Wednesday, September 11, 2013

Георги Шкорнов - Ѓакон Евстатиј


Георги Шкорнов, познат како Ѓакон Евстатиј, бил македонски револуционер и војвода на Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација.


Шкорнов е роден во 1873 година во костурско село Нестрам, тогаш во Османлиската империја, денес Несторио, Грција. Син е на Марија и Димитар Шкорнови, татко му е трговец на волна и 15 години бил кмет на Нестрам.


На 15 години станува послушник во Зографски манастир, каде што го прифаќа името Евстатиј. Во 1896 година завршува бугарската католичка гимназија во Солун. Служи како ѓакон во бугарската црква во романската престолнина Букурешт, но во 1903 година е привлечен кон македонското ослободително движење од Даме Груев и се вклучува во четата на Борис Сарафов.

Четата на Шкорнов
На Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ, Ѓакон Евстатиј е избран за член на горското началство во Ѓаватколскиот револуционерен реон. Учествува во Илинденското востание, по задушувањето на востанието гостанува во Македонија и заедно со Даме Груев го обиколува Битолскиот и Солунскиот револуционерен округ.

Четата на Шкорнов со четите на Георги Мончев, Гоце Меѓуречки, Григор Џинџифилов, Стамен Темелков и Христо Цветков
Во 1906-1907 година е околиски војвода во Ресенско. Во 1908 година е делегат на Ќустендилскиот конгрес. Во Првата балканска војна, Ѓакон Евстатиј е војвода на партизанска чета (вод) 29 на Македонско-одринското ополчение, составена од 14 луѓе. Влегува во Македонија со четата на Григор Џинџифилов и водат борба на врвот Чавките.

Трајко Желевски, Пандо Сидов, Андон Јуруков, Тома Желински и Георги Шкорнов
Ги ослободуваат Сборско (14.X), Кронцелево (18.X), Почет (24.X) и други, а до 28.X ги протееруваат од турски сили од [[Меглен|Мегленско]. Со воспоставувањето на грчката власт се повлекува на бугарска територија, а подоцна е во Здружената партизанска чета на МОО за време на Втората балканска воjна.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.