Monday, September 30, 2013
Friday, September 27, 2013
Христо Димитров Котруле
Христо Димитров, наречен Котруле, е македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Четата на Христо Димитров |
Христо Димитров е роден во малешевското село Робово. Влегува во ВМОРО и станува четник во четата на Христо Чернопеев. Од есента 1902 година е малешевски војвода на организацијта. За време на Илинденско востание четата на Котруле се бори со отомански војници во месноста Обозна до селото Митрашинци.
Котруле загинува на 24 септември 1905 година заедно со малешевскиот војвода на Врховниот комитет Анастас Дуневски Чифлигара во близина на селото Митрашинци.
Петар Јуруков
Петар Христов Јуруков е бугарски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Роден е 1882 година во Карлово, тогаш во Источна Румелија. До 4-ти клас учел во Карлово, а 5-тиот клас го завршил во Пловдив во 1898 година. Својот револуционерен пат го започнал во Самоков , како член на младинскиот револуционерен кружок Трајко Китанчев.
Петар Јуруков со неполни 19 години заминал со една чета предводена од Михаил Апостолов- Попето и Аргир Манасиев и се упатиле во Тиквешијата, со цел да киднапираат еден рударски инжинер, Англичанец. Потоа се префрлиле во Кукуш, заменувајќи го Христо Чернопеев.
Во пролетта 1902 година на предлог на Гоце Делчев Петар Јуруков заминува пак во Тиквешијата со цел да раководи со тиквешката околиска чета.
Четата на Јуруков |
Непосредно пред востанието Петар Јуруков располагал со околу 300 пушки. При крајот на јули неговата четата имала 80 души од кои биле формирани три одделенија и биле изведени повеќе диверзантски акции. Поради тие дејства се зголемила раздвиженоста и репресивноста кај турската војска, па војводата Јуруков ги распуштил мобилизираните селани, а оставил 40 востаници.Од овие се формирале две чети. Четите биле принудени да се префрлат во Прилепско. Во средината на август војводата Јуруков се вратил во Тиквешијата.
Четите на Јордан Спасов и Петар Јуруков |
На 16 август востаниците биле ненадејно нападнати и започнала жестока битка кај с. Шешково. Во таа борба загинале 15 четници и 17 турски војници.
Во 1905 година, по заповед на Македонската револуционерна организација, го презел раководењето со разбиениот Крушевски реон. Умрел од тешка рана во Крушево, во 1905 година.
Во негова чест во Прилеп е построен споменик, коj што е урнат после 1944 година.
Андон Ќосето
Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот, бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Својата дејност ја започнал како терорист на Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.Андон Ќосето е роден во 1855 година во село Голозинци, Велешко. До 16-годишна возраст се занимава со овчарство, заедно со двајцата браќа и дветете сестри. Откако неговиот татко е уапсен и одведен во Солун, се преселил во Велес кај својот чичко.
Во овој град Андон убил истакнат Турчин и ибегал во Солун, каде што се приклучува на Македонската револуционерна организација и првично извршува терористички задачи. Се запознал со Даме Груев и добива наредби директно од него. Потоа станува пајтонџијата на доктор Христо Татарчев, со што ја крие својата нелегалната дејност. Во тоа време во Солун пристигнал неговиот постар брат Никола, кој се ставил во услуга на турските власти. Андон Ќосето сам предложил да го убијат брат му, за да не ја издаде организацијата, што и се случило. Учествувал во ликвидацијата на српскиот ренегат во Солун Пејчиновиќ.
Во мај 1898 година по наредба на Даме Груев, заедно со Ицо Џорлев од Кукуш и со помош на гевгелиските раководители Аргир Манасиев, Илија Докторов и Иван Телјатинов, го ликвидираат во Гевгелија пред очите на кајмакамот, Христо Цицов (Цицо), истакнат водач на гркоманската партија во градот, доушник на властите. За кратко време се вратил во Солун, но морала да стане илегален за да не биде уапсен од властите.Заедно со четата на Илија Крчовалијата и Михаил Апостолов - Попето изнудиле пари од првенците во селото Горно Броди, а потоа го обиколиле Кукушко. Ќосето со неколку работници на Организацијата, одвлекол еден чорбаџиски син за кој по 25 дена добиле 1 000 лири. Поради несогласувањата со четата заминал за Бугарија каде бил уапсен од бугарските власти. Гоце Делчев и Антон Бозуков издејствувале негово ослободување. Во Софија извршувал наредби на Гоце. Заедно со Гоце Делчев и Михаил Апостолов учествувал во неуспешно грабнување на едно струмичко бегче. Учествувал во Аферата мис Стон, бил задолжен за ослободување на грабнатите. На 23 февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во село Градошорци, во непосредна близина на Струмица.
