Христо П Цветков е македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.Цветков е роден во 1877 година во костурското село Кономлади, тогаш во Османлиската империја, денес Макрохори, Грција. Влегува во ВМОРО и во 1900 година е четник во четата на Коте Христов.
Учествува во Илинденското востание во текот на летото 1903 година. По востанието е меѓу ретките дејци на ВМОРО, кои остануваат во Македонија и заедно со Митре Влаот се бори на новиот фронт против четите на грчката пропаганда.
По смртта на Митре Влаот,Христо Цветков е определен за реонски војвода на Костурски револуционерен реон а како негови помошници се Кузе Попдимов, Трајко Желевски и Пандо Чулков, а Тодор Дочев и Трпе Георгиев дејствуваат одделно.Во 1907 година Цветков е на чело на 30-члената Костурска чета која на пат од Бугарија за Костурско,зема учество во епска битка на врв Ножот и во голем дел четата е уништена.При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското доброволство и е војвода на чета 25 од 14 луѓе и дејствува во Демирхисарско.Подоцна е во Костурската чета и служи во Нестроевата чета на 13 Кукушка дружина, а во Втората балканска војна е во здружената партизанска чета на МОО. Паѓа во грчко заробеништво и е ослободен на 4 март 1914 година.За време на Првата светска војна главната команда на бугарската војска му дава дозвола на Христо Цветков да води борба со српските чети во Македонија.
| Костурската чета на Христо Цветков | 
![]()  | 
| Четата на Григор Џинџифилов со четите на Георги Мончев, Гоце Меџуречки, Ѓакон Евстатиј, Стамен Темелков и Христо Цветков | 
Умира во 1934 година во селото Ново Кономлади.Во 90-тите години во центарот на селото е подигнат споменик на војводата.


No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.