Tuesday, August 2, 2011

Грчки злосторства врз Македонското население

злосторства од страна на грците врз македонското население во Егејска Македонија

'' Грците не ги прогонуваат само сите живи Македонци, кои еднаш ги именуваат ’бугарогласни’, втор пат ’словеногласни’ туку и сите мртви Словени (Македонци)  чии гробишта се наоѓаат во цела Македонија. Тие ниту во гробот не ги оставаат на мир, од крстовите ги бришат натписите на македонските натписи , ги вадат коските од гробовите и ги горат“. Овие зборови ги запишал еден Англичанец кој во 1928 година пропатувал низ повеќе места во Егејска Македонија вчудовиден од теророт што го вршеле Грците врз Македонците.  
1912 година започна големто етничко чистење и геноцидот врз Македонците. Суровоста од страна на грчки војници во нивните злодела кон македонскиот народ беше безмилосно 135 000 Македонци од 200 македонски населени места . Македонците беа протерани од Егејскиот дел на Македонија, а нивните населени места беа целосно уништени.
1913 година Грчката армија го уништила македонскиот град Кукуш :1.846 куќи, 612 продавници, 6 фабрики. Во исто време Грчката армија изгоре до темел 4.000 куќи во близината  на  Серес.
 
македонско население во Егејска Македонија

За Македонците особено тешки биле годините по Грчко-турската војна од 1919 до 1922 година. Со потпишувањето на Конвенцијата за размена на население, Грција населила 640.000 бегалци од Мала Азија во Егејска Македонија, што целосно го изменило етничкиот состав на населението. Бегалските семејства ги сместувала во куќите на Македонците и им ги делела нивните имоти продолжувајќи со нивно принудно иселување, со насилства и убиства. „Оваа појава беше најкарактеристична во пограничните реони со цел животот на Македонците да се направи неподнослив. Присилното сместување беше проследено и со одземање ниви, инвентар и друга покуќнина“, пишува Тодор Христов Симовски во "Населените места во Егејска Македонија“.
Во тие страшни години најголемиот терор врз Македонците го вршеле ултранационалистичките организации создадени од грчката држава или, пак, со нејзин благослов. По насилствата што ги вршеле врз нив Македонците најмногу ги запаметиле „Грчко-македонска тупаница“, Националната организација на младите (ЕЕЕ) и организацијата "Павлос Мелос", Националниот сојуз на Грција, попознат меѓу македонското население како „Челични шлемови“ со профашистичка ориентација, и Тајната национална организација (ЕМС).

грчки војници

Во асимилирањето и протерувањето на Македонците од просторите на кои живееле со векови грчките власти најчесто ги користеле националистите кои биле нивна моторна сила. "Тој метод на грчкиот национализам му бил познат на светот. Во едно списание на француски јазик од 1927 година е објавена мала статистика за резултатите од грчкиот терор во Егејскиот дел на Македонија меѓу 1919 и 1926 година. Според неа, биле извршени 104 убиства, 95 силувања, од кои 26 врз девојчиња под 14-годишна возраст, 17 пожари, 3.464 притворања, 2.327 мачења, 1.165 ограбени и истерани семејства", пишува академик Катарџиев во книгата „Македонија во 20 век“ издадена од „Култура“.
Положбата на Македонците станала уште понеподнослива со воведувањето на диктатурата на Метаксас. „Балкан коресподенц“ во 1934 година пренесува една куса информација од режимскиот весник „Хеленикон Мелон“, кој пишува: „Македонците со оковани раце и нозе се транспортираат во визбите на жандармериските згради, каде што ги мачат со средновековни направи за мачење. Фашистичките агенти на организациите ЕЕЕ, на Павлос Мелас итн. го тероризираат сето македонско население во селата Каленик, Висоштани во Леринско и во сите македонски села во Костурско“.
И една друга информација од истото списание говори на каков терор биле изложени Македонците. „Од Серес (Источна Македонија) се јавува дека секојдневно во тамошните затвори се затвораат ''славо''- македонци поради смешни долгови од 60 до 100 драхми кон државата или аграрната банка“, пишува „Балкан коресподенц“.