Андреј Докурчев, Андон Ќосето и Марко Христов |
Во текот на Илинденското востание заедно со Ѓорче Петров и Лука Иванов предводи чета во Прилепско. Во село Тројаци се судруваат турски аскер, а потоа се разделува со Ѓорче Петров, Лука Иванов и Пере Тошев и оди во Велешко. Заминувајќи од село Скачинци на 17 октомври со 30 лица четници доаѓа во судир со 500 души турски аскер кај месноста Клепа. Меѓутоа од заднина аскерот бил нападнат од чета составена од 70 души предводена од Борис Сарафов. Во оваа битка загинаале 4 четници и 65 турски војници. Со својата чета успеал да се пробие во ноќта но на два пати наишол на турски заседи меѓутоа успеал да се извлече. Од селото Просениково четата на чело со Ќосето се упатиле кон границата и успеале да стигнат во Ќустендил во средината на декември 1903 година. По востанието ја организирал и подготвувал на селската милиција во Струмичко и Малешевско. Во овој период тој учествува и во работата на Серската група, во 1905 година се повлекува од активна револуционерна дејност. Поради своја терористичка активност и блискот со Серчани, по убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов, бил затворен неколку месеци, меѓутоа бил ослободен.Со почетокот на Балканските војни во есента 1912 година Андон Ќосето заедно со Јонко Вапцаров, Георги Занков, Тоше Колчагов, Таско Кочерински, Михаил Чаков, Лазар Топалов, Стефан Чавдаров, Пејо Јаворов и други, формираат чета на чело со Христо Чернопеев. Заедно со 12-а чета од 27-ми чепински полк, четата ја напаѓа Мехомија. Потоа тој служел во штабот на 13 кукушка дружина. Андон Ќосето умрел во Благоевград во 1953 година.
Wednesday, September 25, 2013
Марко Христов
Андреј Докурчев, Андон Ќосето и Марко Христов |
Марко Христов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание.
Марко Христов Марков е роден во 1879 година во Крушевското село Сопотница, Македонија, тогаш во Отоманската империја. Во 1902 година се приклучил во четите на Веле Марков и Ѓурчин Наумов.Во Илинденското востание со својот селска чета учествува во одбрана на Крушевската република.
Четата на Марко Христов |
Марко Иванов
Марко Иванов Петров, уште познат и како Мати и Караман,е македонски револуционер, костурски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Роден е во 1877 година во кајларското село Палеор (денес Фуфас, Грција). Кога влегол во ВМОРО се занимавал со испорака на оружје за организацијата. Во 1903 година е четник во четата на поручникот Георги Папанчев. Во мај присуствувал и на Смилевскиот конгрес. За време на Илинденското востание е војвода во Костурско и учествувал во заземањето на Невеска и Клисура а потоа е назначен и за командант на Клисура. Подоцна неговата чета ја задржува турската офанзива од Костур во Маврово.По востанието се префрлил во Бугарија и се занимавал со трговија.
Марко Иванов е десно а Манол Розове седнат во средина |
При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година е војвода на чета 17 на Македонско-одринското доброволство, составена од 12 лица. Преминува во Костурско заедно со четите на Георги Попхристов, Павел Христов и Христо Цветков. Делува со четата на Васил Чакаларов а потоа и во походот на најголемата чета кон Костурско во 1913 година.Потоа преминал во Тиквешко.Во Првата светска војна служел во Петтиот пешадиски македонски полк на единаесеттата дивизија. Учествувал во активностите на Илинденската организација. Умира од болест во 1933 година.
Sunday, September 22, 2013
Иван Анастасов - Грчето
Иван Јанко Анастасов е македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Бидејќи по потекло бил Грк,тој го носи и прекарот Грчето.
Анастасов е роден во 1880 година во Мелник, тогаш во Отоманската империја. Учи во грчкото и во бугарското училиште во родниот град и во бугарското педагошко училиште во Сер, каде завршил втор педагошки курс. Од 1899 година е селски егзархиски учител во Игуменец, Петричко.
Во ВМОРО влегува во 1900 година. Првин е четник во четата на Костадин Зелников, а потоа за кратко во четата на војводата Стојко Бакалов. Во ноември 1900 година во село Моноспитово се запознава со Гоце Делчев, кого го придружува во обиколки низ Источна Македонија. Работи како револуционерен агитатор во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко.Постојано е четник во четите на Михаил Поројлијата и Илија Крчовалијата и е секретар на четата на Георги Радев.Се повлекува во Бугарија на 9 месеци, по што повторно влегува во Македонија со четата на Гоце Делчев. Во Илинденското востание е војвода на чета во Драмско, која е разбиена во борба кај селото Калапот. Иван Анастасов повторно се повлекол во Бугарија каде Љубомир Милетиќ ги запишал неговите спомени.Во почетокот на 1904 година се упатува за Драмско со чета од 14 души, но уште на бугарско-турската граница паѓа во заседа и загинува заедно со сите четници.
