Димо Хаџи Димов бил македонски социјалист, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, истакнат претставник и идеолог на Серската група, еден од основачите на Народната федеративна партија.
Димо Хаџи Димов и Јане Сандански |
Во редовите на ТМОРО се вклучува во 1896 година. Се спријателува со Јане Сандански за кого, според кажувањето на Иван Харизанов, Димо Хаџи Димов претставува духовен учител, кој како брат се грижеше за него. Од 1901 година Хаџи Димов се вклучува поактивно во македонското ослободително движење. На забелешките во социјалистичките кругови дека движењето е буржоаско по својот карактер, Хаџи Димов возвраќа дека социјалистите треба да учествуваат во него за да го отстранат негативното влијание на буржоазијата и да го постават на здрави основи. Во судирот помеѓу Внатрешната организација и Врховниот комитет Хаџи Димов застанува категорично на страната на Внатрешната организација.
Чудомир Кантарџиев (седнат во средина), Димо Хаџидимов (седнат трет) и други санданисти |
Хаџидимов седнат прв, Васил Главинов и други |
Мицо Врански, неизвесен турски чиновник, Таската Серски, д-р Авди беј и Димо Хаџидимов, седнати: Л. Козарев, Ахмед Нијази беј, Јане Сандански, Тодор Паница и Георги Казепов |
По Првата балканска војна Димо Хаџи Димов бил подофицер во 14-и пешадиски македонски полк на Седма пешадиска рилска дивизија на бугарската армија. Учествува во битките за Царево село и Кочани.
По Првата светска војна Хаџи Димов заедно со Ѓорче Петров и соработниците на Јане Сандански се организираат во борба за извојување на автономна и обединета македонска држава. Во ноември 1918 година оваа група излегува со Декларација во која ги изложуваат своите погледи околу Македонија, а потоа Хаџи Димов погледите изложени во Декларацијата ги доразвива во својата брошура „Назад кон автономија“. На 9 март 1919 година е објавен Апел до македонското население и емиграцијата во Бугарија. Хаџи Димов е еден од 19-те потписници на Апелот и влегува во шестчленото Привремено претставништво на бившата ВМРО што е формирано на состанокот на кој е усвоен Апелот. По неповолните резултати од Версајскиот договор, активноста на Привременото претставништво опаѓа. Бугарската комунистичка партија преку Хаџи Димов се обидува да го подведе Претставништвото под свое влијание, но не успева во намерата поради противењето на останатите членови и пред се на Ѓорче Петров. Соочено со ваква ситуација, кон крајот на 1919 година Претставништвото се самораспушта.
Од крајот на 1919 година Хаџи Димов се вклучува во активностите на Бугарската комунистичка партија околу емигрантите во Бугарија. Станува секретар на тогаш формираната Централна емигрантска комисија и уредник на „Ослободување“. Во 1921 година партијата решава да го создаде Емигрантскиот комунистички сојуз, во кој Хаџи Димов продолжува да игра важна улога. Како партиец, тој го популаризира делото на Советскиот Сојуз и ја поздравува победата на Октомвриската револуција, ја разобличува бугарската реакција и им го покажува на македонскиот народ спасителниот пат на социјализмот. Советска Русија допрва има да игра улога на Балканот и Европа, од која улога победените и поробените народи можат да очекуваат само заштита, само помош, само ослободување. По задушувањето на Септемвриското востание, поголем дел од раководството на Бугарската комунистичка партија е затворено или емигрира од Бугарија. Во такви услови е избрано ново привремено раководство на партијата, при што Хаџи Димов е избран во Контролната комисија. Станува и комунистички пратеник во бугарското Народно собрание. Во мај 1924 година влегува и во Централниот комитет на партијата.
Сите овие активности на Димо Хаџи Димов ќе го доведат во судир со бугарската власт и со автономистичката ВМРО. Заканите кон него стануваат се почести. По убиството на Тодор Александров десницата на македонското движење се одлучува многукратно да се одмазди. На состанокот со левицата што е закажан за 12 септември 1924 година во Горна Џумаја настанува колеж на многумина истакнати левичари. На оваа средба требало да дојде и Хаџи Димов, но тој сепак не дошол. Но тоа не му помага да го избегне убиството. Веќе следниот ден, попладнето, Хаџи Димов е убиен од страна на Владо Черноземски на улиците на Софија. Закопан е на софиските гробишта до секретарот на ЦК БКП Тодор Петров и, согласно своите атеистичко уверување, без верски обреди.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.