Tuesday, September 17, 2013

Михаил Апостолов - Попето


Михаил Апостолов Рајнов нарекуван Попето, бил подофицер во бугарската армија, учесник во македонското револуционерно движење, член, војвода и прв инструктор на четнички институт на Македонската револуционерна организација.Михаил Апостолов е роден во село Горна Дикања, Радомирско во 1871 година. Израснува во многу сиромашно семејство. Мајка му умира и татко му го праќа во Софија, за да учи. Ја служи воената служба во кавалеријата – 1-ви коничен полк, и стигнува до чинот подофицер. Ја напушта армијата и станува стражар во конична полиција во Софија. Во 1895 година, кога Македонскиот комитет во Софија го организира Мелничкото востание во Македонија, тој ја напушта стражарската служба и тргнува со четата на поручник Петар Начев. По четничката акција се враќа во Софија. Се сретнува со Гоце Делчев, кој во тоа време ги организира првите чети на Внатрешната организација, кои треба да влегуваат во Македонија. Гоце Делчев решава да привлече бугарски офицери во Внатрешната организација, за да го издигне нејзиниот авторитет пред населението и за да ги подобри бојните способности на четниците. Михаил Апостолов – Попето и Марко Лерински, а малку потоа и Христо Чернопеев и Атанас Бабата се првите бугарски подофицери во Македонската револуционерна организација.Михаил Апостолов станува првиот војвода на агитационо-организаторска чета. Во неговата седумгодишна дејност, во неговата чета како негови ученици минуваат редица дејци на Организацијата како: Михаил Герџиков, Никола Дечев, Петар Јуруков, Делчо Коцев, Петар Самарџиев, Никола Жеков, Атанас Бабата, Андон Ќосето (помошник-војвода на четата), Крстјо Б’лгаријата, Гоне Бегенин, Трајко Јотов, Иван Варналијата, Иван Наумов Алабакот и други. Во четата за 3-4 месеци бил и Христо Чернопеев, кој подоцна предводи сопствена чета.За прв пат како војвода на ВМОРО влегува во Македонија во 1897 година, а неговата чета е од 7 души. Сите се од слободните делови на Бугарија и имаат воена подготовка: Васил Иванов Чочов – постар подофицер од 1-виот пешадиски полк, Александар Маринов од Пловдив – ученик од унтерофицерското училиште, Филип Григоров, ученик од истото училиште, Николај Петров, унтерофицер и други. Четата како реон на дејствување го има Малешевско, но дејствува и во Кочанско, Радовишко и Струмичко.На 20 јули 1897 година, заедно со четата на Гоце Делчев убиваат четири черкези во село Бујковци. На 14 септември 1897 година Михаил Попето го одвлекува богатиот турчин Назлам бег од Струмица. Во 1898 година четата на Попето, веќе од 13 души, ги обиколува Серско и Кукушко. Во 1899 година Михаил Попето ги обиколува Воденско и Ениџевардарско. Четник кај Попето бил и Михаил Чаков – учител, кој од 1901 до 1908 предводи различни чети во Македонија. Во февруари 1900 година преминува низ село Оризарци, Гевгелиско, а неговата чета во тоа време брои 15-20 луѓе; подоцна во летото се префрла во Кукушко. Води борби со турски вооружени сили до село Д’мбово, во Кожув планина и на други места. Во истата година како апостол, продолжува да ја обиколува Македонија, овој пат во Тиквешко.На пат од Кукушко кон Петричко на 21 март 1902 година четата на Михаил Апостолов е фатена од силна турска потера и влегува во борба со неа меѓу селата Чугунци и Гавалјанци, Кукушко, во која војводата Михаил Попето загинува. Погребан е во дворот на црквата во Гавалјанци.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.