Јосиф Даскалов
Јосиф Даскалов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.Јосиф Даскалов е роден во 1868 година во Кратово, тогаш во Отоманската империја. Завршил IV класа во педагошко училиште во Ќустендил и станал учител, како неговиот татко даскалот Димитри. Предавал во Скопје, Кратово и на други места. Во 1894 година станал член на Македонската револуционерна организација, бил заколнат од Гоце Делчев, бил главен главен организатор на комитетите во Кратовско.
Димитар Мирасчиев, Мише Развигоров и Јосиф Даскалов |
Во 1897 година започнала т.н Виничка афера во текот на која Јосиф била уапсен и тешко мачен, за да ги открие своите соучесници. На 26 декември, Јосиф успеал да издејствува излегување од занданата под придружба, под изговор дека ќе им ја предаде архивата на локалниот комитет, и се фрлил од Радиниот мост, но преживеал. Христо Силјанов истакнува:
"Од интелигентните луѓе најтрагично заврши учителот Јосиф Даскалов, кратовски раководител. Најбезочно измачуван, горен со вжештено железо во устата и анусот, Даскалов се решава на еден безумeн и дрзок потфат: го одведува мачителот на една скалеста стрмнина, божем да му покаже каде е складирано оружјето и се фрла оттаму в бездна. Даскалов се обидел да го повлече со себе и Турчинот што го придружувал, ама не успеал: сам се струполил во бездната, но за чудо, останал жив..."
Бил осуден на 6 години и бил заточен на островот Родос. Во август 1902 година бил ослободен. Подоцна бил испратен во Подрум Кале, а таму во 1909 година бил отруен.
Friday, September 20, 2013
Александар Китанов
Александар Китанов, познат Санде или Сандо Ајдучки, со псевдоним Струмски,бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Александар Китанов е роден во Горноџумајско село Лешко, тогаш во Отоманската империја. Брат е на друг активен деец на Организацијата Петар Китанов.
Студирал во егзархиското училиште во Горна Џумаја. Завршил во Скопското егзархиско педагошко училиште и работел како учител во Лешко, а од 1900 година во егзархиското училиште во Горна Џумаја. Во Организацијата влегол уште како ученик. Во Горна Џумаја станал член на градскиот комитет.
Сандо Китанов и Даме кај Аматовското Блато |
Заедно загинале во борба со турскиот аскер на 23 декември 1906 година кај селото Русиново.
Никола Андреев
Никола Симеонов Андреев, познат како Алај бег или Кољо Мокренски, е македонски револуционер , деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, костурски војвода и учесник во Илинденското востание.
Никола Андреев и Марко Иванов |
Никола Андреев е роден во 1879 година во Мокрени, тогаш во Отоманската империја. Учи во Костурско егзархиско третокласно училиште.Завршува петти клас гимназија со одличен успех во Варна, а потоа за кратко следи настава во Военото училиште во Софија. Се вклучува во служба на Осмиот крајбрежен пешадиски полк.
Ја напушта воената служба за да се даде на револуционерна дејност.Во ВМОРО е внесен од страна на Лазар Поп Трајков и Тома Давидов. Во 1902 година за кратко време е четник во четата на војводата Марко Лерински.Подоцна станува агитатор во Костурско а потоа и војвода.
Во почетокот на Илинденското востание не успева да ја заземе Клисура,но потоа со помош на Пандо Кљашев, Пандо Сидов, Васил Чакаларов, Манол Розов и Марко Иванов ги заземат Клисура и Невеска.
Четата на Никола Андреев |
Обединети чети на Васлил Чакаларов,Пандо Кљашев,Иван Попов,Манол Розов и Никола Андреев по заземањето на Клисура |
Никола Андреев е убиен од својот другар и соселанин Турчето на 11 август 1911 година од љубомора.
Иван Попов
Иван Попконстантинов Попов бил офицер од бугарската армија и македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Иван Попов е роден во 1871 година во неврокопското село Ново Лески, во Османлиската империjа. Добива основно образование во родното село. Од 1889 до 1895 година е на воена служба во Сливен.Како фелдфебел од бугарската армиjа Гоце Делчев го свртува кон ВМОРО и го праќа за организационен воjвода во Костурскиот револуционерен реон во 1902 година.
На Смилевскиот конгрес е избран за централен воjвода на Костурско. Во текот на Илинденското востание учествува во борби како воjвода, заедно со Васил Чакаларов и Пандо Кљашев. Во битката кај селото Вишени, неговата чета убива 50 селани од селото Жервени, кои се враќале од пазарот во Костур.
