Леонид Јанков бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание.Јанков е роден на 10 март 1878 година во село Мачуково, од татко Трајко и мајка Ката. Селото Мачуково, кое се наоѓа на 4 км од Гевгелија, во втората половина на 19. век било многу развиено, со сите карактеристики за поголемите населби. Со развојот на чифлигарството во Македонија, започнува процесот на претварање на македонските селани во чифлогари.Најголемиот чифлик-сајбија кој го држел Мачуково и половина Гевгелија била една жена, позната под псевдонимот Анмката. Османлиската бруталност предизвикала омраза, огорченост и спротивставување и со оружје со цел да се заштити честа и достоинството на селаните. За таа селаните си поставиле чувари за заштита на своите имоти таканаречени падари. Еден од падарите-заштитници на македонското население и имоти, во почетокот на 20. век бил и Леонид Јанков.Мачуковчани набргу разбрале дека ропската положба вечно не може да трае и да се поднесува, туку дека само организирани можат да се ослободат од ропството, и тоа со пушка во рака и со сопствени сили. Затоа со формирањето на организационите чети на почетокот на 20. век, многу селани од Мачуково се најдоа во четите на Сава Михајлов и Аргир Манасиев. Столб на Организацијата во селото бил Генчо Лазаров Ортаков, а во организационите работи најмасовни биле Јанковци.Движејќи се својот татко, а понекогаш правејќи му и услуги, Леонид уште млад, се запознал со идеите и целите на Организацијата, ја сакал а подоцна и го посветил и својот живот.
Првата поголема борба на Организацијата била на 4 февруари 1901 година во селото Бајалци кога четата на Чернопеев била опколена со околу 500 турски аскери. Османлиите биле изненадени од отпорот на востаниците, додека народот се гордеел со храброста што ја покажале неговите синови. После оваа борба биле затворени многу селани, а меѓу нив и Леонид Јанков.
Бидејќи иследните органи не можеле да докажат некоја револуционерна активност, повеќето биле пуштени по шест месеци, а меѓу нив и Леонид Јанков. Сепак османлиите ги користеле алчните за пари и непријателите на македонскиот народ за откривање и убивање на познати дејци ширум гевгелиската околија.
Катастофалниот биланс по сите тие предавства бил 444. луѓе биле осудени на казни од 1 до 101. година, а 2000 луѓе биле тепани, мачени и малтретирани на најсурови и свирепи начини.
Откако Леонид бил пуштен од затвор него сите го почитувале, знаеле дека носи оружје и дека е добар стрелец а турците знаеле дека работи за организацијата и се плашеле од него. Леонид имал еден пријател турчин Емишин преку кој дознавал што се зборува за него во уќуматот.
Но по убиството на шпионот Ристо Дојчинов од страна на Леонид, тој бил многу компромитиран пред власта па затоа преминува во илегала и се приклучува на четата на Аргир Манасиев.Бил одреден за десетар, а во 1902. година за околиски војвода во Гевгелија. Оваа чета ги заштитувала луѓето од турските лошите турци, се борела против грчката пропаганда, ликвидирала нејзини претставници, а потоа се борела и против бугарскиот врховизам и пропаганда.Во текот на 1903. година Леонид се наоѓал во четата на Манасиев, учествувал во востаничката борба во гевгелискиот крај против османлиското ропство. Тоа не била фронтална борба, туку се се одвивало преку диверзантски акции. По неуспешното завршување на Илинденското востание, во ноември 1903 година престанале сите борбени активности а поголемиот дел од востаничките чети се префрлиле во Бугарија. Со четата на Манасиев, тоа го сторил и Леонид Јанков.Откако се враќа во 1904 година во гевгелискиот крај, Леонид заедно со Томе Донев и Миле Таушанов на подрачјето на Богданци развиле голема активност. Во текот на 1904 и 1905 година Организацијата претрпела тешки загуби поради се поголемите пресметки меѓу вооружените врховистички пропаганди од една страна и Организацијата од друга страна. Овие години биле години на големи удари врз нејзината жива сила а посебно врз раководниот кадар.
Откако дешифрирале едно писмо упатено од градското раководство до Леонид, турската војска собрала 3000 луѓе и го опколиле просторот околу селото Ѓавато. Леонид со своите востаници бил засолнат во големите капини во месноста Ѓуров Дол.
Се развила нерамноправна битка, во која Леонид со итрина успеал да убие многу непријатели но кога му останале само уште два куршума, со едниот го убил јусбашијата а со последниот сам се убил, не дозволувајќи жив да падне во рацете на турците.
Тој ден сите камбани во градот биеле и целиот град татнел од нивниот звук. Повеќе од 3000 души од градот и околните села биле собрани на неговиот закоп, кој се извршил во дворот на гробиштата на црквата Свети Спас, во северната страна.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.