грчки поп со турци
Пострашни од физичкото насилство биле психичкиот терор и уништувањето на македонската култура што ги вршела не само грчката власт туку и националистичко-терористичките организации. Академик Катарџиев го апострофира дејствувањето на организацијата "Грчко-македонска тупаница" која, служејќи и' на власта, создавала атмосфера на вистински пекол во Егејскиот дел на Македонија. На 27 јануари 1926 година, во името на „светата борба“, таа издала наредба да се забрани македонскиот јазик во сите јавни места, во кафеани, на собири, забави, ручеци и свадби. "Грчко-македонска тупаница" со наредбата се поставила и над државата, препорачувајќи им на сите власти - административни и воени и приватни чиновници да не примаат и да даваат информации на друг јазик освен на грчки.
Покрај донесувањето закони за асимилација, потпишувањето меѓународни договори за размена на населението и иселувањето со терор и сила, грчката влада применувала и други форми и методи. Во зависност од потребите и од моменталната политичка состојба, грчката влада го менувала името на Македонците и  македонското население во целост. Непосредно по окупацијата и анектирањето на дел од македонската територија кон Грција, македонското население било именувано како „словенско. Со потпишувањето на Нејскиот договор по 1919 година, Грција го признала македонското население како „бугарско, со цел да изврши размена на населението со Бугарија и на тој начин да го очисти делот на Македонија под Грција од етничките Македонци. По барањето на Бугарија Eгејскиот дел на Македонија да се постави како бугарско територијално прашање и да се отворат бугарски училишта и црква, грчката влада го зазела ставот дека во тој дел на Македонија живеат „Славенофони и „Славенофони Грци. Името „Словени, „Славенофони „Славомакедонци и „Славенофони Грци се применувало особено со цел да се изврши асимилација на македонското население и етничко чистење на егејскиот дел на Македонија. Но кога била критикувана од меѓународните институции за непочитување на меѓународните договори, грчката влада признавала дека во Грција живеат Македонци. На пример изјавата на Венизелос. Во текот на Втората светска војна македонското население масовно се вклучило во антифашистичката борба, а КПГ не само што признала дека во Грција живеат Македонци туку биле отворени македонски училишта и други културни и општествени институции. Тоа значи дека Грција секогаш се однесувала кон Македонците не според реалната и фактичката состојба, туку во зависност од нејзините државни интереси, без оглед на правата на човекот, меѓународното право и барањата на меѓународните институции. 
Грчката влада, и покрај тоа што не ги спроведувала во практиката меѓународните договори, сепак под силен притисок на Друштвото на народите била принудена да преземе одредени дејства преку кои настојувала да создаде впечаток дека се работи на тоа малцинствата да бидат заштитени. На 4 септември 1925 година при грчкото Министерство за надворешни работи е формирана посебна секција што треба да се грижи за исполнувањето на меѓународните обврски кон малцинствата. Во ова време е издаден и букварот „Абецедар на македонски јазик. Но и оваа мерка на грчката влада била отфрлена, букварот бил запленет, а од отворањето на македонски училишта не станало ништо.

грчки соработници со турци
Во акцијата за откоренување на се' што е македонско  активно била вклучена и војската, која ги уништувала сите предмети што биле напишани на словенски јазик. Таа влегувала во црквите и ги отстранувала иконите кои не биле напишани на грчки јазик, а фреските ги уништувала. За нив се' што не било напишано на грчки јазик не било христијански. Еден пешадиски поручник по извршената инспекција во селото Арменско во јануари 1932 година во извештајот напишал дека во преградата што го двоело одделението за жени во црквата нашол три мали икони кои не биле напишани на грчки јазик. „Поради нервозата што ме опфаќа и која уште повеќе ми се зголемува кога го слушав селскиот претседател да зборува бугарски, што тој го вика македонски, го удрив и му препорачав во иднина не само тој туку и на своите селани да им препорача секогаш и насекаде да зборуваат грчки“, им пишува грчкиот офицер на своите претпоставени. Тој истовремено ги информира дека во селата каде што живееле Македонците мразеле се' што е грчко и смета дека "најефикасен начин за асимилација е ако најзапалените како неподобни бидат протерани во туѓа држава".

Во една анализа за денационализацијата во Леринскиот округ, што е подготвена во 1931 година, се констатира дека грцизацијата во тој реон не оди како што треба, па затоа се предлага да се преземе чистења на учителскиот, свештеничкиот и на чиновничкиот кадар и на нивно место да се постават образовани националисти од југот на земјата, да се организира вистинска разузнавачка служба и засилување на националистичките организации.

За јакнење на патриотските чувства, на Македонците им било наредено да ги бојадисуваат куќите во грчките национални бои, ѕидовите во бело, а прозорците и вратите во сино, а на секој празник да го истакнуваат грчкото знаме.

