Тодор Александров Поп - Opушов (1881, Ново Село, Штип-1924, Сугарево, Пирински дел на Македонија), македонски револуционер и идеолог на обновената ВМРО во 1919 година, втемелувач на челична дисциплина, политичар на кој сите европски порти во секое време му биле отворени, личноста на Александров е препознавањето на вистинската цел на младотурската револуција-чиста фарса.
Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, Штип, во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушев. Таткото на Тодор Александров, Александар Поп-Орушев, бил учител во Радовиш, просветител и богато надарен човек, црковен пејач, поет, собирач на народни умотворби и соработник на Гоце Делчев.
Школско сведителство на Александров |
Револуционерната дејност на Тодор Александров опфаќа три периода: првиот период од 1897 до 1911, вториот од 1911 до 1918 и третиот – од 1918 до 1924 година
Ученик во бугарското машкото 3-то класно и педагошко училиште во Скопје и во Солунска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј", во времето кога Христо Матов бил директор. (ЗОШТО БУГАРСКО - затоа ШТО ТОГАШ македонците И СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО БИЛИО НЕГИРАНО па морал НЕКАДЕ ДА СЕ ШКОЛУВА)
Александров Во 1897 година се вклучил во македонското револуционерно движење.
Во 1910 година, младотурците сакаат да го затворат Александров и нудат 4.000 турски лири за неговата глава, како што своевремено Турците давале златни лири за главата на македонските револуционери Гоце Делчев и Даме Груев.
Во Балканските војни Александров учествувал во одбраната на Кукуш, го брани градот на апостолот Гоце Делчев, но, за жал, не може да го спречи силниот и суров напад на грчката војска.
За прв човек на ВМРО дошол по Балканските војни и Првата светска војна cо поддршка на Христо Матов, тој ја зазема најважната позиција на автомистичка ВМРО.
Во Балканските војни Александров учествувал во одбраната на Кукуш, го брани градот на апостолот Гоце Делчев, но, за жал, не може да го спречи силниот и суров напад на грчката војска.
За прв човек на ВМРО дошол по Балканските војни и Првата светска војна cо поддршка на Христо Матов, тој ја зазема најважната позиција на автомистичка ВМРО.
Тодор Александров соработува со Павел Шатев кој во своите спомени ќе забележи: “Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум и подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободителното дело“.
Поетот Пеју Јаворов, љубител на македонското револуционерно движење воодушевен од храброста на македонските комити, пред својата смрт му се обрати на Тодор Александров со проштално писмо, со желба да биде погребан во македонска комитска облека, а не во бугарска. Желбата му е исполнета и тој е погребан на 14 октомври 1914 година.
Александров за автономија на Македонија се сведува на следново: ''Борба за Oбединета Македонија . Hезависна Македонија може да биде поставена под заштита на Друштвото на народите или на една од големите сили''.
Потпишувањето на познатиот Мајски манифест во Виена е дострел во револуционерната аквивност на Тодор Александров во 1924 година со кого е постигнат договор за обединување на левите и десните македонски револуционерни сили. Мајскиот манифест на ЦК на ВМРО Автономистичка бил донесен на 6 мај 1924 година со неговото потпишување од страна на членовите на ЦК - Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев.
Во него се за автономија на Македонија. Исто така, тие се обврзиле дека трајно ќе се откажат од своите неодамнешни терористички активности и ќе заземат став во борбата на македонските интереси
Тогаш е потпишана и посебна декларација според која иднината на Македонија не се поврзува со Бугарија, туку во една наполно самостојна држава, обединета во нејзините етнички граници.
Со овој манифест не се согласила реакционата влада на Александар Цанков. Се смета дека Цанков наредил истиот да биде убиен.
На 1 август 1924 година Александров изјавил дека „не потпишал никаков манифест и дека објавениот манифест е мистификација на егзалтирани комунисти“.
Во него се за автономија на Македонија. Исто така, тие се обврзиле дека трајно ќе се откажат од своите неодамнешни терористички активности и ќе заземат став во борбата на македонските интереси
Тогаш е потпишана и посебна декларација според која иднината на Македонија не се поврзува со Бугарија, туку во една наполно самостојна држава, обединета во нејзините етнички граници.
Со овој манифест не се согласила реакционата влада на Александар Цанков. Се смета дека Цанков наредил истиот да биде убиен.
