Никола Петров Русински |
Неговата револуционерна дејност почнува од 1895 година. Рано му се придружил на Гоце Делчев во неговите обиколки низ Македонија. Во 1898 година се приклучува на Македонската револуционерна социјалистичка група на Васил Главинов.
Во јуни 1900 година учествува на Првата социјалистичка конференција во Македонија, одржана во близина на Крушево. По влегувањето на социјалистите во редовите на ТМОРО, Русински станува истакнат организатор и војвода на чета. Најмногу работел во Западна Македонија – Мариовско, а потоа во Охридско-струшкиот крај.
Константа Бојаџиева Русинска - сопругата на Русински |
Учествувал на Смилевскиот конгрес, а како војвода со чета, за време на Илинденското востание дејствувал во Мариовско.
Во 1908 година легално живеел во Битола, посветувајќи и се на социјалистичката пропаганда и синдикалното движење.
За време на фашизмот Русински го потпомагал антифашистичкото движење во Бугарија.
Автор е на книгата „Прилог кон историјата на Внатрешната македонско одринска револуционерна организација“.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.