Седат Васил Чакаларов и Пандо Кљашев над нив е Иван Попов |
По повторното навлегување во Македониjа, учествува и во борбата со грчката оружена пропаганда. До Балканската воjна е воjвода на чета 5 во Костурско. По мобилизациjата од 18 септември 1912 година е воjвода на партизанска чета, дел од 4-та рота на Деветтата велешка дружина на Македонско-одринското доброволство.
Прв ред:Трпе Шалапутов,Иван Попов,Васил Чакаларов и Христо Силјанов,Втор ред:Сотир Савов,Крсто Калабуров,Андон Попштерев,Тома Желински и Ване Канчев |
Иван Попов си го одзел животот на 15 септември 1921 година во Витоша.
Thursday, September 19, 2013
Лука Џеров
Лука Џеров бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.
Роден е на 27 октомври 1870 година во Битола. Основно образование завршил во родниот град, а потоа ја завршил и Солунската егзархиска гимназија. Со револуционерна активност почнал да се бави во својот град пред создавањето на Организацијата. Во неа е вклучен лично од Даме Груев.
Во 1892 год, во Софија, соработувал во списанието Лоза (1892-1894 год.) и во весникот Глас македонски (1893-1898 год.). На двапати со чета влегува во Македонија.
Во 1896 год. е именуван за учител во Демирхисарско а потоа во Кичево (1897-1898 год.). За својата револуционерна активност одлежува нешто повеќе од една година во турските затвори во Кичево и Битола.
По излегувањето од затворот присуствувал на Смилевскиот конгрес и бил избран за началник на Кичевскиот востанички реон.При востаничкиот напад на Кичево, командувал со одред од 200 востаници. По востанието се повлекол во Бугарија и таму и се приклучил на Серската група.
Умира во Софија, на 20 септември 1948 година.
Михаил Чаков
Михаил Чаков е македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Михаил Чаков е роден на 16 март 1873 година во гратчето Гуменџе, тогаш во Османлиската империја, денес Гуменица, Грција. Завршува VI клас во Солунската гимназија и станува учител во Тумба. Во 1897 година е внесен во Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација од Даме Груев и Пере Тошев.Станува четник во четата на Михаил Апостолов - Попето, а по обиколките на Воденско и Ениџевардарско, станува самостоен војвода.
Четата на Михаил Чаков |
Никола Бошков, Михаил Чаков, Христо Чернопеев, Панајот Бајчев и Ангел Кајтазов |
Четата на Михаил Чаков |
Апостол Петков, Христо Чернопеев, Михаил Чаков, Георги Занков, Стефан Чавдаров, Константин Самарџиев Антон Бозуков и други |
Бошков,Чаков,Чернопеев,Бајчев и Кајтазов |
По задушувањето на востанието Михаил Чаков е војвода во Кумановско (1905), повторно во Серско (1906) и Велешко (1907 - 1908). На 23 април 1906 година Михаил Чаков заедно со Атанас Спасов се враќаат во Баница и ги ископуваат коските на Гоце Делчев,и ги оставаат скриени под светиот престол во црквата. Четите на Михаил Чаков, Тане Николов, Иван Наумов, Христо Цветков, Петар Ацев, Мирче Најдов, Атанас Попов и локалните војводи Секула Ораовдолски и Вељко Апостолов земаат учество во битката на Ножот во јули 1907 година. По Младотурската револуција во 1908 година се легализира и се населил во родното Гуменџе. На 10 јуни 1909 година е уапсен во Гуменџе и затворен во Солун.Во 1912 година Чаков зема учество во Балканската војна како војвода на четата 11 на Македонско-одринското доброволство.Заедно со Андон Ќосето, Јонко Вапцаров, Георги Занков, Лазар Колчагов,Taско Кочерински, Лазар Топалов, Стефан Чавдаров, Пејо Јаворов и други создаваат чета, која се раководи од Христо Чернопеев. Заедно со 12-та чета од 27 Чепински полк четата го напаѓа Разлог (Мехомија).Ги ослободуваат уште и Банско, Драма, Неврокоп а Кавала, го заземат без испукан и еден истрел.Чаков учествува во Првата светска војна како постар подофицер на 9-та погранична дружина од 85-и полк, тогаш негов четник е војводата Јордан Лазаров. Сменет е од служба поради болест и заминува за Ксанти, каде помага на Дедо Никола Мутафчиев, да ги земат коските на Гоце Делчев од Баница. До 1923 година ги чува коските во сандачето во својот дом, а потоа по барање на Тодор Александров ги изложуваат 10 дена за богослужба во црквата "Света Недела".Во повоениот период активно учествува во Илинденската организација.Михаил Чаков почиал на 17 септември 1938 година.
Subscribe to:
Posts (Atom)