Sunday, September 22, 2013

Јосиф Даскалов


Јосиф Даскалов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.Јосиф Даскалов е роден во 1868 година во Кратово, тогаш во Отоманската империја. Завршил IV класа во педагошко училиште во Ќустендил и станал учител, како неговиот татко даскалот Димитри. Предавал во Скопје, Кратово и на други места. Во 1894 година станал член на Македонската револуционерна организација, бил заколнат од Гоце Делчев, бил главен главен организатор на комитетите во Кратовско.

Димитар Мирасчиев, Мише Развигоров и Јосиф Даскалов

Во 1897 година започнала т.н Виничка афера во текот на која Јосиф била уапсен и тешко мачен, за да ги открие своите соучесници. На 26 декември, Јосиф успеал да издејствува излегување од занданата под придружба, под изговор дека ќе им ја предаде архивата на локалниот комитет, и се фрлил од Радиниот мост, но преживеал. Христо Силјанов истакнува:

"Од интелигентните луѓе најтрагично заврши учителот Јосиф Даскалов, кратовски раководител. Најбезочно измачуван, горен со вжештено железо во устата и анусот, Даскалов се решава на еден безумeн и дрзок потфат: го одведува мачителот на една скалеста стрмнина, божем да му покаже каде е складирано оружјето и се фрла оттаму в бездна. Даскалов се обидел да го повлече со себе и Турчинот што го придружувал, ама не успеал: сам се струполил во бездната, но за чудо, останал жив..."


Бил осуден на 6 години и бил заточен на островот Родос. Во август 1902 година бил ослободен. Подоцна бил испратен во Подрум Кале, а таму во 1909 година бил отруен.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.