Friday, September 20, 2013

Никола Андреев


Никола Симеонов Андреев, познат како Алај бег или Кољо Мокренски, е македонски револуционер , деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, костурски војвода и учесник во Илинденското востание.

Никола Андреев и Марко Иванов

Никола Андреев е роден во 1879 година во Мокрени, тогаш во Отоманската империја. Учи во Костурско егзархиско третокласно училиште.Завршува петти клас гимназија со одличен успех  во Варна, а потоа за кратко следи настава во Военото училиште во Софија. Се вклучува во  служба на Осмиот крајбрежен пешадиски полк.



Ја напушта воената служба за да се даде на револуционерна дејност.Во ВМОРО е внесен од страна на Лазар Поп Трајков и Тома Давидов. Во 1902 година за кратко време е четник во четата на војводата Марко Лерински.Подоцна станува агитатор во Костурско а потоа и војвода.
Во почетокот на Илинденското востание не успева да ја заземе Клисура,но потоа со помош на Пандо Кљашев, Пандо Сидов, Васил Чакаларов, Манол Розов и Марко Иванов ги заземат Клисура и Невеска.

Четата на Никола Андреев
Обединети чети на Васлил Чакаларов,Пандо Кљашев,Иван Попов,Манол Розов и Никола Андреев по заземањето на Клисура
По востанието заминува за Бугарија, но во 1904 година се враќа во Македонија и станува Лерински војвода, кога во 1905 година е заменет од Кочо Цонката. До времето на Хуриетот е Кајларски војвода, потоа станува учител во родното село. Во септември 1910 година по обновата на револуционерната организација повторно станува нелегален.
Никола Андреев е убиен од својот другар и соселанин Турчето на 11 август 1911 година од љубомора.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.