт во Македонија
- Што напаравила досега бугарската власт во Македонија (им испратив показатели, бројки, што пред тоа ги добив од соодветните служби).

Чкатров и Дрангов откажаа да формираат собранија. На 15 ноември речиси сите собранија се оддржаа. Откако акцијата беше заклучена, направив извештај до Габровски и пред да му го испратам му го прочитав по телефон..“

Зимата и пролетта 1942/3год., се тапка во место, во Македонија некаво пробугарско движење не заживува (ист грст луѓе, главно чиновници кои истовремено обавуваат уште по барем 3-4 други задолженија на окупаторската власт). Нов Министер за внатрешни е Дичо Христов.
Германска и Бугарска војска во окупирана Македонија
Смотра на агентите полицајците,а воедно и основачи на пробугарската партија во Македонија

И околиските управници во внатрешноста со комитети главно од полицијата и началниците, кметовите и по некој предавник, се на се 10-15 исти луѓе, што доволно кажува на што се сведува оваа “партија”. Задачите на комитетите од оваа партија се:

1. Што повеќе народ да премине на пробугарски позиции;
2. Тие луѓе да се употребат против собраќата противници на бугарската окупација, (т.е – самоуништување на македонскиот народ)
3. да се засили пропагандата меѓу народот дека Бугарите ја донеле слободата во Македонија.
4. Да се создаде видлива соработка на членството од “Општествената сила” во борбата против Народноослободителното движење (НООД).
5. Да се третираат и чисто економските прашања.

Комитетите даваат и мислења при мерки од големи размери (иселување, интернирање и сл.,) бидејќи се и задолжени за соработка со власта.
 
Асен Богданов (во средината)меѓу своите - група бугарски војници, полицајци и контрачетници
 
Асен Богданов на неговото судење во слободна Македонија, пред Јавниот обвинител Лазар Мојсов пак ќе рече:
“Јас не учествував на ова советување, ниту пак во работата на комитетот што се формира, за да не се добие впечаток дека оваа партиско-политичка организација се формира на полициски начин. Но јас наредив до околиските полициски началници да дадат известувања за лицата што треба да влезат во комитетите. Во Обласниот комитет, чиј претседател беше Раев, покрај него влегоа и:
Коста Ненов, прв помошник на Директорот,
Тома Петров, втор помошник на Директорот,
Спиро Китинчев, кмет на град Скопје,
Д-р Благој Дрангов, адвокат и човек на Ванчо Михајлов,
Димитар Ѓузелов, началник на Радио-Скопје,
Бабанов, Претседател на Трговската комора,
Коста Ципушев, трговец од Скопје,
Трајче Чундев, близок пријател на Раев и човек на Ванчо Михајлов,
Стамат Дуковски, трговец од Скопје,
Д-р Здравев, Д-р Георгиев,
Павел Васев, трговец,
Димитар Шалев, адвокат и
Борис Бунев, претседател на Тетовското братство.
Можеби имаше уште некои други, но не можам да се сетам.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.