На 1 август 1924 година Александров изјавил дека „не потпишал никаков манифест и дека објавениот манифест е мистификација на егзалтирани комунисти“.
Содржината на Мајскиот манифест, навистина, е составена токму по налог на Тодор Александров, меѓутоа, објавениот Мајски манифест не е соодветен со оригиналот, што е причина Тодор Александров да се откаже од потписот. При објавувањето на Мајскиот манифест се присутни нечесни игри, кои се уште не се обработени во нашата историја.
Тодор Александров заедно со семејството |
четата на Тодор Александров |
Владимир Карамфилов, Тодор Александров и Иван Шатев |
Од вкупно 17.000 жандари што ги имало во Југославија, 12.000 биле распоредени во Македонија. Во таква околности Александров влегува во Вардарска Македонија како човек од теренот, во кого се крие скромен лик на човек кого го јадат вошките по македонските села, хранејќи се со црниот леб на сиромашниот селанец. По македонските планини, каде што се неговите “канцеларии“, прима странски дипломати и новинари и дава интервјуа. Води преговори за Македонија во Лондон, Рим во Виена. Дипломатите во Лодон се изненадени од неговите солидни познавања на состојбите на Балканот, кога “наведува дека насилството на Балканот ќе создаде насилство и во Европа“. За Александров се испеани повеќе народни песни, па затоа не е логично еден револуционер, кој е опеан од народниот гениј, да се прикаже како предавник.
Александров во комитска облека |
Една многу интересна работа која не е позната многу во Македонската историја а е забранета во Бугарската историја,имено по неколку годишното исчекување на Тодор Александров да Бугарскиот цар го исполни своето ветување кое го дава на Македонските револуционери за време на 1 светска војна и да прогласи автономна Македонија која под покровителство на големите сили би се обединила со вардарскиот и егејскиот дел Тодор Александров го праќа последниот ултиматум до владатa и Бугарскиот цар за негово делување и исполнување на договорот.
Царот и Премиерот Бугарски во паника го признаваат Македонското малцинство од страв на делување на Тодор Александров.
Александров ги подигнал на оружје сите Македонски комити кои биле распоредени во Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска) – во еден натпис во весникот Илинден оваа општа мобилизација се опишува како второто Илинденско востание но било и повеке од тоа.
Tодор Александров и Георги Мончев |
Александров ги подигнал на оружје сите Македонски комити кои биле распоредени во Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска) – во еден натпис во весникот Илинден оваа општа мобилизација се опишува како второто Илинденско востание но било и повеке од тоа.
Тодор Александров со своите четници |
Видни дејци на ВМОРО и ВМОК |
Александров, Алеко паша и други дејци |
Александров, Алеко Пашата со чета |
Александров со комити во околината на Кочани |
На 31 август 1924 година Александров бил убиен, а челната позиција во ВМРО ја презел самопрогласениот Ванчо Михајлов кој продолжил со терористичката активност на целосно чистење на старата ВМРО.
Убиството е извршено по потпишувањето на Мајскиот манифест во Виена, кој имаше цел обединување на македонските револуционерни сили во единствен револуционерен фронт за создавање самостојна независна македонска држава или, пак, на автономија во рамките на балканска федерација.
Тодор Александров, Христо Матов, Георги Мончев, Владимир Сланков и Никола Иванов во Димотика во Балканската војна. |
мртвото тело на Тодор Александров |
закопот на Тодор Александров |
Ванчо Панзов од Свети Николе, синот на телохранителот, тврди дека прво е убиен татко му Панзо, а потоа Тодор Александров. „Роден сум посмртче во Свети Николе, а српските власти шест месеци не им дозволиле на мојата мајка да ме крсти, само затоа што татко ми бил телохранител на Тодор Александров. Мојот татко не е бугарски агент, ниту бугарски полицаец, а ако бил тоа, тогаш целото семејство ќе го префрлеше во Софија, како што обично го прават тоа шпионите.“
Панче Коцев Иванов од с. Врсаково, Штипско, вели дека Тодор Александров имал привидение. Кога на грб го пренесував преку реката Брегалница ми го кажа следното: “Ќе дојде ден Македонија ќе биде држава, но јас нема да дочекам“.