"Порано, кога во денешна Македонија под грчка власт царуваа бандитите, андартите и комитите, за да го спасат својот живот, селаните секојдневно беа присилени да го менуваат убедувањето. На комитите им се претставуваа како Бугари, на андартите како Грци. Денес се принудени секој час да декларираат автентичност на грчки чувства. Инаку, камшикот кој никогаш не е демобилизиран стапува во акција", пишува весникот на грчките комунисти "Ризоспастис" за пеколот што го преживувале Македонците.
Најжестокиот терор и најразновидните анационални и асимилаторски мерки против македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија биле спроведувани во периодот на диктатурата на Метаксас (1936 – 15. април 1941 година). Уште во почетокот на Метаксасовата диктатура бил донесен и спроведуван специјалниот закон со кој најстрого се казнувала употребата на македонскиот јазик. Во врска со ова го наведуваме следниот документ: „Повик. Јавниот обвинител на селото Като Идруса, врз основа на членот 143-145 од Кривичниот закон го повикувал Григориос Јован Митрос, жител на селото Полипотомос, лично да се јави во судската сала на овој суд на 15. мај 1935 година, понеделник во 9 часот претпладне да му се суди затоа што на 19. февруари оваа година бил фатен да говори со друго лице на словенски јазик – за кршење на членот 697 на Кривичниот закон, а во врска со Упатството на полицијата бр. 15-36. Ако истиот не се јави ќе му се суди во отсутност. Село Полипотомос, 24. ИВ 1939 година. Потпишано од јавниот обвинител.“ Во случајот се водела судска постапка четири години по сознанието дека некој Македонец говорел на својот мајчин македонски јазик.
Во случај осудениот Македонец или Македонка да не можеле да ја платат казната заради тоа што говореле на својот мајчин јазик, биле водени во затвор и ја губеле слободата се додека не ја платиле казната. Мошне честа појава била грчката полиција и жандармерија и во ноќно време да прислушуваат пресвлечени во цивилни одела, дали некој од Македонците говори на својот македонски јазик. Оние што биле фатени да говорат македонски јазик биле присилувани да испијат 300 грама рицинус, а потоа биле мачени. Оние што преживувале биле испраќани во интернација на пустите безводни острови по Егејското Море.

Покрај силниот терор против говорењето на македонскиот јазик, грчката влада отворала ноќни училишта по сите градови и села кои морале да ги посетуваат сите Македонци, жени и мажи од 14, па до 100 години возраст. Од ова не биле ослободени ни мајките доилки. Во овие училишта се учеле грчката историја и географија. Особено се популаризирала големогрчката идеја дека Македонците отсекогаш биле Грци. Оние што не го посетувале грчкото ноќно училиште биле казнувани, прогонувани и интернирани. Во врска со тоа, англискиот новинар Милд В. кој патувал по Македонија во 1928 година пишува: „Грците ги прогонуваат не само живите Словени, кои еднаш ги нарекуваат „Бугарофони“, а друг пат „Славофони“, туку и сите мртви Словени(Македонци) чии гробови се растурени по цела Македонија. Тие дури ни во гробовите не им даваат мир. Ги бришат македонските  написи на крстовите, им ги вадат коските од гробовите и ги запалуваат.“ Во статистиката „Лес Цахиерс де Дроитс Лчхомме“ бр. 24-25 од 3. ноември 1927 година на страните од 501 до 502 се дава преглед на злосторствата извршени во егејскиот дел на Македонија од јануари 1919 до 1 јануари 1926 година. Според таа статистика во тој период биле извршени следните злосторства: убиства – 104, силувања – 95 од кои 26 врз девојчиња под 14 години, пожари – 17, ограбени и протерани семејства – 1.165, направена штета од 1.653.000 драхми и 6.450 турски лири, односно 148.000 златни франци.

Покрај теророт што го спроведувале полицијата, војската и останатите органи на власта врз македонското население, застрашувачки влијаеле и изјавите на одделни раководни политичари, но и написите, особено во државните информативни гласила. На пример, грчкиот неделен републикански весник „Елефтерос“ од 28 јануари 1946 година објавил статија под наслов „Да си одат ''Славо''- македонците од нашата Македонија – нека си заминат каде сакаат“, понатаму пишува: „Но, „Славо''-македонците постојат, според нашето мислење нивниот број е мал, според мислењето на Белград е голем, уште поголем е според бугарската пропаганда. Тие лошо направиле што останале во Грција, бидејќи им беше пружена прилика да си отидат и да живеат со своите „сонародници“ и со оние со кои говорат на ист јазик. Голем или мал број, без разлика, тоа е еден повод за создавање проблеми меѓу Грците, Југословените и Бугарите. Треба да исчезнат оттука, ако нашите соседи сакаат да живееме сите во слога, ''Славо''-македонците треба да се иселат веднаш и задолжително во која било соседна држава, во Бугарија или во Југославија. Тесна им е и тесна ќе им биде грчката земја. Кај своите, „сонародници“ време е да изберат дали се Бугари или Југословени – подобро ќе живеат и ќе се смират кога веќе „протестираат и кога својот живот во Грција го сметаат за пеколен“.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.