Стефан Наумов - Стив (Битола, 27 октомври 1920 - 12 септември 1942) е македонски комунист, учесник во НОБ, народен херој на Македонија.
Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запишува на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапи на напредното работничко движење, поради што беше затворан. Во 1939 година станува член на КПЈ, а по враќањето во Битола, во септември 1940 година е избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година учествува во формирањето на Битолскиот НО партизански одред „Пелистер“. Во јуни 1942 г. станува член на Оперативниот штаб на Главниот штаб на партизанските одреди во Македонија. Есента истата година заминува на партиска задача во Преспа каде загинува (се самоуби) во борбата против бугарската војска и полиција кај селото Болно, ресенско, на 12 септември 1942 година, заедно со Мите Богоевски.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.