Двајцата физички убијци, Штерјо Влахов и Дончо Вретенаров биле ликвидирани без да бидат испрашувани. Зошто не ги фатиле живи, а можеле да го направат тоа и да ги испрашуваат за да дознаат кој им го нарачал убиството на Александров?. Влахов и Вретенаров ги ликвидирала бугарската војска. Се скриле во една куќа во с. Припечени. Откако некој ги предал, војската ги открила на 18 септември 1924 година и ја запалиле куќата во која изгореле.
семејството на Александров на неговиот закоп |
Убиството на Тодор Александров:
Поради убиството на Тодор Александров, кое и до ден-денес е голема мистерија, се случени најголемите крвопролевања меѓу Македонците. Навистина и порано, по ликвидацијата на Борис Сарафов и Иван Гарванов во 1907 година во Софија, имало пресметки меѓу македонските револуционери, меѓу санданистите и десното крило на ВМРО кои главно се гледале само преку нишаните на револверите и пушките, но не во толкав обем како по 31 август 1924 година кога Михајлов се самопрогласил за лидер на организацијата. Се знаат луѓето кои стрелале во Александров, имало и живи сведоци на тој крвав чин, но не се знае кој го порачал убиството.
Михајлов знаел дека Александров ќе биде убиен. Во неговите спомени тоа на извесен начин и го кажува. Тој пишува дека кога се разделувале со него пред да замине на конгресот на Серскиот револуционерен округ во едно село во Пиринска Македонија, го предупредил дека претчувствува оти ќе му се случи нешто лошо и, наводно, го молел да не оди на конгресот и, ако веќе решил да замине, тогаш да внимава и со себе да земе повеќе луѓе да го обезбедуваат. Притоа, му рекол дека и тој сака да оди со него, но не може зашто не бил добар со здравјето. Меѓутоа, подоцна се дознало дека ја измислил болеста и тие денови бил на излет крај Софија.
Во поткрепа на тоа дека Михајлов се подготвувал со помош на бугарскиот воен врв да дојде на чело на организацијата и дека тој стоел зад ликвидацијата индиректно може да се види и од спомените на Кирил Прличев. Убиството на Тодор Александров се чувало во голема тајност и за него првите денови во Софија не знаел никој. Неколку дена по неговото заминување, Михајлов добил телеграма потпишана со псевдонимите на Александров и на Портогеров во која се инсистирало тој и неколкумина раководители на организацијата да заминат на конгресот. Михајлов не сакал да оди со образложение: „Мене ме нема таму каде што е Тодор“, алудирајќи на тоа ако едниот загине, другиот да остане жив за да ја води организацијата. Веројатно, знаел за плановите за убиството и се плашел да оди на конгресот. Сепак, решиле да тргне со нив. Додека патувале кон селото каде што се одржувал конгресот им соопштиле за убиството. И дента кога приврзаниците на Александров тргнале да се пресметаат со наводните физички и интелектуални убијци на Александров од Софија за Горна Џумаја, Михајлов, пак, се извлекол со наводна болест и оставил други да ги извршат неговите крвави порачки.Cопругата на Александров, Евгенија, за време на погребот му се обратила на Михајлов со остри зборови, обвинувајќи го за убиството, Меѓутоа, била замолчена од присутните.
Hа 12 септември 1924 година во Горна Џумаја беа ликвидирани наводните организатори на убиството, без претходно да бидат испрашани. Таму беа ликвидирани војводата Алеко Паша и полковникот Георги Атанасов, кои, според Михајлов, го нарачале убиството. Ако сметале дека тоа било извршено по нивна наредба, зошто не ги фатиле живи и не ги испитувале, туку веднаш ги ликвидирале? Алеко Паша бил убиен од зад грб од Кирил Дрангов, а Атанасов го ликвидирале откако се предал и додека бил носен по улиците на градот. Во него немал ниту пиштол. Зашто ако ги фателе живи и ги испрашувале, сигурно некој од нив ќе кажел нешто околу убиството. Значи, некој имал интерес да не се дознае вистината“ Иван Караџов, кој бил сведок на убиството на полковникот Георги Атанасов. Тој во своите спомени раскажува: „На разденување јас доаѓав од горниот крај на градот по главната улица кога видов дека наспроти мене ми се покажаа 4-5 четници, кои го носеа потполковникот Атанасов разоружан кон мене. Јас подзастанав, беа на педесетина чекори кога четникот Киро Црниот го насочи револверот во тилот на Атанасов и пред да му викнам да не го застрелува, тој пукна викајќи: ‘Уште ли си жив бре куче’ и Атанасов падна на земја неподвижен. Ми беше многу мачно, зашто Атанасов кој се предаде, без сомнение, ќе ни откриеше многу тајни во врска со убиството на Тодор. Јас бев убеден дека тој се предал доброволно“, се сеќава Караџов.
