Марко Иванов Петров, уште познат и како Мати и Караман,е македонски револуционер, костурски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Роден е во 1877 година во кајларското село Палеор (денес Фуфас, Грција). Кога влегол во ВМОРО се занимавал со испорака на оружје за организацијата. Во 1903 година е четник во четата на поручникот Георги Папанчев. Во мај присуствувал и на Смилевскиот конгрес. За време на Илинденското востание е војвода во Костурско и учествувал во заземањето на Невеска и Клисура а потоа е назначен и за командант на Клисура. Подоцна неговата чета ја задржува турската офанзива од Костур во Маврово.По востанието се префрлил во Бугарија и се занимавал со трговија.
Марко Иванов е десно а Манол Розове седнат во средина |
При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година е војвода на чета 17 на Македонско-одринското доброволство, составена од 12 лица. Преминува во Костурско заедно со четите на Георги Попхристов, Павел Христов и Христо Цветков. Делува со четата на Васил Чакаларов а потоа и во походот на најголемата чета кон Костурско во 1913 година.Потоа преминал во Тиквешко.Во Првата светска војна служел во Петтиот пешадиски македонски полк на единаесеттата дивизија. Учествувал во активностите на Илинденската организација. Умира од болест во 1933 година.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.