Насловната на „Илинденски Пат“ |
Илинденски Пат бил орган на Народноослободителниот фронт на Македонија, прво месечно централно списание од времето на НОБ. Се печател во Дебарца, с. Ехлоец, Кичевско и Штип од март до август 1944 година. Било покренато од ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ во Дебарца, кон крајот на 1943 година, но излегувањето било спречено од германската офанзива. Првиот троброј бил отпечатен во Дебарца, бр. 4 и двобројот 5 и 6 (од кој не е зачуван примерок) во с. Ехловец, Кичевско, а двобројот 7 и 8 (јули и август 1944) во Печатницата „Илинден“ во Штип. Редакцијата ја сочинувале Страхил Гигов, Васил Ивановски и Веселинка Малинска. Првите шест броја биле умножени во мал број примероци на циклостилната техника на ГШ на НОВ и ПОМ, а потоа, според потребите, биле препечатувани од техниките на обласните комитети на КПМ. Автори на текстовите биле Бане Андреев-Ронката, Љупчо Арсов, Диме Бојановски-Дизе, Васил Ивановски, Перо Ивановски-Тиквар, Венко Марковски, д-р Кирил Миљовски, Мара Нацева, Лилјана Чаловска, Емануил Чучков и др.
дел од списанието Илинденски Пат |
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.