Двајцата физички убијци, Штерјо Влахов и Дончо Вретенаров биле ликвидирани без да бидат испрашувани. „Зошто не ги фатиле живи, а можеле да го направат тоа и да ги испрашуваат за да дознаат кој им го нарачал убиството на Александров?“, прашува Тодоровски. Влахов и Вретенаров ги ликвидирала бугарската војска. Се скриле во една куќа во с. Припечени. Откако некој ги предал, војската ги открила на 18 септември 1924 година и ја запалиле куќата во која изгореле.
Михајлов го посочува како главен виновник Александар Протогеров, тогаш член на Централниот комитет на ВМРО, на кого му помогнале Алеко Василев, првиот човек на организацијата во Пиринскиот крај и потполковникот Георги Атанасов, кој бил со него. Според Михајлов, зад нив стоеле странски центри, што сакале да го снема македонското движење или да биде ставено под нивна команда.
„И затоа барале под дрво и под камен орудие. Имам предвид странски средини, надвор од непосредните поробувачи на Македонија, пишува тој во своите спомени, подвлекувајќи дека Протогеров најмногу им послужил на тие странски центри. „Ако не беше Протогеров, неговата неизмерна завист кон Тодора, престапот немаше да се изврши. Тој направи сојуз со разбојничкиот инстинкт на Алеко Василев и со дивото властољубие на Георги Атанасов, двајцата дејци на ВМРО, еднакво беспомошни пред Тодор Александров, неумоливиот заштитник на моралот во револуционерната организација, нагласува Михајлов.
Тој вели дека тие не можеле да најдат истомисленици во редовите на организацијата, зашто Протогеров одамна бил одвоен од нејзините активни борци, Атанасов бил сосема нов човек, а Василев немал квалитети да ги придобие и да ги води, бидејќи бил „многу простикав и, притоа, не сосема морален човек.„И затоа барале под дрво и под камен орудие. Имам предвид странски средини, надвор од непосредните поробувачи на Македонија, пишува тој во своите спомени, подвлекувајќи дека Протогеров најмногу им послужил на тие странски центри. „Ако не беше Протогеров, неговата неизмерна завист кон Тодора, престапот немаше да се изврши. Тој направи сојуз со разбојничкиот инстинкт на Алеко Василев и со дивото властољубие на Георги Атанасов, двајцата дејци на ВМРО, еднакво беспомошни пред Тодор Александров, неумоливиот заштитник на моралот во револуционерната организација, нагласува Михајлов.
За да ги поткрепи ваквите тврдења, Михајлов ќе обезбеди и писмена изјава од Георги Пенков, близок човек на Алеко Василев, во која тој го посочува Протогеров како главен организатор на убиството. Таа изјава ќе му биде крунски доказ за неговото решение да го ликвидира генералот четири години по горноџумајските крвави настани. Меѓутоа, вистината како дошол до таа изјава ќе се дозна откако беа објавени спомените на Петар Шанданов, кој во тоа време бил на страната на Михајлов, директно учествувал во крвавите настани и знаел многу негови тајни.
Како што пишува Шанданов, за време на ликвидациите што ги почнале михајловистите во пиринскиот крај, Георги Пенков се криел во планините и на крајот решил да им се предаде на воените власти, при што ги молел да не го предаваат на организацијата, зашто знаел што го чека. Велел, ако државата има нешто против него, тогаш нека го судат. Меѓутоа, бугарската војска заедно со уште неколкумина санданисти го предале на Михајлов.
По долго измачување, останатите биле ликвидирани, а Пенков два дена лично го испрашувал Михајлов, но не можел да изнуди никакво признание. Потоа напомош го повикал Шанданов, сметајќи дека тој како човек поблизок до санданистите ќе извлече нешто од Пенков. По долгите разговори, Шанданов, како што тврди во спомените, бил убеден дека Пенков не знаел ништо за убиството на Александров и дека бил искрен во разговорот со него. Откако Шанданов му кажал за некои изнудени лажни сведоштва на некои негови пријатели, тој знаел дека ќе биде убиен, па го замолил некако да ги земе и да им ги предаде на неговите деца за спомен табакерата и златниот часовник што му ги зеле бугарските офицери кога се предал.
Кога Михајлов видел дека Пенков не признава ништо, го качил на автомобил и го однел во Софија за наводно да продолжи да го испрашува, а намерата му била друга. „Пенков уште истата вечер бил одведен во Софија и ставен во една куќа меѓу Софија и Књажево. Следниот ден Михајлов отишол кај него и го фотографирал. Откако го фотографирал, му го кажал на Пенков следново: Ако дадеш писмени сведоштва какви што ќе ти издиктирам, ќе ти извадам веднаш пасош и ќе те испратам зад граница. Пенков му го кажал истото - дека не знае ништо повеќе од она што веќе му го соопштил и што го рекол пред мене. Меѓутоа, Михајлов му извадил редовен пасош, а заедно со пасошот и претходно подготвено сведочење, отишол кај Пенков и, покажувајќи му го пасошот, му ја понудил следнава алтернатива: Или сведочењето ќе го препишеш своерачно и ќе го потпишеш одоздола и потоа ќе си го земеш пасошот и ќе заминеш во странство или ќе бидеш ликвидиран. При таа алтернатива, стамениот карактер на Пенков се прекршил и тој се согласил да го потпише своерачно текстот што го оставил и му го дал на Михајлов само и само да се спаси од сигурна смрт. Во тоа време Иван Михајлов ги прибрал така напишаните и потпишаните од Пенков сведочења, му го ставил пасошот в џеб и му кажал дека вечерта ќе испрати автомобил да го земе оттаму и да го испрати до некој граничен премин. Наместо тоа, вечерта Михајлов испратил егзекутори кои го ликвидирале. Тоа се единствените најсуштински сведоштва, со кои Иван Михајлов по убиството на Протогеров крена толку многу врева за неговото учество во заговорот против Тодор, пишува во своите спомени Шанданов.
На прашањето какво било учеството на генералот Александар Протогеров во убиството, тој одговорил: „Генералот Александар Протогеров беше поврзан со Воениот сојуз благодарение на личната врска и познанствата. Не треба да се заборави дека личниот состав на Генералштабот во тоа време бил многу ограничен и тие луѓе претставувале една целина. Независно од тоа, генералот Александар Протогеров беше член на масонската ложа Зора, во која членуваа повеќето од раководните македонски дејци и општественици. А таа ложа беше командувана од Високата масонска ложа на Бугарија. Јас сметам дека генералот Протогеров знаел за решението на Воениот сојуз да биде убиен Тодор Александров, но тој дал чесен офицерски збор да ја чува таа тајна. Сметам дека тој сноси морална и политичка одговорност, заклучува Влков, кој во тоа време бил во тесни врски со Иван Михајлов.
Во прилог на ова тврдење на бугарскиот генерал оди и една друга изјава на Кочо Стојанов, исто така воено лице. Според спомените на Стојан Неговански, пред 9 септември 1944 година биле собрани првите луѓе на Воениот сојуз, Порков, Кочо Стојанов, Димитар Радев и директорот на полицијата Куцаров. Кочо Стојанов бил пијан и сакал да се исповеда. Тврдел дека Воениот сојуз го убил Тодор Александров, зашто бил уверен дека не се откажал искрено од Мајскиот манифест. Воениот сојуз го испратил него и Порков во Св. Врач (Сандански) каде што Протогеров бил на бања. Порков го качил Протогеров во автомобил и го донел во Софија. „Во Софија, Порков, Кочо Стојанов и другите му го кажале нивниот план, но Протогеров не се согласил. Од Протогеров бил побаран чесен офицерски збор дека нема да му каже никому за разговорот и дека самите се откажале од нивниот план. Всушност, тие не се откажале, но тоа му го предложиле на Атанасов, кој со Алеко го наредил убиството на Тодор Александров. Ним им било ветено дека на местото на Александров за раководител ќе дојде Алеко, пишува во спомените Нековански, кој тврди дека Иван Михајлов како секретар ја фотографирал целата кореспонденција на Тодор Александров и ја носел кај воените лица.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.